За аргументот на опозициските партии дека актуелниот парламентарен состав нема мандат за таква одлука, тој не се согласува и вели дека овие уставни измени се дел од евроинтеграциите и затоа треба да бидат изгласани од сите европски ориентирани партии. Дали Владата има двотретинско мнозинство Ковачевски нема одговор, но повтори дека е потребен консензус.
Велат ние не поддржуваме уставни измени. Зошто? Нема одговор. Кога нешто не поддржувате треба да имате алтернатива. Кога ќе прашате кој ви е планот- немаат план.
Ај покажете ми во програмата на ВМРО-ДПМНЕ каде стои дека ќе фрлаат молотови коктели и ќе прават насилни протести во Скопје? Каде стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја блокираат работата на Собранието со вувузели, викање и насилие? Никаде не стои, а тоа го прават.
Ковачевски најави продолжување на консултациите за евентуално проширување на мнозинството со пратениците на Алијанса, но извесно е и дека и со нив, засега 2/3 мнозинство е недостижно..
Како компромис со опозицијата, Таравари предложи прво да се изгласаат уставните измени, а потоа да се прифати барањето за преврмени избори, но оваа опција од ВМРО-ДПМНЕ ја отфрлаат...
-Народот е изморен од претворање на политиката во естрада и во егзибиционалистички потези на лажење и лицемерие. Ако некој мисли дека може да се излезе и да се прави нешто за што не добил мандат тогаш тоа е негова одлика, но за ВМРО-ДПМНЕ е приоритет работите за кои што суштински се залагаат партиите да бидат тестирани на избори и да добијат мандат од граѓаните. рече Стоилковски.
Дали Алијанса ќе влезе во власта или ќе остане во опозиција, неофицијално ќе биде појасно до крајот на неделава до кога Таравари очекува од Ковачевски да добие понуда за три министерски места. Едно од нив се споменува дека е здравство, со кое раководи Беким Сали од Алтернатива, но министерот тврди дека се е во рамки на шпекулациите.
„Тоа се политички одлуки, сѐ уште нема конкретни разговори, нема преговори, сето ова е во делот на шпекулации што се повторуваат од септември наваму. Веќе петти месец се соочувам со прашањето дали ќе го отстапам министерството. Не е мое. Јас сум го наследил од некој министер, сигурно ќе го наследи некој после мене.
Од Алтернатива претходно соопштија дека нема да отстапат ниту една функција од тие кои ги добија преку договорот меѓу Заев и Гаши, а СДСМ и ДУИ засега се воздржани со став дека досега за кадри со Таравари немаат разговарано.