Ковачевски: Од нас зависи што ќе се случува на самитот на ЕУ во декември

Што ќе се случува на декемврискиот самит на Европската Унија зависи само од Македонија. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

АМСМ:На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Нимиц: Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот

Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот на фантазијата.

Во Атина почна дводневна меѓународна конференција по повод шест годишнината од Договорот од Преспа, со кој земјава го смени уставното име во Северна Македонија, и така се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Конферецнијата е организирана од институтот Алексис Ципрас и фондацијата Зоран Заев, а присутни се актуелни и поранашни политичари и дипломати.

-До компромис е тешко да се дојде, но кога ќе дојдете до компромис, лесно е на другите луѓе од двете страни да кажат „ако бев јас таму ќе завршев подобра работа“ или „овој компромис повеќе и служи на другата страна“. Живееме во опасен период, живееме во реалниот свет, и во реалниот свет имаме договори, па луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат тие договори. Не можеме да живееме во светот на фантазијата, не можеме да живееме во виртуелен свет, изјави Нимиц.

На Судан му се заканува најголемата глад во светот во последните 40 години

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

Судан се соочува со глад којa би можелa да биде најголема по таа која светот ја видел во Етиопија пред 40 години, предупредуваат американски официјални претставници, додека испораките на помош и натаму ги блокираат завојуваните армии, но снабдувањето со оружје за двете страни продолжува да се одвива.

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

„Потребно ни е светот да се разбуди за катастрофата што се случува пред нашите очи“, изјави за новинарите Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН, пишува „Гардијан“.

притисни ентер