Ковачевски од Брисел: Францускиот предлог е неприфатлив, мојот народ мора да се почитува

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, со претседателот на Србија Александар Вучиќ и албанскиот колега, премиерот Еди Рама, денеска во Брисел во рамки на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, одржаа заедничка прес-конференција.

На конференцијата за медиумите, премиерот Ковачевски, кој единствен говореше прво на мајчин, македонски јазик потенцираше дека моменталниот француски предлог не е прифатлив за Владата, ниту за претседателот на државата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија.

Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

„Денешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан беше форум на кој ги разгледавме отворените прашања од национален и регионален интерес за Западен Балкан за последните геостратешки предизвици. Руската агресија во Украина претставува закана за сите земји во регионот и во овој контекст проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да се гледа како неопходност, но и како влог во безбедноста на ЕУ.

Имајќи ги предвид околностите во кои се наоѓаме на Самитот денеска изразив незадоволство од динамиката со која се одвиваат процесите за пристап и отпочнување на преговори. Македонија е земја кандидат 17 години, договорот за асоцијација и стабилизација го потпишавме точно пред 21 година, во март 2020. Европскиот совет донесе одлука за безусловен старт на преговорите меѓу ЕУ и Македонија.

Но, еве сме тука денес, а преговорите сѐ уште не се започнати.

Ќе бидам директен, ова што се случува е сериозен проблем и сериозен удар врз кредибилноста на ЕУ. Губиме драгоцено време кое реално го немаме на располагање.

Македонија и Албанија, но и регионот не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја-членка која едноставно не успева да се искоординира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат.

Не смееме да дозволиме билатералните прашања да станат мултилатерални проблеми.

Македонија е земја која светот денес ја препознава како земја која успева преку отворен дијалог да разреши горливи и тешки прашања.

Како земја, која е посветена на изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија кои се базирани на европските вредности и достоинство на граѓаните.

Со истата идеја ние влеговме и во процесот на преговори со Бугарија, искрено и со желба истите да се поставени на европски вредности. Месеци наназад се инсистиравме да си го посветиме времето и внимание кон иднината и кон изнаоѓање на решенија кои ќе го деблокираат процесот за пристапување и за Македонија и за Албанија.

Бугарија од друга страна реши да се врати во минатото и повторно да постави блокада, која никому не оди во прилог освен на одредени трети страни кои ќе имаат отворен терен да ги пополнат празнините кои ќе се отворат со вакви непромислени чекори кои се исклучителни важни од геостратешки аспект.

Северна Македонија досега направи многу. Ние донесовме многу тешки одлуки, работиме посветено на реформите дома, а со цел европеизација. Време е ЕУ да ги исполни ветувањата пред да даде нови.

Што се однесува до францускиот предлог, најпрво би сакал да упатам благодарност до претседателот Макрон за неговиот ангажман и вложениот напор за изнаоѓање решение. Во тој динамичен процес на работа со француското претседателство ние ги соопштивме нашите позиции и црвени линии и во тој контекст би сакал да потврдам дека предлог кој би бил прифатлив треба да ги гарантира клучните елементи - чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет.

Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка.

Преговорите помеѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот, Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија.

И секако, секое решението ќе треба да е консултирано со институциите на Македонија.

Предлогот во ваква форма каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за Претседателот на државата, за Владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија.

Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите за да се започнат преговори во јуни.

Сакам да ја искористам оваа прилика и да порачам дека граѓаните на Македонија може да се спокојни. Ние секогаш ги имаме во прв план стратешките интереси и цели на државата. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение. Ние направивме сѐ, сега ЕУ е на потег.

Во меѓувреме, Македонија, Албанија и Србија активно и практично ќе ги имплементираат 4-те слободи на кои почива Европската Унија, ќе ги европеизираат општествата и ќе го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните преку иницијативата Отворен Балкан.

Иницијативата Отворен Балкан не е замена за Европската Унија, но е контекстот кој е потребен додека да се приклучиме на семејството на ЕУ, додека чекаме предвидливи кредибилни, забрзани евроинтеграциски процеси.

Денес, воедно ја слушнавме и иницијативата на претседателот Макрон за воспоставување на европска политичка заедница како платформа за стратешки политички дијалог и одлуки кои се важни за целиот европски континент. Оваа иницијатива ја поздравуваме и сметаме дека е важно да се воспостави токму во овој момент, но би сакале да видиме како ќе функционира и кои се конкретните нејзини цели. Која било иницијатива од овој карактер не смее да биде замена за полноправно членство во ЕУ.

Би сакал да заклучам со следново: Сите 27 земји, сите 27 лидери кои се приклучија на Унијата, сите се приклучија гордо со сите различности и со целосна почит за своите и за туѓите лингвистички и историски различности. Ништо од ова не било проблематизирано на европскиот пат.

Тоа е она што и ние го посакуваме ништо повеќе, ништо помалку. Почит за лингвистичкиот, културниот, етничкиот и историскиот идентитет на мојот народ. Да се приклучиме на Унијата гордо, заедно со сите членови на ЕУ, заедно со сите народи на ЕУ и исполнувајќи ги сите критериуми за членство“.

Мексикански градоначалник се ожени со алигатор, неколку пати ја бакна „невестата“ (ВИДЕО)

Градоначалникот на еден мал мексикански град се ожени со својата „невеста алигатор“ на шарена церемонија придружена со традиционална музика, гости и извици до домородниот водач да го запечати бракот со бакнеж.

Виктор Иго Соса, градоначалникот на Сан Педро Хуамелула, за време на вчерашната венчавка, неколку пати го бакнал алигаторот на муцка, кој бил врзан за да избегне несакани каснувања.

Се смета дека свадбениот ритуал потекнува од предхиспанските домородни заедници Чонтал и Хуаве во државата Оахака, како и молитва за благослов на природата.

„Бараме од природата доволно дожд, доволно храна и риба во реката“, рече Соса, градоначалник на малото рибарско село на брегот на Пацификот.

Оахака, лоцирана во сиромашниот југ на земјата, е област со богата автохтона традиција каде што многу групи тврдоглаво ги одржуваат своите јазици и традиции.

Вековниот ритуал во Сан Педро Хуамелула, денес помешан со елементи на католичката духовност, вклучува облекување на алигатор или кајман во бела венчаница со шарени украси.

Се верува дека седумгодишниот рептил, кој за оваа прилика го нарекуваат мала принцеза, го претставува божеството на мајката земја, а нејзината венчавка со локален водач го симболизира соединувањето на луѓето со божественото.

Звукот на трубите и ритамот на тапаните го надополнија празничното расположение за време на поворката во која некои од селаните во раце ја носеа невестата алигатор низ селото, додека други мавтаа со капите по неа.

„Се чувствувам среќна и горда на моите корени“, изјави Елиа Едит Агилар, кумата која ја организирала венчавката.

Таа рече дека се чувствува привилегирана што има можност да ја води церемонијата и додаде дека потрошила многу време одлучувајќи што ќе облече невестата.

„Ова е многу убава традиција“, додаде таа со насмевка на лицето.

Финска: Секако дека е можна војна во Европа надвор од Украина

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто, како одговор на новинарско прашање, рече дека војна во Европа надвор од границите на Украина е „можна“ и ги повика земјите ширум светот да го поддржат Киев.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Хаависто бил запрашан дали Украина може да победи во војната против Русија: „Можам да издржам и во таа смисла можам да победам. Се разбира, мислам дека Украина е морално во право во оваа ситуација. Тие се многу обединети. “ одговори тој.

Тој тврди дека Финска, која е неутрална со децении, повеќе не може да биде неутрална бидејќи Русија станала „безбедносна закана“.

„Мислам дека ова е нова реалност. Навистина мислам дека безбедносната архитектура на Европа е срушена. Ова е нова ситуација, сега имаме нов вид железна завеса меѓу Русија и другите земји. И, се разбира, руската агресија против Украина е виновна за сето ова“, рече министерот.

Руската инвазија на Украина „ја промени безбедносната атмосфера“, додаде тој.

Тој рече дека е загрижен поради „лесните изјави за нуклеарно оружје, за хемиско оружје“.

„Да, Финска има силна војска. Имаме борбени авиони Ф-35 и така натаму. Но, што ако ни се закануваат со неконвенционално оружје? рече Хаависто.

Во вторникот Финска, Шведска и Турција потпишаа договор за заеднички безбедносни мерки, по што Турција го укина ветото за членството на нордиските земји во НАТО. Турскиот претседател Ердоган тогаш изјави дека Финска и Шведска мора да ги одржат ветувањата за екстрадиција што ги дадоа за време на преговорите, во спротивно ратификацијата за влезот на нордиските земји нема да биде испратена до турскиот парламент.

Но, Хаависто на прес-конференцијата претходно денеска рече дека Финска и Турција не разговарале за екстрадиција на некои конкретни лица или групи на лица за време на преговорите на самитот на НАТО што се одржа во Мадрид.

Осврнувајќи се на телефонскиот разговор со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, Хаависто рече: „Се договоривме дека сега имаме потпишан договор и сѐ што договоривме е во договорот. Не разговаравме за какви било екстрадиции со Турција во Мадрид“, рече тој.

Адвокатот на Брус Вилис откри зошто оскаровецот болен глумел во нискобуџетни филмови

Адвокатот на актерот Брус Вилис, Мартин Сингер, ги откри причините зошто актерот продолжил да работи и откако му била дијагностицирана афазија.

На обвинувањата дека продуцентот Рандал Емет, со кој Вилис снимил повеќе од 25 филмови, го принудил актерот да работи и покрај неговите здравствени проблеми, Сингер рече дека тогашната состојба на Вилис го дозволувала тоа, пренесува британски The Mirror.

„Мојот клиент продолжи да работи по неговата медицинска дијагноза бидејќи сакаше да работи и беше способен да работи, исто како и многу други дијагностицирани со афазија кои можат да продолжат да работат“, рече тој.

Откако дознал за неговата дијагноза, Вилис глумел во филмот Полноќ во Свичграс заедно со Меган Фокс, каде што портретираше агент на ФБИ, кој се трка да го спаси својот партнер од сериски убиец, со кого се вкрстуваат додека истражуваат синџир за трговија со луѓе во Флорида.

Да потсетиме, актерот боледува од афазија, здравствена состојба која влијае на неговите когнитивни способности, а со болеста се бори веќе две години, а последните филмови ги снимил со помош на телесен двојник.

„Сакаме да им дадеме до знаење на обожавателите на Брус како семејство дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми, неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, Брус си заминува од кариерата која многу му значеше. објави семејството Вилис..

„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, велат тие. Истата објава се појави и на профилот на поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.

притисни ентер