Ковачевски: Очекувам извинување од ВМРО-ДПМНЕ за лагите

Очекувам извинување од ВМРО-ДПМНЕ за лагите, очаен обид на Мицкоски фатен во криминал од 136 милиони евра.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање рече дека очекува извинување од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за лагите кои опозицијата ги пласира за него, во очаен обид да го свртат вниманието од корупцискиот скандал во којшто се најде Мицкоски, тежок 136 милиони евра.

„Тоа е очаен обид на опозицијата да го сврти вниманието од корупцискиот скандал во кој се најде нивниот претседател, кој го обелоденија од нивната партија, нивниот градоначалник во Скопје за местење на тендер од 136 милиони евра. Она што најмалку може да го направи ВМРО – ДПМНЕ е да се извини, односно да се извини нивниот претседател. Бидејќи тој е нарачател, бидејќи тој е фатен во корупциски скандал од 136 милиони евра и претходно во други корупциски скандали за кои што се откажуваше од своите пријатели, другари. Прво да се извини, да не ги тера пратениците да изнесуваат невистини, квалификации, конструкции со оглед на тоа јас од нив ќе побарам прво извинување а потоа се она што следува врз основа на законските регулативи“ рече претседателот Ковачевски.

За неоснованите прес конференции кои ги држи ВМРО-ДПМНЕ вчера и денес, Ковачевски рече дека ги има повлечено целосно финансиските удели во Пиксел Гроуп и нема никакви обврски ниту интереси, ниту пак има некаква улога во работењето на компанијата. Претседателот Ковачевски додаде дека е човек кој транспарентно пријавил во Анкетниот лист се што поседува и дека се што досега работел во животот било најтранспарентно и согласно сите законски прописи.

„Со преземањето на политичка функција како заменик министер за финансии јас си ги повлеков своите средства од ПИКСЕЛ ГРОУП, компанија во која сум бил основач и сум бил горд на тоа. Со продавањето на уделите јас таму немам ниту било какви интереси ниту било какви обврски во однос на работењето или управувањето на таа компанија, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски рече дека секој човек мора да функционира врз одредени етички норми и оцени дека конструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и фабрикуваните невистини се „најдолни лаги“.

„Јас сум веќе 2 недели под константни напади од страна на ВМРО - ДПМНЕ и тоа со конструкција на најдолни лаги. Во однос на првата се обратив во Собранието каде што точно може да чујат сите граѓани. Во однос на ова сметам дека треба да се извинат, затоа што јас 22 години сум работел во приватниот сектор на најтранспарентен и законит начин. Не може да се прават конструкции за тоа како функционираат компании кои што се независни во своето работење и функционираат врз основа на закони. Дали тоа значи дали ќе има тужби или не тоа не може да зависи од мене затоа што не сум јас ниту правник ниту адвокат, меѓутоа сметам дека тоа треба да го направат бидејќи конструирање на лаги - целта е да се оттргне вниманието од тоа што тој треба да објасни што се случувало со тендер од 136 милиони евра во Водовод - Скопје. Ниту јас го обвинив, ниту СДСМ, него го обвини ВМРО – ДПМНЕ, партијата во која што е претседател затоа што градоначалникот на Скопје е од ВМРО - ДПМНЕ. Арсовска ја чекаа со трубачи во ВМРО - ДПМНЕ, не ја чекаа во СДСМ“ рече претседателот Димитар Ковачевски во одговор на повеќе новинарски прашања.

СДСМ

Уапсени се 13 членови на „балканскиот картел“, шпанската полиција им влезе во бункерот (ВИДЕО)

Агенти на Националната полиција во Шпанија, во соработка со своите колеги од Србија, разбиле криминална организација со српско потекло во Барселона, која наводно се занимавала со меѓународен шверц на дрога.

По тој повод, како што јавија шпанските медиуми, откриени се пет плантажи со марихуана во кои се запленети повеќе од 37.000 растенија.

Во шест провинциски општини уапсени се 13 лица и извршени се шест претреси во кои се запленети 25 килограми пупки марихуана и 32.000 евра во кеш, пишува Блиц.

Насадите се наоѓале во населени места, далеку од урбаните центри, а најголемите ги сместиле во напуштен хостел, кој претходно го претвориле во бункер.

Како што се наведува понатаму, освен трговија со дрога, осомничените им доставувале и таканаречени растенија „бејби“ на продавачите во Барселона.

Истрагата започнала во јануари годинава како резултат на размена на информации меѓу српската и шпанската полиција за водачот на криминална група од српско потекло кои живееле во Шпанија и биле особено активни во трговијата со дрога со своите роднини од иста националност.

„Откако истражителите ги лоцирале и идентификувале сите членови на организацијата, откриле дека тие биле задолжени за управување со експлоатација на неколку насади со марихуана во различни делови на провинцијата Барселона. Организацијата била структурирана на пирамидален начин, со јасна распределба на функциите кои сите нејзини членови ги знаеле и ги извршувале координирано и подредено, со целосна дискреција во комуникацијата со цел да се гарантира нивната безбедност“, вели изворот за шпанскиот медиум. Покрај наведеното, полицијата конфискувала и три мобилни телефони и едно возило.

Ева Лонгрија среде улица ги соблече високите сандали и одеше боса (ВИДЕО)

Ева Лонгорија била на настанот на американското издание на магазинот Elle во Лос Анџелес.

Таа за оваа прилика облече долг сребрен фустан кој го истакна нејзиното деколте и потпетиците во иста боја.

Но, изгледа дека чевлите не ѝ биле баш удобни. Додека се шетала со пријателките по настанот, Ева застанала на сред улица и ги соблекла штиклите, а папараците го снимиле тој момент. Остатокот од патот продолжи боса.

Во оваа ситуација можеа да се препознаат голем број жени бидејќи секоја од нив барем еднаш одела дома боса по ноќно излегување.

Потсетуваме дека оваа есен почина актерот Тајлер Кристофер, поранешниот сопруг на Ева, а многумина ја осудија актерката. Имено, наместо посвета на Кристофер, успехот кој го постигна актерката го сподели во магазинот Тајм. Додека едни ѝ честитаа за успехот, други беа лути што таа не му посветила објава на нејзиниот починат поранешен сопруг.

„А што е со Тајлер?“, „Таа не коментираше, а тој беше толку прекрасен човек“, „Би требало барем да напишеш нешто за бившиот“, „Тој не се ни олади, а ти се фалиш“. „Мислам дека Ева и Тајлер не беа во најдобри односи, па можеби сака да ги задржи чувствата за себе“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, Кристофер беше во брак со ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ од 2002 до 2004 година.

Сите бегаат од поплавите, а еден човек има друг проблем- снимката е хит (ВИДЕО)

Циклонот Михаунг предизвика големи поплави во Индија, а следното видео е снимено во областа Ченаи.

Многу жители на главниот град Тамил Наду се во сериозни проблеми поради поплавите. Сепак, среде хаосот, поединци се обидоа да го извлечат најдоброто од најлошото.

На социјалните мрежи кружи снимка од маж кој лови риба во надојдената вода. Наводно сѐ било снимено во населбата Тарамани, пренесува Times Now News.

Човек во кабаница уловил голема риба, но тешко ја контролирал. Корисниците најмногу на шега коментираа на сцената.

„Кога ќе добиеш поплава, оди на риболов“, напиша една личност.

Имало и такви кои изразиле загриженост за подводниот свет и опасноста што ги снашла.

„Поплавите предизвикаа многу проблеми, но долгорочно придонесуваат за опстанок на одредени видови. Оваа ситуација им дава можност да мигрираат во различни зони и да одржуваат генетска разновидност“, напишал еден човек.

притисни ентер