Ковачевски: Ни претстои тешки и храбри одлуки на зацртаниот пат кон ЕУ

Ни претстои тешки и храбри одлуки на зацртаниот пат кон ЕУ, на кој ја имаме поддршката на САД.

САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во сите нејзини аспирации, а особено кон пристапувањето во ЕУ. Тоа е комплементарно на нашето стратешко партнерство и меѓусебната поддршка која си ја даваме низ веќе долг и значаен период од првиот ден од нашето осамостојување, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Владата со сенаторот Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат.

Тој додаде дека ова е втора негова средба со сенаторот Марфи, по средбата од пред неполни три недели во Вашингтон, за време на неговата посета на САД, што говори за силната посветеност на сенаторот кон регионот и за неговата лична и континуирана поддршка на Македонија.

- Несомнено е дека ни претстои пат со тешки и храбри одлуки и она што со задоволство можам да го кажам е дека на тој пат имаме силна поддршка од Соединетите Американски Држави и од нивните високи претставници. Секое пријателство кое нѐ уверува дека сме на вистинскиот пат е од исклучителна важност за нас како држава, подвлече Ковачевски.

Додаде дека одлуката што е пред нас, не е одлука на еден човек, една влада или една политичка партија, туку на сите политички актери во државата.

- Ние мора да обезбедиме на нашите граѓани да живеат во држава членка на ЕУ. Нашата држава потекнува од поранешната југословенска федерација. Во тоа време имавме поголем стандард и од Словачка и од Чешка, Романија, Полска, Бугарија и од сите други земји кои станаа земји членки на ЕУ. Јас ќе ги донесам и ќе ги предводам сите потребни одлуки кои ќе обезбедат граѓаните на Македонија повторно да имаат поголем стандард од сите граѓаните од кои што порано сме имале поголем стандард бидејќи тоа нашите граѓани го заслужуваат. На тој пат сметам и на поддршката на нашите стратешки партнери, пред се САД и земјите членки на ЕУ, подвлече Ковачевски.

Нагласи дека благодарение на поддршката од искрените пријатели како САД денес Македонија, по три декади од својата независност, од земја корисник на меѓународни мировни мисии, стана земја фактор на стабилност на Западен Балкан, земја членка на НАТО, претседавач со ОБСЕ, земја со отпочнати преговори со ЕУ, земја во која се депонирани договорите потпишани во рамки на Берлинскиот процес и земја која е домаќин на преговори меѓу други држави.

-САД и Македонија го докажуваат поимот партнерство на дело. Реформските процеси кои и се случуваат на нашата земја изминативе 30 години се со најсилна поддршка од нашите американски пријатели кои силно се залагаат за демократизација на нашето општество, оцени премиерот.

Три декади поддршка на систем за добро владеење, борба против корупцијата и поддршка на демократските процеси во земјата вклучително и зајакнување и унапредување на економскиот развој на државата, нагласи Ковачевски, заедно со голем труд кој како земја го вложуваме во демократизацијата, даваат резултати.

-Имаме наше високо позиционирање на демократскиот напредок на прво место во однос на другите земји од Западен Балкан според мерењата на Freedom House. Според мерењата на Reporters without borders од 118-то место во светот во 2016, стигнавме на 38-мото место во светот по слободата не медиумите, а само во мојот мандат се качивме погоре на листата за 19 места за 1 година, потенцира Ковачевски.

Силното партнерство, подвлече, се гледа и во екомонијата при што трговската размена со САД лани изнесувала четврт милијарда долари.

-Во моментов имаме 12 големи американски компании кои доаѓаат и од САД меѓутоа и од Канада, од северноамериканскиот континент. Повеќето компании се од автомобилската индустрија, но дел влегуваат и во енергетикатата и електрониката. Тука ги имаме Леар, Дура, Адиент, но морам да ги посочам и Бехтел и Енка кои ќе работат на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава, исто така морам да го споменам Јагео еден од најголемите светски производители на чипови, односно Кемет со кого работат во парнтерство како најскоро позната инвестиција кои ќе придонесат сериозно за раст и развој на македонската економија и нешто што беше незамисливо до пред извесно време денес станува реалност, односно во нашата држава ќе се произведуваат компјутерски чипови за автомобилска, авионската и медицинската индустрија, кажа премиерот.

Заблагодарувајќи се на Сенаторот за неговата поддршка и доверба кон Владата, ја потврди одлучноста да продолжиме на зацртаниот пат кон европската интеграција и развој.

Здравко Чолиќ го слави својот 72 роденден: Енергијата не соодвествува со годините

Здравко Чолиќ денеска го слави својот 72 роденден.

Иако е во осмата деценија, неговата енергија не соодветствува со изводот на родените, како што покажа на неодамнешниот концерт во Тузла.

Роден е во Сараево во скромно семејство, а со децении е една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.

Иако жените лудуваа по Чола, тој никогаш не го привлече вниманието на јавноста со љубовните врски.

Тој веќе подолго време е во брак со Александра која не се појавува со него во јавност, а имаат две ќерки.

Украина: Секогаш знаеме каде се Путин и Пригожин, ги следиме во реално време

Воената разузнавачка служба на Украина во реално време го следи местото каде се наоѓаат Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави портпаролот на службата.

Андриј Јусов рече дека „и покрај сите обиди и напори да се сокријат овие информации“ и наводната употреба на „различни технологии, вклучително и употребата на двојници“, Русија не успева да ги скрие локациите на Путин и Пригожин.

Што се однесува до нивното место на живеење, се разбира дека знаеме каде се тие во секое време“, изјави Јусов за Киев пост. „Путин е чуван, тој е добро чувана личност. Пригожин не е таков и тој се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент. Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“, додава тој.

Тој вели дека во моментов Украина нема желба или намера да го убие ниту Пригожин, ниту Путин. „Во однос на приоритетните цели, сите воени злосторници мора да бидат казнети“, рече тој.

„Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана казнувањето на воените злосторници во рамките на меѓународното право пред меѓународен суд. Во овој контекст, приоритет број еден за Украина и Централната разузнавачка агенција е навистина да го доведат Путин до Хаг на судење пред овој суд“, заклучи тој, пренесе Индекс.хр.

„WhatsApp“ тестира интересна опција за „Android“

„WhatsApp“ е во фаза на тестирање на функцијата за споделување екран, која црпи инспирација од платформите „Zoom“ и „Microsoft Teams“.

Според веб-страницата „WABetaInfo“, функцијата ја снима и прикажува содржината на екранот на корисникот што се споделува со лицето на другиот крај на видеоповикот.

Оваа опција се прикажува како нова икона на телефонот со стрелка која покажува настрана од уредот. По притискање на новото копче, се појавува порака со која го прашува корисникот дали сака да започне да снима или прикажува содржина на „WhatsApp“.

Пораката е придружена со известување дека „WhatsApp“ ќе има пристап до која било лозинка, фотографија или детали за плаќање прикажани на овој начин. Ако корисникот се согласува со ова, тој може да кликнете на „ Start now “. Споделувањето екран може да се прекине во секое време.

Споделувањето екран моментално е достапно само за избрани тестери на „Android“, но би требало да стане достапно за повеќе корисници во наредните недели.

притисни ентер