Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

Премиерот Ковачевски нема поединечно да ги убедува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.

Премиерот Ковачевски нема поединечно да ги убедува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени, а вели дека не е опција ниту лидерска средба со претседателот на партијата Мицкоски. Тој тврди дека во редовите на опозициската партија има разногласие во однос на прашањето дали треба да се продолжи со евроинтеграциите преку вметнување на Бугарите во Уставот..

-Лидерска средба кажав нема да има, свикана од мене, со оглед на тоа дека во овој момент нема потреба од такво нешто. Одвоени средби јас ниту сум практикувал, ниту практикувам, ниту ќе практикувам. ВМРО – ДПМНЕ мора да одлучи дали тоа што го зборува по амбасади, дајте ни власт, и безусловно ќе го промениме уставот, ќе го каже и пред народот, односно дали ги лажат амбасадите или го лажат народот. Прво тоа прашање мора да го одговорат, како раководство па потоа да можеме да продолжиме со дискусијата, вели Димитар Ковачевски – претседател на Влада.

Ниту сопствените пратеници не му веруваат на Ковачевски, деветмина од СДСМ се против уставни измени, а еден од ДУИ бара пари за да гласа- одговорија од опозициската партија..

-ВМРО-ДПМНЕ има јасен став, дека промена на Уставот под бугарски диктат нема да прифати, и не знаеме дали Ковачевски има проблеми со слухот или халуцинации. Дали пратеници од СДС, поточно 3 од првата и втората изборна единица кажале дека ако се овие уставни измени на маса нема да ги гласаат, и дали 6 пратеници од внатрешноста им рекле дека уставните измени се најлошото нешто што може оваа влада да го направи. – стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите наводи според премиерот се неточни, а шефот на дипломатијата Бујар Османи пак оцени дека на темата уставни измени Мицкоски градел политичка кариера. Откако ќе се објават амандманите за промена на уставот, граѓаните ќе се уверат дека во нив нема ништо лошо, порача Османи.

-Сакаат да прават политички кариери, тоа не е чесно кон своите избирачи и граѓани, сум оптимист и мислам дека Мицкоски на крај ќе излезе поразен. До ноември ако не се завршат, преговорите прекинуваат со сите административни и психолошки последици. Тоа значи пак ќе останеме изолирани во наредните 10 години за некаде во 2033 ги направиме уставните измени, меѓутоа возот отишол, луѓето избегале во Германија да работат, надежта е убиена во земјава, а треба само да се потврди тоа што го има во Уставот. Во категоријата “други” се и Бугарите, изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Планот на власта е собраниската процедура за промена на уставот да започне пред летото, во следните недели експертски групи да ги прецизираат амандманите, по што според најавите ќе следува и широка јавна расправа...

Ристиќ: Меџити добар ли си со глаата?

Бурни реакции во јавноста откако беше разрешен кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија.

Јовев добива поддршка и од фелата и од граѓаните. На социјалните мрежи можат да се сретнат низа критики од за разрешувањето на кардиохирургор.

„Не вирее професионалец овде“, напиша докторот Ненад Лазаров.

Со став се јави и градоначалникот на Ѓорче Петров, докторот Александар Стојкоски.

„Со вакви мерки стимулирате само повеќе карти во еден правец надвор од државава! Има разлика“, напиша тој.

Актерката Ирена Ристиќ испрати порака до министерот за здравство Меџити.

„Ако првата трансплантација на срце и уште неколку други кои уследија после тоа, не се резултат и тоа за највисоки почести во државава, онда не знам што е!!! Меџити, добар ли си со глаата?! Ќе ни носиш доктори од Тетовскиот?! Мрш!!! Поддршка за доктор Јовев!!!“, напиша Ристиќ.

Ова се само дел од низата пораки на социјалните мрежи.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија, кој инаку е предводник на тимот што ги правеше трансплантациите на срце. На прашањето зошто го разрешил, министерот Меџити рече дека на клиниките нема да остави директори што спијат и немаат резултати.

Познат богаташ открива кои се петте најлоши совети што детето може да ги добие

Со овие совети сигурно нема да стане милионер...

Милионерот Мет Хигинс е автор на бестселери, извршен директор и инвеститор, тој за CNBC.com напиша колумна за тоа колку ризикувал во животот, како и за предизвиците и тешкотиите со кои се соочувал додека растел во сиромаштија грижејќи се за својата неподвижна мајка. Овој милионер тврди дека воспитувањето има големо влијание врз нечија финансиска судбина и наведе кои се најлошите совети што младите може да ги добијат.

„Треба да имате резервен план“

Една студија покажа дека имањето резервен план, значително ја намалува веројатноста да се случи планот А, а ја намалува и мотивацијата да се преземе нешто во врска со првобитниот план. Наместо тоа, Хигинс порачува дека мора да се има верба во успехот. Ако планот А не успее, подобро е да верувате во својот капацитет и волја, отколку да имате резервен план.

„Намалете го времето поминато пред екранот“

Користењето на телефонот и компјутерот за бесмислени работи како играње игри 10 часа дневно секако е непожелно, меѓутоа, постојат разни корисни вештини на мрежите, како што се креирање на веб-страници, пишување бизнис-план, пласирање на услуги и производи. Иднината и ресурсите се токму таму, и тоа за мали трошоци, но треба да знаете како да го користите Интернетот рационално и смислено.

„Не грижете се за малите нешта“

Не секоја анксиозност е проблематична, а студиите покажуваат дека и најуспешните претприемачи ја контролираат својата анксиозност и ѝ се препуштаат. Тие ја одржуваат т.н „состојба на оптимална анксиозност“, односно ја користат анксиозноста за да го подобрат својот фокус и перформанси, но не дозволуваат таа да ја намали или забави нивната ефикасност.

„Вработи се во голема и стабилна компанија“

Порано најдобриот совет што можевте да го добиете е да се вработите во големите и престижни компании како Фејсбук, Гугл, Нетфликс. Иако таквите компании нудеа 30-годишна кариера, сега и тие се соочуваат со масовни отпуштања. Наместо да трчајте по големите имиња, подобро е да започнете во мала или средна компанија, онаму каде би имале јасна визија што работите, на која позиција и каде би биле уверени дека вашите интереси и вештини одговараат со работното место. Подобра опција е да започнете сопствен бизнис. Користејќи ја вештачката интелигенција, можете да започнете бизнис со кој ќе заработувате и до 10.000 долари месечно, а притоа нема да размислувате за отказ.

„Купи куќа и пресели се“

Готовината е најдоброто нешто што некој може да си го дозволи. Ако можете да заштедите, тоа ќе ве спаси од банкрот и долгови. Пазарот на недвижности постојано се менува, а таму каде што инфлацијата е висока, готовината е секако подобра од долгот. Долгот на кредитните картички кај младите на возраст од 18 до 25 години во споредба со другите генерациски групи е со највисока стапка, така што особено младите треба да внимаваат на прекумерното трошење.

Ова природно средство што го имате во вашата кујна ги штити вашите билки од инсекти!

Разни мушички, полжави, црви може да ја уништат вашата градина, предизвикувајќи оштетување на разни култури, нивно гниење и венење. Ако вашите билки изгледаат нездраво, тоа може да биде резултат на наезда од штетници.

Жолти и струткани лисја, појава на мувла или дупчиња по листовите на вашата билка, обично значи дека вашето растение има проблем со штетници. Повеќето луѓе во вакви ситуации веднаш одлучуваат да користат хемиски пестициди за да се ослободат од паразитите, меѓутоа, факт е дека хемикалиите можат да бидат токсични за многу други организми, на пример, птиците и корисните инсекти.

Како што пренесува Експрес, Лора Харнет од една компанија за еко-чистење, споделила едноставен совет за борба против штетниците без изложување на растенијата на штетни хемикалии. Иако повеќето домаќинки по употребата или кога расчистуваат, многу кујнски производи ги фрлаат во ѓубре, Лора Харнет предупредува дека со нив мора да се внимава бидејќи некои од нив се јаки пестициди.

- Следниот пат, кога ќе користите чили во готвењето, не фрлајте ги семките што не ги користите. Едноставно, во шише со распскувач наполнете вода и ставете ги семките од лутата пиперка, или остатокот од чилито, и оставете ги да откиснат 24 часа. Така ќе направите јак пестицид што ќе ги заштити билките од бубачки и мушички без да користите штетни хемикалии – истакнала Харнет.

Чилито се покажало како добар природен пестицид бидејќи содржи капсаицин (супстанца што ја дава лутината на пиперките, а со својата миризба ги одбива инсектите). Овој домашен пестицид може да се користи на лисјата на погодените билки без страв дека ќе ги оштети. Чилито во прав може да се користи и како пестицид така што со него ќе се попрска околу коренот на растението. Ова ќе ги избрка мравките, црвите и полжавите од вашето растение.

Како алтернатива, стручњаците од областа на градинарството посочуваат дека чилито може да се сади покрај други растенија, така исто ќе ги одврати штетниците. Покрај овој домашен пестицид може да се додаде и лук како антибактериски елемент, што дава дополнителна корист.

Производите од лута пиперка исто така се покажаа како ефикасни во одбивањето на верверичките, кои честопати ги копаат растенија и јадат од хранилката за птици. Тие имаат ниска толеранција на капсаицинот, па ќе им биде непријатно додека бараат извори на храна.

притисни ентер