Ковачевски: Македонија е пример за почитување на правата на заедниците

Пред половина час во Обединетите Нации се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Генералната дебата во ООН во Њујорк учествуваше и се обрати на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Ковачевски.

„Цврсто сум уверен дека унапредувањето на едно право, што не загрозува друго право, може само да ѝ користи на една држава што е посветена кон мирен развој.

Мирот никогаш не треба да се гледа како крајна дестинација.

Мирот е пат со многу кривини; мирот се добива со заедничко чекорење по овој пат во секојдневието; тоа е пат по кој луѓето кои живеат во населба, во заедница, во општина, во држава, треба да го врват заеднички; тоа е пат на кој треба да напредуваме во заедништво, сите ние тука во оваа просторија, сите низ целиот свет.

И го велам ова затоа што денес сум тука во името на мојата татковина, Македонија, која денес е пример за функционална мулти-етничка држава и претставува фактор на стабилност на Западен Балкан што најмногу се должи на концептот „Едно општество за сите“ кон кој се стремиме и го спроведуваме без предрасуди. Ова е концепт заснован на начелото на еднакви права и должности за сите граѓани, начело што Владата и поголемиот дел од граѓаните на Македонија го поддржуваат.

Овие граѓани се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други граѓани кои живеат во Македонија и кои според највисокиот законодавен документ, нашиот Устав, имаат еднакви слободи и права, без разлика на нивната национална, етничка, верска или друга припадност.

Нашиот образовен систем гарантира и нуди образование за лицата што припаѓаат на етничките заедници на нивниот мајчин јазик, на сите нивоа на образованието, почнувајќи со основното.

Усвоените законски измени и примената на начелото на еднаква застапеност им овозможија на лицата што припаѓаат на етничките заедници да бидат вклучени во сите области на општествениот живот, како што се локалната самоуправа, Собранието, правосудниот систем, како и телата на извршната власт.

Всушност, ние ги пренесовме писмото и духот на Декларацијата за права на малцинствата на Обединетите Нации во реалност, во нашата секојдневна пракса. Македонија е силен поддржувач на оваа Декларација на ОН која ги штити основните начела за заштита на малцинствата. Веруваме дека сите демократски држави треба и мора да се водат од оваа Декларација.

Граѓаните на Македонија се наполно свесни за фактот дека со тоа што им се овозможува на лицата што припаѓаат на другите етнички заедници да го користат својот јазик, што се разликува од македонскиот, да ги бараат своите права за социјални услуги, да ги бранат своите права пред судовите користејќи го својот мајчин јазик, тие не изгубиле ништо – напротив, добиле многу.

Со нашите политики за еднаквост го зацврстивме сврзувачкото ткиво на нашето општество и го отворивме патот за дискусија по прашања кои се од вистинска важност за граѓаните – нивното постоење и животен стандард, бидејќи тоа ни е заедничкиот јазик на сите нам, на сите наши граѓани.

Со оглед на тоа дека сме цврсто и целосно посветени на Агендата 2030 и начелото „никој да не биде изоставен“, усвоивме Национална стратегија со која се елаборира концептот „Едно општество за сите и интеркултурализам“ засновани на партиципативна демократија, што од своја страна, ги консолидира процесите за инклузивност во државата, а тоа е квалитетот по кој мојата држава е препознатлива во регионот, во ЕУ и низ светот.

Секако, пред 21 година минавме низ сложен процес кога се постигна Охридскиот рамковен договор кој понуди решенија за отворените меѓуетнички прашања. Денес, овој Договор е пренесен во Уставот. Со тоа ние искрено покажуваме дека целосното уживање на човековите права од страна на малцинствата, во согласност со меѓународното право, може да се постигне само преку активни политики и стратешки планови што ги развиваме во соработка со секторот на граѓанското општество.

Во моментов развиваме нова Стратегија за еднаквост и недискриминација што ќе го покрива периодот од 2022 до 2026. Работиме на развој на стратегијата со поддршка на ОБСЕ, додека целта на Стратегијата е да обезбеди подобрување и унапредување на статусот на најранливите категории на граѓани. Правата на жените што припаѓаат на малцинствата се клучни за сите области, почнувајќи со образованието преку вклучувањето на жени во процесите за носење одлуки до нивен ангажман во телата на државната администрација. Посветуваме особено внимание и инвестираме значителни напори во заштитата на правата на Ромите. Развивме нова Стратегија за периодот од 2022 до 2030 за инклузија на Ромите во согласност со насоките дефинирани во Стратешката рамка за Ромите на ЕУ.

Македонија спроведува уникатна политика за статусот на своите малцинства во државите во кои живеат, а што се заснова на примена на начелата што се дел од оваа Декларација на ОН и строгото спроведување на одредбите на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства.

Со оглед на тоа дека сме успешна, функционална мулти-етничка демократска држава – мини Европа на Балканот – подготвени сме и имаме волја да гарантираме унапредување на етничкиот, културолошки, јазичен и верски идентитет на сите етнички заедници, додека истовремено ги штитиме државните интереси и ја развиваме Македонија на исто ниво со остатокот од демократскиот свет.

Со тоа што сме дел од регион кој многу претрпел од бескрајни раздори и конфликти во минатото, посветени сме на тоа да придонесеме кон подобри односи со нашите соседи кои исто така, се етнички различни. Нашата последна иницијатива – Отворен Балкан, заедно со земјите што нè опкружуваат – во моментов е најинспиративната идеја за мир и економски развој што ќе нè приближи до нашата крајна стратешка цел – членство во ЕУ.

Пандемијата и војната во Украина покажаа дека, кога станува збор за човековите права, борбата никогаш не завршува, затоа што и за нивното зачувување и за нивното унапредување, потребна е силна волја и претпазливост. Посветеноста на човековите права не завршува на границите на нашата заедница, на нашата држава, на нашиот регион. Таа е универзална.

Со тоа, би сакал да ја поздравам денешната дебата што ја поддржува нашата заедничка посветеност на градењето поправични држави и поправичен свет."

Во Германија почна судењето на мајка на три деца- убила жена од љубомора и избегала во Турција

Во Германија во тек е судењето на Салија К.(50), која е обвинета за убиство на Јасмина Т. со соучесник во 2011 година, бидејќи стапила во романтична врска со тогашниот партнер на Салија, Ибрахим.

По бруталното убиство Салија со двете деца побегна во Турција и дури годинава е предадена на германските власти.

Повеќе од 13 години по убиството на Јамина, Салија, која е мајка на три деца, се најде на суд во Дортмунд.

Таа е обвинета дека го планирала и извршила страшното убиство на младата Јамина со соучесник, кој претходно бил осуден на доживотен затвор, само затоа што тогаш имала односи со партнерот на Салија.

Голото тело на Јасмина било пронајдено на паркинг во Холандија, а две години подоцна за нејзиното убиство на доживотен затвор е осудено нејзиното поранешно момче Адем И.

Утврдено е дека во 2011 година Адем и Салија смислиле план да ѝ се „одмаздат на Јасмина за неверството“. Имено, Јасмина започнала врска со партнерот на Салија, Ибрахим К., кој тогаш имал 35 години. Најпрво за 1.000 евра ангажирале насилници, кои со дрвени стапови во дворот брутално го претепале Ибрахим и му ги скршиле коските.

После тоа имало план да ја киднапираат Јасмина и да ја силуваат, за да ѝ „докажат дека е к**ва“.

„Планирале да ја силуваат за да ја обесчестат и да ја означат како к**ва. Според обвинителството, обвинетиот ја нападнал жртвата, ја врзал и ја одвлекол во продавница. Мажите кои требало да ја силуваат чекале таму. Кога одбиле тоа го направиле пред камери, Адем и Салија ја однеле жртвата во нејзиниот стан“, рече обвинителката денеска на судењето.

Потоа, како што изјавил, решиле да ја убијат Јасмина бидејќи нивниот првичен план за одмазда пропаднал.

Во нејзиниот стан, додека била врзана со сајли, ја претепале, а потоа ја задавиле“, рече обвинителот.

За време на судењето Салија цело време молчела. Треба да сведочи и претходно осудениот Адем И.

Заврши најсмртоносната мисија на ОН- за 10 години загинале 300 „сини шлемови“

Обединетите нации денеска ја завршија 10-годишната мировна мисија во Мали, по барање на владата на земјата, која рече дека силите на светската организација се несоодветни да одговорат на растечкиот насилен екстремизам во оваа западноафриканска земја.

„Товарот во Мали беше огромен и тежок“, рече командантот на силите на ОН од 13.000, Мамаду Гаје, на церемонијата на завршување во главниот град Бамако, пренесува АП.

Тој изрази уверување до безбедносните сили на Мали дека ќе ја решат кризата во земјата.

За 10 години загинале повеќе од 300 членови на мировната мисија на ОН во Мали, што ја прави најсмртоносна мировна мисија во светот, наведува американската агенција.

Малиските власти се борат да го задржат бунтот на исламистичките екстремисти од 2012 година.

Тие беа турнати во градовите на северот на земјата, благодарение на операцијата предводена од Франција, чии војници ја напуштија земјата минатата година.

Меѓутоа, бунтовниците се прегрупираа и почнаа да ја напаѓаат војската на Мали и нејзините сојузници, вклучително и силите на Обединетите нации.

Во јуни, владејачката воена хунта побара од мисијата на ОН да ја напушти земјата.

Град им нудел милиони на луѓе за да се доселат, но имало бизарен услов- никој не се јавил

Градот Каинан во јапонската префектура Вакајама смислил необичен план за привлекување жители, а понудата вклучувала и финансиска помош за новодојдените.

Стратегијата била дизајнирана за 2021 година, но за кандидатите имало услов - тие да го носат презимето Сузуки.

Како „родно место“ на Сузуки, било одлучено да се игра на таа карта, а посебно се мислело на 750.000 граѓани кои го носат тоа презиме и живеат во Токио и соседните префектури (Чиба, Саитама и Канагава).

Најавено е дека секое семејство што ќе се пресели ќе добие по 1 милион јени (6.300 евра), како и исто толку за секое дете под 18 години, пренесува The Guardian.

Меѓутоа, две години по започнувањето на кампањата, објавени се поразителни резултати.

„Потврдувам дека никој со презиме Сузуки не се преселил во Кајнан. Едно лице се распраша, но не отиде подалеку од тоа“, откри Томонари Фуџита, шеф на канцеларијата за развој.

Покрај паричната стимулација, на луѓето очигледно не им делувал и слоганот дека со преселбата „ќе се поврзат повторно со своите предци“.

Забележано е дека кланот Сузуки се преселил во денешен Кајнан за време на периодот Хејан (794-1185).

„Гледаме сериозен пад на бројот на жители. Мислевме дека со кампањата ќе привлечеме луѓе со презимето Сузуки, но се чини дека имало и други пречки“, изјави Фуџита.

Официјалните лица се надеваат дека новиот хотел, чија изградба ќе биде завршена во 2024 година, ќе ги инспирира граѓаните со презимето Сузуки да дојдат и да се поврзат со местото на нивното потекло.

притисни ентер