Ковачевски ќе нуди, Мицкоски ќе прифати лидерска средба за националите и државни интереси

Премиерот Димитар Ковачевски ќе го кани на лидерска средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

На маса, како што најави, планира да стави две теми - интеграцијата на Македонија во ЕУ и усогласување на ставови за односите со соседните држави. Кога би се одржала ваква средба детали не откри, единствено посочи дека поканата до Мицкоски ќе ја упати наредниве денови. Коментирајќи ги изјавите од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржат уставни измени и за наводна негова оставка, премиерот вели тоа се фикции на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на концепт.

- Сега ги собрал кај него во Извршен комитет и им вика слушајте, Ковачевски дал оставка и овие викаат браво, доаѓаме на власт. После тоа јас излегувам на телевизија и велам не сум дал оставка и дека тоа е лага повторно на Мицкоски, овој ги собира во Извршен комитет и им вика – абе он дал ама му ја искинал Талат Џафери. Јас после излегувам и велам Талат Џафери јас го немам ни видено, ниту пак ако некој дава оставка може некој да му ја цепка. Кога се дава оставка – таа се дава, значи такво нешто нема. Тој прво мора да си ги среди своите ставови. Јас планирам да го поканам во наредните десет дена на средба на која што ќе разговараме за две теми, коишто ќе ги предложам како претседател на Владата. Првата тема - носењето на одлуки потребни за интеграцијата на Македонија во ЕУ и втората, усогласување на ставови за односи со сите соседни држави на Македонија, изјави Ковачевски.

Мицкоски е подготвен на лидерска кога станува збор за национални и државни интереси, но на неа треба да се разговара и што по неуспехот на уставните измени, одговорија од неговата партија.

-Кога станува збор за националните и државни интереси на Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време. Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако работната група за уставни измени вчера ги формулираше предлог уставните амандмани, Ковачевски очекува од понеделник предлог-иницијативата од работната група да се најде на владина седница, па откако ќе се разгледа и усвои, да се испрати до Собранието. Не очекува албанските партии да ја откажат поддршката за предлогот откако не помина нивното барање за бришење на „20 отсто“ од Уставот во замена со албански јазик.

- И сите политички партии треба да бидат свесни дека ова е процес заради интеграција во ЕУ, а впрочем многу јасни пораки испрати вчера и сенаторот Крис Марфи од САД којшто кажа дека треба веќе да се определат политичките партии во државата – дали се за ЕУ и за НАТО и за САД или дел од нив ќе сакаат да останат заложници на Димитар Апасиев и на Русија, потенцира Ковачевски.

Според предлогот за уставни измени кои вчера ги презентираше претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска, ќе се интервенира во преамбулата на Уставот, за покрај бугарскиот да се додадат уште пет други народи, втората интервенција е во делот за дијаспората, а третата за Комитетот за односи меѓу заедниците.

Блинкен тешко ја обвини Кина

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја критикуваше поддршката на Кина за руската одбранбена индустрија на италијанскиот остров Капри, велејќи дека Пекинг во моментов е главен снабдувач на Москва со клучни компоненти за оружје.

Тој рече дека акциите додаваат масло на „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна“.

Говорејќи на прес-конференцијата по повод крајот на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на италијанскиот остров Капри, Блинкен рече дека Вашингтон многу јасно му ставил до знаење на Пекинг и на другите дека не треба да им помагаат на руските воени напори во Украина.

„Кога станува збор за руската одбранбена индустрија, главниот придонесувач во моментов е Кина. Имаме индикации дека Кина испраќа машински алати, полупроводници и други предмети со двојна употреба за да ѝ помогне на Русија да ги обнови своите одбранбени индустриски залихи“, рече Блинкен. .

„Кина не може да ги има и двете. Не може да си го дозволи тоа. Сакате да имате позитивни и пријателски односи со земјите во Европа, а во исто време ја промовирате најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна “, рече Блинкен.

САД ја предупредуваат Кина да не ги помага воените напори на Москва по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, која дојде само неколку недели откако Русија и Кина прогласија „партнерство без ограничувања“.

Самата германска министерка за надворешни работи Аналена Баербок изрази загриженост за прашањата што ги покрена Блинкен.

„Доколку Кина отворено продолжи со уште посилно партнерство со Русија, која води нелегална војна против Украина, ние нема да можеме да го прифатиме тоа“, рече Баербок по средбата со нејзините колеги од Г7 во Капри.

Американските власти минатата недела ги информираа новинарите за материјалите што Кина ѝ ги доставува на Русија, вклучувајќи беспилотни летала и ракетна технологија, сателитски снимки и машински алати, кои не се смртоносно оружје, но ѝ помагаат на Русија да ја обнови воената опрема за да ја одржи својата двегодишна војна во Украина.

Портпаролот на кинеската амбасада рече дека Кина не е актер во украинската криза и не треба да се меша или ограничува слободната трговија меѓу Кина и Русија.

Претседателот Џо Бајден го покрена ова прашање со кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор претходно овој месец, по што американските официјални лица изјавија дека Блинкен ќе отпатува во Кина во наредните недели.

Деталите за патувањето на Блинкен се уште не се објавени.

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.

Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.

„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија", истакна Пендаровски.

Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок. „Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

притисни ентер