Ковачевски: Јас сум човек кој е подготвен да преземе одговорност и да се соочи со предизвици

Јас сум човек кој е подготвен да се соочи со предизвици и подготвен да преземе одговорност, истакна во интервју за Канал 5 телевизија, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на прашање околу неговите мотиви да ги преземе фунцкиите.

-Преземавме одговорност за решавање на предизвиците кои се пред граѓаните, имаме пандемија, енергетска криза. Нашиот договор за формирање на оваа Влада е „Влада 2022- 2024", и јас и во самото експозе кажав дека избори ќе има, да, 2024 година кога ќе имаме претседателски избори и ќе имаме партламентарни избори, рече претседателот на СДСМ и премиер, Ковачевски.

Моето појавување во политиката не е од сега, јас сум бил член на Извршниот одбор во време кога кога претседател бил Бранко Црвенковски и бев член на ИО кога претседател беше Заев, во меѓувреме сум бил член на изборни штабови, а сум бил и дел од работните тела на СДСМ во комсијата за финансии, во комисијата за екониомија. Koга станав претседател предложив нов Изборен одбор, нови потпретседатели и секретари во партијата, а при изборот на министри во Владата, се се водев по принципот да се изберат лица со квалитети и знаења за извршување на функциите кои им се доверени" посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека изборот на кадровски решенија не треба да се гледа во контекст на за некакво помирување во СДСМ затоа што во партијата не постои никаков конфликт, додавајќи дека има добра соработка со сите претходни претседатели на СДСМ.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

притисни ентер