Ковачевски: Ја спасивме македонската економија со два огромни пакети антикризни мерки

Штедиме и не се расфрламе со парите, но  затоа има за се, така работи Владата која ја предводам, државната каса е на граѓаните, тие ја полнат, тоа се нивни пари и затоа се трошат за нив.

Штедиме и не се расфрламе со парите, но затоа има за се, така работи Владата која ја предводам, државната каса е на граѓаните, тие ја полнат, тоа се нивни пари и затоа се трошат за нив, порача вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Велес, претседателот Димитар Ковачевски.

Ковачевски порача дека поради таквиот пристап денес има пари и за повисоки плати и пензии, за финансиска поддршка на граѓаните на кои што помош во вака тека свестка економска криза им е најпотребна, има за земјоделците, за самохраните родители, ранливите катогории граѓани,

„Ние не забораваме и не изоставаме никого, Резултатите од антиктизните мерки се веќе видливи. Ја спасивме македонската економијата со два огромни пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми според БДП во регионот, потврдено и од ММФ и од Светска банка. Само со вториот пакет речииси 200.000 граѓани добиваат поддршка која ќе продолжи и во следните месеци. Со дури 80% од субвенциите за цената струјата за сите домаќинства и за 72.000 мали потрошувачи, сметките на граѓаните се за пет пати помали. 365 основни, 109 средни училишта и здравствените установи добиваат поевтина струја. 518 субјекти директно се поддржани од Владата, за да имаме непречено одвивање на наставниот процес, учениците да имаат топли училни а граѓаните непречено да ги добиват здравствените услуги“ истакна Ковачевски и најави намалување на цените на основните прехранбени производи.

Со последната мерка на Владата, додаде Ковачевски, обезбедиме поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Резултатите веќе се евидентни, одредени производители ја намалија цената на лебот, а цената на маслото за јадење на одредени произведувачи е намалена и за 40 денари. Очекувам во наредните денови до 10% намалување на цените на основните прехранбени производи. Ова е време на одговорност, не е време за профит.

Арсовска: Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала.. 

Зошто министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот во Универзална, ако како што вели, за него дознала пред девет часот утрината?

На ова, но и на многу други прашања, одговори побара градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, една недела по пожарот во Универзална сала.

Таа отвори дилема и зошто – работниците кои во моментот се обиделе да го изгаснат пожарот, не побарале помош од противпожарната бригада Скопје.

Арсовска, рече дека очекува конкретни одговори за пожарот во Универзална сала, а не како што истакна, лаги и инсинуации. Рече и дека како град Скопје воопшто не бил информирани за отпочнување на градежните активности.

„Врз основа на кон проект е продолжено да се реконструира Универзалната сала во Скопје. Врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се реконструира салата? Кој е управителот на Универзална сала, врз основа на кој документ и кој проект.“

Градоначалничката на Скопје верува дека истрагата на МВР и Јавното обвинителство ќе даде точни информации зошто избувна пожарот во култното место за скопјани и цела Македонија. Пожарот во Универзална сала избувна минатиот вторник претпладнето. Пламените јазици уништија дел од кровната конструкција, а целосно беа пеплосани иверици и стар материјал.

Невреме во Словенија: Силни ветришта, град и снег (ВИДЕО)

Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за југозападниот и централниот дел на Словенија поради силниот ветер.

Портокалово предупредување е издадено за јужниот дел од земјава поради снежни услови. Температурите паднаа, а на места како и за повеќе од 10 Целзиусови степени, објави Индекс.

Заладувањето со студен фронт од североисток напредува кон запад од земјава. На некои места веќе се олади за повеќе од 10°C. Дува силен североисточен ветер. Во северна Словенија почна да се развива невреме, а врнежите ќе се интензивираат во следните неколку часа, пишува Агенцијата за животна средина.

„Во појасот од Горењска до Корушка се очекуваат врнежи од 30 до 60 милиметри. На повисоките места над околу 800 метри може да наврнат околу 20 сантиметри снег“, соопшти Агенцијата за животна средина на Република Словенија (Арсо).

Снегот веќе ги побеле Љубељ, Коренско седло и Рогла, што може да се види и на веб-камерите. Сообраќајниот информативен центар предупредува дека зимската опрема е задолжителна и по 15 март во случај на снег на коловозот.

Во Штаерска, на над 500 метри надморска височина веќе паѓаат мали снегулки, а невремето ја зафати и Корушка.

Попладнево и навечер можна е многу силна бура во Приморје, која ќе надмине сто километри на час, а привремено силен североисточен ветер ќе дува и на други места во Словенија, најави за СТА, дежурниот метеоролог на Арсо, Ева Безек.

Поради силното невреме Арсо за денеска од 14 до 23 часот издаде портокалово предупредување за невреме, можна е и трамонтана на брегот. Поради силниот ветер Арсо издаде и портокалово предупредување за централна Словенија, за денеска од 13 до 15 часот.

Поради попладневните и вечерните снежни услови издадено е портокалово предупредување за југоисточниот и југозападниот дел од земјава. Жолто предупредување денеска е издадено и за останатиот дел од државата, најмногу за попладневните часови.

Видео: Интернет го исмева Маск за позите што ги изведе на црвениот тепих

„Никогаш не сум видел некој толку очаен да биде сакан од сите, а во исто време никого да не го сака“

Во текот на викендот, познати личности, спортисти и милијардери присуствуваа на 10-тата годишна церемонија на наградата „Breakthrough Prize Ceremony“ (позната како Оскари на науката), каде што врвните научници беа признати со награди од 1 милион долари.

На настанот се појави и Илон Маск, а неговото позирање на црвениот тепих беше... Па, прилично непријатно за гледање. Видеото се прошири на социјалните мрежи. Некој од публиката му викна да ги стави рацете во воздух и тогаш се случи ова:

„Никогаш не сум видел некој толку очаен да биде сакан од сите, а во исто време никого да не го сака“, „Како 12-годишно дете да се обидува да биде кловн во класот“, „Тој е толку скржав“, се само дел од коментарите на Твитер.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер