Ковачевски и Мицкоски дебатираа во „Дуел за Македонија“ на Канал 5

Претседателите на СДСМ, Димитар Ковачевски и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги спротиставуваат ставовите во првата ТВ дебата „Дуел за Македонија“ на Канал 5 телевизија.

Дуелот меѓу Ковачевски и Мицкоски го води одговорниот уредник на Канал 5, Гоце Михајлоски.

На прашањето за претседателски кандидат, Ковачевски рече дека Пендаровски е вистински избор за Македонија, човек кој во неговата претседателска кариера не направил стратешка грешка и кој имаше удел при влезот на Македонија во НАТО.

Наспроти тоа Мицкоски рече дека Пендаровски не може да биде веќе претседател на државата, зашто не покажал ништо значајно за време на неговиот мандат и дека ртазликата ќе се види откако на тоа место ќе дојде Гордана Силјановска- Давкова.

Претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, КОвачевски и Мицкоски говореа на пет актуелни теми и неколку подтеми и имаа ограничено време за одговори на прашањата и за реплики.

Според евиденцијата на Канал 5, во вечерашното соочување Ковачевски говорел 1 час 12 минути и 52 секунци, додека Мицкоски говорел 1 час 12 минути и 42 секунди.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија:

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС-ДУИ

 Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ.

Македонија мора да функционира како правна држава, неопходни се коренити реформи во правосудството.

Функционирањето на Коцевски повеќе од 8 месеци е поразително. Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери од СДС и ДУИ.

Љупчо Коцевски 8 месеци нема покренато ниту едно обвинение. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за не постапувањето и неработењето на обвинителите под него.

Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството.

Коцевски не постапува по наводите за криминал. Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас.

СДС поради контрола на судството инсталираше обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал.

Извештајот на Транспаренси каде Македонија има пад од 12 места на светскиот индекс на корупција покажува дека токму правосудството е најслабиот столб во општеството во кое граѓаните имаат доверба од само 2 проценти.

Коцевски треба да знае дека правдата не смее да чека, граѓаните заслужуваат правда и не можат повеќе да трпат неуспех, несериозност и непрофесионалност од судиите и обвинителите.

ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.

ВМРО-ДПМНЕ

Американскиот државен секретар почнува посета на држави од Европа и од Блискиот исток

Американскиот државен секретар Марко Рубио во следните денови ќе бид во посета на држави од Европа и на Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот.

Од 13 до 18 февруари Рубио ќе ги посети Германија, Израел, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Државниот секретар ќе престојува во Минхен на 13 февруари на годишната безбедносна конференција, каде со меѓународните партнери ќе разговара за повеќе американски приоритети. Во Минхен ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

Од 15 до 18 февруари Рубио ќе ги посети Израел, Саудиска Арабија и ОАЕ. Разговорите на државниот секретар со високи претставници на тие земји ќе го потврдат интересот на САД за развој на регионалната соработка, стабилност и мир. Фокусот на тој дел од неговата турнеја ќе биде ослободувањето на американските и сите други заложници на Хамас, напредокот во втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа и спротивставувањето на дестабилизирачките акции на иранскиот режим и неговите поддржувачи, објави Стејт департментот на својата веб-страница.

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, ја лишиле од слобода В.К.(22) од Скопје.

При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.

притисни ентер