Ковачевски го поднесе предлогот за нова влада до Собранието, ќе се избира викендов

Собранискиот спикер Талат Џафери експресно ја закажа седницата за избор на новата Влада за во сабота напладне откако мандатарот Ковачевски претпладнево му ги врачи списокот со новите министри и владината програма.

Според собранискиот Деловник расправата за избор на новата влада трае најмногу два дена, а треба да се гласа најдоцна до 24 часот во недела. Веќе од 17-ти јануари, понеделник, новиот владин тим ќе се смести на „Илинденска“.

Првите топ три приоритети со кои новата Влада ќе се зафати се економски, најаваи Ковачевски.

Во врска соизборотна новите министри, Ковачевски вели дека ресорите се бирани според капацитетот на индивидуалците, а дел од министрите ги задржал оти добро работеле.

Од актуелните министри од СДСМ Бојан Маричиќ ротира на вицепремиерското место за евроинтеграции наместо Никола Димитров, а своите позиции ги задржуваат Фатмир Битиќи како вицепремиер за економски прашања, Оливер Спасовски како прв човек во МВР и Благој Бочварски во транспорт и врски.

-Предлогот беше таков, некои министри да одат од еден ресор во друг затоа што се покажале ефикасни во одредено министерство. Во однос на одредени решенија, некои министри останаа во своите ресори поради зголемувањето на перформансите на министерствата, го подигнале стандардот на работење и ги реализирале капителните проекти кои им биле планирани за 2021 година – рече Ковачевски.

Како што е познато од вчера, најголемо изненадување во списокот на Ковачевски е професорот по кривично право Никола Тупанчевски, како министер за правда, а новина е и името поранешната пратеничка на СДСМ, Славица Грковска, која треба да го замени Љупчо Николовски во вицепремиерската позиција за борба против корупција, додека тој ќе се врати во земјоделство..Досегашната пратеничка Славјанка Петровска како наследник на Шекеринска во одбрана, а за нова министерка за култура, пак, е предложена пратеничката и новата потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Ново име има и на чело на министерството за труд и социјална политика – Јована Тренчевска на местото на Јагода Шахпаска.Со договорот Заев-Гаши, се воведува и министер без ресор за дијаспора, а функцијата ќе ја извршува Џемаил Чупи..

Ковачевски и новите миинстри ќе седнат во фотељите следната недела, а дали ќе јадат од скап кујнски прибор, за кој актуелната Влада одвоила 37.000 евра, ќе се знае откако новиот премиер ќе ја разгледа набавката.. Ако има неправилности, ќе биде поништена, најави Ковачевски..

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

притисни ентер