Ковачевски – Гир: Потребна е кохезија околу европската стратешка цел

Оваа година е значајна за Македонија, потребна е кохезија за продолжување на преговорите со ЕУ и конечна реализација на државната стратешка цел, заклучиле Гир и Ковачевски, на средба во Владата.

Оваа година е значајна за Македонија, потребна е кохезија за продолжување на преговорите со ЕУ и конечна реализација на државната стратешка цел, заклучиле Гир и Ковачевски, на средба во Владата, на која премиерот повторил дека нема да дозволат провокациите коишто доаѓаат од трети страни да наштетат на билатералните односи со Бугарија..

- Оценето е дека геополитичката ситуација ја покажа потребата од јасна политичка ориентација на целиот Западен Балкан, каде што географски и припаѓа регионот. Дека за ова постои свесност и во Европската Унија и после 17 години од кандидатскиот статус и јулското отворање на преговорите лани, ова е момент што Македонија годинава не треба да го пропушти. – сооштија од владината прес служба.

Утрово евроамбасадорот Гир, имал средба и шефот на дипломатијата Османи, на која, како што соопштија од МНР, укажал на важноста од усвојување на најавените уставни измени, за што рекол дека е потребна “искрена политичка волја и проевропски курс од сите политички фактори во државата”.

За уставните измени, и Ковачевски и Османи најавија дека наскоро ќе почнат консултации, но останува неизвeсно како би се обезбедиле потребните 80 пратеници за постапката за почне.

За да се стигне до крајниот рок, до ноември, заедно со скринигот да завршат и уставните измени, собранискиот спикер Талат Џафери вели дека процедурата треба да почне најдоцна кон крајот на пролетта.

-Доколку во јуни или јули почне процедурата, јавната дебата би се одржала во септември кога би имало и конкретно утврден текст на предлог-амандмани. Јас сметам дека политичките партии од власта и опозицијата треба да седнат и да разговараат. Не мислам дека парламентарните избори кои ги бара опозицијата ќе бидат решение, туку напротив- на тој начин евроинтегративниот процес ќе се искомплицира. – рече Џафери на брифинг со новинарите.

Засега, категорично против промена на Уставот, а за предвремени избори, се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои заедно имаат 46 од вкупно 120 пратеници.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

Хаос во Брисел: Сточарите фрлија арско ѓубре на улиците и прскаа по зградите (ВИДЕО)

Земјоделците неделава ги блокираа улиците во Брисел, во близина на седиштето на Европската унија, протестирајќи против прекумерната бирократија, глобалните трговски договори, новите еколошки мерки и евтиниот увоз од Украина.

На патиштата биле забележани трактори и цистерни, а земјоделците фрлале зеленчук и арско ѓубриво, пренесува АП.

Кога ситуацијата ескалира, полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги држи подалеку земјоделците и нивната механизација.

Надлежните апелираа до граѓаните што повеќе да избегнуваат да доаѓаат во градот и да работат од дома.

Смрдеата на ѓубриво, запалени гуми и сено се рашири низ улиците на Брисел, но протестот вроди со плод.

Харис Џиновиќ и официјално е разведен: Мелина е никаква жена, важни ѝ се само парите

Пејачот Харис Џиновиќ денеска пристигна на првото рочиште за разводот од сопругата Мелина Џиновиќ.

Рочиштето се одржало во Белград, а Мелина не се појавила. По излегувањето од судот, Џиновиќ изгледал скршено, како што пренесуваат српските медиуми, а не ја поштедил сега веќе поранешната сопруга, тврдејќи дека таа е „никаква жена“.

„Прашајте ја зошто не дојде, немам никакво сознание. Двете страни се договорија, судот ја прифати и ја донесе пресудата. Официјално сум разведен. Се чувствувам одлично. Ова е сосема нормална работа, нема причина за славење, луѓе се согласија да не живеат заедно. Поддршката на мојот син ми значи многу“, изјавил пејачот, пишува Блиц.

"Не им верувам на жените. Мелина не е жена. Јас сум виновен што се потпирам на туѓата свест. Самата рече дека е материјалистка, ја интересираат само парите. Не ми е гајле со кого ме изневерувала. Син ми е многу лут на неа, не се каам, купував сè за неа, таа е материјалистка“, додаде тој.

Да потсетиме дека Харис и Мелина се запознале во 2003 година. Првпат ја видел во кафуле во родното Сараево, но не бил мирен додека не го добил нејзиниот телефонски број. Се венчаа по 11 години заедно во Дубровник на спектакуларна едрилица долга 88 метри. Пејачот не дозволи разводот да влијае на неговите деловни обврски и продолжи со концерти низ регионот.

Пејачот неодамна за прв пат проговори за причините за разделбата. "Таа ја знае причината, ме остави, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично сопругот кој е изневерен последен дознава", рекол Харис.

„Луѓето велат дека разводот после смртта е најтешката работа. Јас малку би го негирала тоа. Ако не ти се допаѓа да бидеш со мене, ниту јас не сакам да бидам со тебе“, заклучил пејачот. Тој додаде дека разводот не бил тежок за нивните деца Џина (20) и Кан (18), бидејќи тие се веќе полнолетни.

притисни ентер