Ковачевски: Францускиот предлог е неприфатлив за мене, за претседателот и за граѓаните

Премиерот Ковачевски пред малку јасно порача што мисли за францускиот предлог? Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Нагло зголемен бројот на заразени со ковид во Британија

Бројот на инфекции со коронавирус во Британија се зголеми за повеќе од половина милион за една недела и се очекува дополнително да се зголеми, поттикнат од најновите варијанти на омикрон BA.4 и BA.5.

Бројот на хоспитализации продолжува да расте и има рани знаци за зголемување на бројот на пациенти на интензивна нега. Се проценува дека вкупно 2,3 милиони луѓе заболеле дома од коронавирусот минатата недела, што е за 32 отсто повеќе од претходната недела, според податоците на Канцеларијата за национална статистика (ONS).

Ова е највисоката проценка на вкупните инфекции од крајот на април, но сè уште е под рекордното високо ниво од 4,9 милиони регистрирани на врвот на бранот омикрон BA.2 кон крајот на март.

„Во Британија гледаме постојан пораст од над половина милион инфекции, веројатно предизвикано од ширењето на варијантите BA.4 и BA.5“, рече Сара Крофтс од ONS.

„Ова зголемување е видливо за сите возрасни групи, области и англиски региони. Ќе продолжиме внимателно да ги следиме податоците за да видиме дали овој раст ќе продолжи и во наредните недели“, додаде таа.

Вирусот е најраспространет во Шкотска и се проценува дека 288.200 луѓе заболеле од Ковид-19 минатата недела, што е еден на секои 18 жители.

Во Англија минатата недела 1,8 милиони луѓе биле заразени со коронавирус. Секој 30-ти жител бил заразен.

Во Велс имало 106.000 заразени или на секои 30 жители, а во Северна Ирска бројот на зарази се искачил на 71.000 луѓе - секои 25-ти жител бил заразен.

Поранешниот сопруг на Меган Фокс доби син и го откри неговото необично име (ФОТО)

Брајан Остин Грин доби син со неговата нова девојка Шарна Бурџис.

48-годишникот, среќната вест ја сподели на Инстаграм. Откри дека момчето се вика Зејн Вокер Грин, а е роден на 28 јуни во 12 часот и 12 минути.

Бурџис ја објави фотографијата и напиша: „Моето срце сега е засекогаш надвор од моето тело“.

Грин има три деца со Меган Фокс - Џорни Ривер (5), Боди Рансом (8) и Ноа Шенон (9), додека со Ванеса Марсил има 20-годишен син Касиус.

Ѕвездата од Беверли Хилс 90210 изјави за People претходно овој месец: „Бебето доаѓа во топол дом и семејство и ќе биде опкружено со љубов. Многу сме возбудени“.

Двојката почна да се забавува пет месеци откако Грин го потврди разводот од Фокс по 10 години брак. Во октомври минатата година прославија една година од нивната врска, а во февруари годинава објавија дека чекаат дете.

Американец пукал од дома и убил двајца полицајци и нивното куче (ВИДЕО)

Американцот Ленс Сторц од Кентаки завршил во притвор откако убил двајца и повредил неколку полицајци. Мажот се забарикадирал во куќата и почнал да пука.

Како што пренесува ABC, пукањето се случило во округот Флојд вчера околу 6:44 часот по локално време. Според извештајот од апсењето, Сторц бил вооружен со пушка и испукал повеќе куршуми кон полицајците од неговиот дом, при што убил двајца полицајци и едно полициско куче. Полицијата дошла во куќата на Сторц поради пријава за семејно насилство.

Ранети се петмина полицајци и директорот на Управата за вонредни состојби. Идентитетот на убиените полицајци сѐ уште не е соопштен. Гувернерот на Кентаки, Енди Бишер, на Твитер напиша дека округот Флојд претрпел страшна загуба и го повика целиот Кентаки да се моли. „Ова е тешко утро за нашата заедница“, напишал Бишер на Твитер.

Сторц е во притвор по повеќе обвиненија, вклучително и убиство на полицаец и обид за убиство на полицаец. Тој се изјаснил за невин и е задржан со кауција од 10 милиони долари. Американецот се враќа на суд на 11 јули.

притисни ентер