Ковачевски: Дел од коалиционите партнери изразија позитивни ставови

Дел од коалиционите партнери изразија позитивни ставови по однос на францускиот предлог.

Дел од коалиционите партенри на кои им беше презентиран францускиот предлог изразија позитивни ставови, останатите треба да се изјаснат периодот што следи, истакна премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Во однос на консултациите, ние веќе имавме првична средба со коалиционите партнери на кои што им беше презентирано, дел од тие коалициони партнери веќе изразија позитивни статови во однос на предлогот кој го имаме добиено, дел тоа ќе ги кажат своите ставови во идниот период ние нормално имаме комуникација со нашите коалициони партнери. Остана за консултација уште дел, јас утрово имав телефонски разговор со Зијадин Села, најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен, објаснет во сите делови, изјави Ковачевски.

Во однос на консултациите со Собранието и тоа кога одлуката ќе биде претставена во Влада, премиерот рече дека дискусијата во Собранието ќе се одвива во согласност со собраниските процедури, бидејќи како што рече, „Владата не може да наложува на кој начин ќе се води расправата“.

Премиерот Димитар Ковачевски во однос на ставовите изнесени од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по нивната средба изјави дека сите тие прашања не задираат во прашањето за македонски јазик кое што е чисто во преговарачката рамка и во сите документи на ЕУ, не задираат во идентитетот на македонскиот народ и во самобитноста од кој било аспект на македонскиот народ.

-Тоа е мултилатерален документ кој на Република Македонија и е испратен официјално од претседателството на ЕУ Франција, кој е преземен од новото претседателство Чешка. Во моето воведно обраќање кажав дека ова е предлог кој ги опфаќа нашите црвени линии дефинирани во резолуцијата која ја има донесено Собранието на Република Македонија, рече Ковачевски по средбата со Мицкоски во Клубот на пратениците.

За тоа кога ќе се случат уставните измени и тврдењата на Мицкоски, премиерот кажа дека сите партии имаа свои изјави во изминатиот период, некои се држат до своите изјави, како тој, некои ги менуваат тие изјави.

-Нашиот Устав предвидува дека граѓани кои се самоопределуваат на друг начин од македонскиот народ можат да бидат дел од Уставот. Тоа го побараа граѓаните кои се самоопределуваат како Црногорци, како Бугари и како Хрвати. Можеби ќе го побараат и други. Еѓипјанската заедница во земјава е многу значајна заедница. Поддржувањето на такво влегување во Преамбулата на Уставот е таква одговорност затоашто ние претставаме пример во Европа за најдобра уреденост на односите помеѓу сите граѓани по сите основи. Затоа сметам дека сите 120 пратеници во Собранието да го поддржат, рече Ковачевски.

Не одговори кога ќе биде отворен Уставот, туку рече дека смета оти во моментот кога ќе дојде да се одлучува за вклучување на овие граѓани во Преамбулата на Уставот дека сите ќе бидат на висина на својата задача и побара сите да го поддржат.

Според Ковачевски, позициите на Владата ќе бидат изградени врз основа на мислењата од консултираните страни што ќе бидат доставени.

-Откако ќе завршиме со консултативниот процес овие мислења ќе бидат доставени до Владата и врз основа на образложенијата Владата ќе ја достави одлуката и ќе ја испрати до ЕУ.

За предлогот на претседателот Стево Пендаровски искажан по денешниот состанок на Советот за безбедност, Ковачевски рече дека го поддржува и Владата ќе побара од преговарачите и нашите институциите да се придржуваат до донесените резолуции.

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

Од петок постепена стабилизација на времето

Невообичаено топлите времелетни температури нагло се заменија со ладни и дождливи денови.

Во наредните 2 дена ќе владеат врнежи, на некои места ќе бидат поројни, а планинските предели ќе добијат уште една мала снежна покривка, предупредуваат од УХМР. Оние кои планирале прошетка претсојниот викенд не треба да се грижат, тмурните облаци ќе се расчистат, а вистинската пролет, со умерени температури веќе при крајот на неделата ќе пристигне во Македонија.

-Веќе од петок ќе имаме постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува во петок претежно стабилно, веќе и потопло време, а од деновите од викендот со максимални температури кои ќе бидат во интервал од 18 па се до 26 степени.-УХМР

Сепак ваквото време во претстојните два дена го вклучи и алармот кај ЦУК. Од таму ги предупредуваат граѓаните да внимаваат на магистранлните и регионални патишта поради одрони од карпи, како и на прилагодување на брзината поради мокри патишта. Воедно, граѓаните да избегнуваат суводолици порадо можност од нагло надоаѓање на вода, а и одводните канали треба да бидат чисти и проточни, наместо да се создаваат брани од ѓубре...

-Истовремено да се внимава на работите што можат буквално, како велиме, да одлетаат од градбите во населбите и особено што се од градбите во изградба, градилиштата, треба да се обезбедат практично сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓето кои што се во околината. Ако се престојува на планина пак препорачливо е да се има доволно гориво во возилата и да се внимава на планинските патишта, конкретно на лизгавостаи на проодноста на патот особено ако не е асфалт. – Илија Бојаровски – ЦУК

Според хидролозите, не постои закана и опасност од излевање кај поголемите реки и сливови, но и тие упатуваат на внимателност кај суводолиците и помалите сливови, како и кај атмосферските канализации кои се во опасност од запушување. Сепак, уверуваат, дека дождливото време во овој период е повеќе од добредојдено.

притисни ентер