Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски

„Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски, процеси против ЕУ се осудени на неуспех“.

Иницијативата за рефернедум е единствено за личен спас на фотелјата на Мицкоски во Белиот дворец, еден ретрограден процес којшто има за цел да го попречи интегрирањето на земјата во ЕУ и враќање во едни минати времиња на изолации, рече денеска пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски по официјалното доставување на иницијативата за Референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието.

Улогата на Собранието е само во оценување на уредноста на иницијативата. Откако ќе пристигне и ќе ја помине собраниската процедура, ние ќе се изјасниме како пратеничка група, како партија и парламентарно мнозинство, додаде Костовски.

- СДСМ е на страна на граѓаните, на страна на државата. Од независноста во 1991 година па навака Собранието и пратеничката група на СДСМ е на линија на државниот интерес и сите донесени одлуки се во оваа насока, во интерес на граѓаните. Така ќе биде и овој пат. Како владејачко мнозинство соопштивме дека оваа иницијатива е едно ретерирање, еден ретрограден процес, којшто има за цел да ја одведе Република Северна Македонија во едни изолации, во едни минати времиња. Како парламентрано мнозинство ние сме на иста линија во намерата и целта да се изоди европскиот пат на државата. Процеси против ЕУ се осудени на неуспех. СДСМ е на страна на граѓаните, на страна на државата и се надевам дека ќе преовлада разумот и кај опозицјата, рече Мартин Костовски.

-Активните и пасивни блокади на ВМРО-ДПМНЕ се одлика на плашливото, кукавично однесување на Христијан Мицкоски. И оваа иницијатива за референдум е токму тоа, еден вид кучавичко јајце во јавноста се со цел да се сочува фотелјата на Христијан Мицкоски во Белата палата и малата група послушници коишто се околу него. Сведоци бевме на многу изјави на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се сложуваат со ваквото однесување на лидерот на опозицијата, особено во вакви важни, круцијални моменти за државата. Единствено за зачувување на позицијата на Мицкоски и неколку негови верни поддржувачи, изјави денеска Мартин Костовски, пратеник од СДСМ.

Напад со нож во автобус во Турција- патниците шокирано го гледаат крвавиот масакр (ВИДЕО)

Страшна сцена е снимена во градски автобус во областа Карамурсел, Турција, а едно лице го загубило животот во напад со нож.

Енес Јигит Тораман (29) починал како последица на убоди со нож додека се возел во јавен превоз, а безбедносните камери од возилото ја снимиле драматичната ситуација.

На 4 јули бил нападнат со нож од Б.А.(39), кој влегол во автобусот на станицата и веднаш го започнал нападот.

Сега се појави видео кое ја прикажува страшниот крвав масакр. Исто така, во моментот на нападот, во автобусот имало десетина патници кои побрзо се упатиле кон излезот кога почувствувале што ќе се случи.

Несреќниот Енес итно бил префрлен во болница, но за жал, немало помош за него и тој починал, пишува ntv.com.

Осомничениот за убиството побегнал во друг автобус, но набрзо бил фатен.

Џорџ и Амал Клуни ги понижија Хари и Меган, а беа на нивната свадба

Кралската венчавка во 2018 година, кога Меган Маркл и принцот Хари го кажаа судбоносното „I do“, беше настан што го следеше целиот свет.

Сепак, се чини дека драмите не се одвивале само во кралското семејство.

Меѓу познатите личности кои дојдоа како гости на нивната прослава беа познатиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни. Сите тогаш добија впечаток дека нивното пријателство е, барем, трајно, со оглед на тоа дека се запознале на официјални настани. А тоа некако го „потврдија“ подоцна, на настаните на кои присуствуваа заедно. Но, со текот на времето почнаа да се шират приказни дека во моментот на венчавката овие парови не се ни познавале и дека тоа е нивната прва средба, што е малку чудно.

Месеци подоцна се чинеше дека се во добри односи, но како што минуваа годините се забележуваше и дека нивната врска се лади.

Неодамна, семејството Клуни организираше „The Albis“, забава посветена на филантропската работа што ја работат долги години. На листата на гости се најдоа најпознатите светски фаци, од актери до пејачи и водители, но се чини дека изостанаа некои имиња. Во исто време, принцот Хари го посети Њујорк на своето соло патување, каде што се одржа забавата.

Сепак, Клуни, кои го знаеле ова, не го поканиле принцот да дојде. Ова е втор настан по ред што Клуни го организираат без да ја поканат кралската двојка. Минатата година, Хари и Меган изјавија дека биле прилично изненадени во тоа време што биле изоставени, рекоа тогашните извори.

Но, што се однесува до овогодинешната забава, Хари, кој лесно можеше да дојде бидејќи беше на истото место каде се одржуваше забавата, се чувствувал понижен поради тоа, како што објавиле упатени блиски до кралската двојка.

„Од сите критики со кои мораа да се соочат откако се преселиле во Холивуд, ова е веројатно најголемото понижување за Хари и Меган“, изјавил инсајдер за Radar Online.

Со оглед на тоа што е познато дека Хари има желба да си ја врати репутацијата, со или без Меган, овој настан можеше да му го обезбеди токму тоа.

Позната е причината за смртта на фудбалерот на Панатенаикос, чие тело било во домот во Атина

Грчката полиција официјално ја потврди причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок, кој вчера вечерта бил пронајден мртов во својот дом во Атина.

Како што се сомневаат, причина за смртта на грчкиот репрезентативец е давење. Според извори на „Њуз247“, обдукцијата била завршена околу пладне на Одделот за судска медицина на Универзитетот во Атина, додека за неколку дена се очекуваат токсиколошки наоди.

Обдукцијата во целост ја потврдила сликата што ја направил лекарскиот вештак. Кога полицајците го пронашле Болдок и го превртеле неговото тело, од устата му излегувала вода - честа појава при давење. Тој голтал вода додека бил жив и таа вода му влегла во белите дробови.

Неговото тело немало траги, рани или модринки кои би укажувале на какво било кривично дело. До базенот било пронајдено полуполно шише вотка и чаши, кои се испратени во форензички лаборатории.

Да потсетиме, Болдок бил пронајден мртов вчера вечерта во 22 часот и 30 минути, додека истрагата покажала дека тој починал меѓу 19 и 20 часот.

притисни ентер