Костов: Да ги засукаме ракавите како во 2008 година и да ги спроведеме тие реформи

Сотир Костов, Ѓорѓи Трендафилов и Љуљзим Фаризи, гости во Само Вистина.

Костов: Да ги засукаме ракавите како во 2008 година и да ги спроведеме тие реформи

Трендафилов: Триесет години наназад нерешавањето на внатрешен план, слабостите на внатре во државата резултираа од внатрешно прашање да го направиме некаков билатерален проблем. Во 2017 година има една формулација во договорот за добрососедтсво, а тоа е формулацијата на т.н. заедничка историја. Претходната власт мислеше дека со Преспанскиот договор и влезот во НАТО дека ги затворила внатрешните прашања. Има закон со кој на еден клуб во Битола поради името Ванчо Михајлов, донесовме реторактивен закон и го избришавме од регистар. И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ има дузина истакнати превенци на двете партии кои се Бугарски државјани и работат со децении таму, како никому не му е ставено вето таму?

Костов: Постои начин, пиење кафе на Европски начин, Орбан го испи кафето, зошто може за Украина и Молдавија, а не може да Макеоднија? Во докторината на Бугарија за Македонија, таа со зелените корици, постои член кој вели „ние Грците и Бугарите се договараме за заедничка стратегија против Макаедонија за да си ги оствариме нашите интереси во поглед на Македонскиот јазик, Македонската историја и култура. Кога Бугарија влегуваше во ЕУ се потпиша дека немаат проблеми со соседите, кога сакаш на соседот да му го земеш тоа што му е најсвето си го фаил во ќош зошто си на повисоко место.

Фаризи: Да потпишуваш договор, со кој не се согласува Македонскиот народ, а во време на претходната влада кога министер за надворешни работи беше Бугар Османи од ДУИ, а од друга страна да бараш автентично толкување на Рамковниот договор, и браниш некоја идеја за кантонизација или федерализација, мислам дека ВМРО-ДПМНЕ е во право кога вели дека никој не ги бранел интересите на државата. Да не забораваме дека Ципрас спомна дека ако во друго време се потпишљувал договор за името, кога Грција издвои победа, од другата страна не би било прифатливо.

Викендов почнува летното сметање на времето- стрелките се поместуваат еден час нанапред

Викендов почнува летното сметање на времето.

Викендов почнува летното сметање на времето- стрелките се поместуваат еден час нанапред

На 30- март во 02 :00 часот стрелките на часовниците ќе се поместат еден час нанапред,и ќе се смета како три часот...

Со оваа промена како и секоја година, денот ќе биде подолг а ноќта пократка..Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд во целата земја

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер. 

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд во целата земја

Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава.

Во западните делови на земјата се очекува значително покачување на водостоите и полнење на речните корита. Исто така, според дел од нумеричките модели за прогноза, и во источните и југоисточните делови на земјата можно е да има интензивни врнежи од дожд (претежно за време на ноќта и утрешниот ден) што ќе услови зголемување на водостоите.

Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градските населени места. Се предупредува на претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

Познат фудбалер шокира: Да не беше кокаинот, лесно ќе ја освоев „Златната топка“

Поранешниот романски фудбалер Адријан Муту верува дека можел да ја освои Златната топка доколку не ја направел најголемата грешка во кариерата и конзумирал кокаин.

Познат фудбалер шокира: Да не беше кокаинот, лесно ќе ја освоев „Златната топка“

Муту, кој сега има 46 години, се пресели од Парма во Челзи во 2003 година за 16 милиони фунти и беше редовен во својата прва сезона, постигнувајќи 10 гола под водство на Клаудио Раниери. Меѓутоа, со доаѓањето на Жозе Мурињо, неговиот статус се промени, а ситуацијата кулминираше во октомври 2004 година, кога тој беше позитивен на тестот за кокаин и доби седуммесечна суспензија.

- Земањето кокаин за време на мојот период во Челзи беше најлошата одлука во мојата кариера. Бев сам и тажен, но ниту депресијата ниту ништо друго не ги оправдува моите постапки. Требаше да побарам помош, но не побарав. Сепак, учиш од се во животот, таа лекција ме направи подобра личност, многу позрела и свесна за моите постапки – изјави Романецот.

По скандалот, Муту никогаш повеќе не заигра за Челзи, но кариерата ја продолжи во Италија, каде блесна во дресот на Фиорентина со 69 гола во пет сезони - додека еден помина и во Јувентус. Сепак, тој е убеден дека можел да постигне многу повеќе.

- Многу пати сум размислувал за тоа. Верувам дека повеќе од една сезона бев меѓу најдобрите фудбалери во светот, па лесно можев да ја освојам Златната топка. Но, лошите одлуки ми го ускратија тоа. Сепак, се трудам да не се обвинувам премногу.

По завршувањето на кариерата во 2016 година, Муту се сврте кон тренерската работа. Раководеше шест клуба и беше селектор на романската репрезентација до 21 година, а последен ангажман му беше во Петролул од кој си замина по само четири месеци.

притисни ентер