Костадиновска-Стојчевска: Грижата,односот и љубовта кон културата ја градиме од најмала возраст

Насмевки кај публиката предизвика специјалната изведба на „Волшебникот од Оз“ по повод започнувањето на Меѓународниот ден на детето .

Насмевки кај публиката предизвика специјалната изведба на „Волшебникот од Оз“ по повод започнувањето на Меѓународниот ден на детето што се одбележа во организација на Министерството за култура во соработка со училиштето за театар „Од игра до претстава“, на Школка во Градскиот парк.

„Од најрана возраст ги учиме децата да го посетуваат театарот, а со тоа градиме генерација која ќе дава посебна поддршка, ќе води грижа и ќе развие љубов кон културата. Ние сме горди на оригиналната изведба на „Волшебникот од Оз“ на сите кои настапуваа од училиштето за театар, „Од игра до претстава“.

Претставата го оживеа духот на Денот посветен на детето, славејќи го единството и љубовта што им е потребна на сите деца“, истакна по настанот министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Ѕвездената актерска екипа, заедно со тимот, приреди тетарско шоу за паметење, потсетувајќи нè сите нас на моќта и шармот на изведувачките уметности.

„Министерството за култура со вакви настани ја потврдува својата посветеност за промовирање на уметноста и негување на креативните таленти во нашата земја. Потребни се уште повеќе културни соработки и настапи во иднина сè со цел да се потенцира потенцијалот на младите уметници,“ заклучи министерката.

Креативниот тим беше составен од преведувачката Мирјана Давчевска, шминкерката Марија Лападатовиќ и сценографите Горан и Александра Сачкарски. Продукцијата е под менторство на Игор Ивковиќ, Марина Поп Панкова, Миодраг Костиќ, Ирена Илиевска и Афродита Кирјаковска.

Во оваа извонредна изведба на „Волшебникот од Оз“ ја сочинуваат група на таленти, меѓу кои: Неда Тасевска, Максим Апостоловски, Теофил Сачкарски, Андреј Танушев, Калин Атанасовски, Теона Трошанска, Матеа Кожаровска, Неда Блажевска, Андреа Стојковска, Јосиф Блажевиски, Ведран Маричиќ, Теодора Трајковека, Анастасија Геговска, Дарија Секуловска, Јана Палески, Јана Групчева, Марко Миноски.

Скандал во Гугл: Отказ за 28 вработени, кои протестирале против потегот на гигантот (ВИДЕО)

Американската технолошка корпорација Гугл отпушти 28 вработени кои активно се спротивставија на големиот договор на компанијата за 1,2 милијарди долари со Владата на Израел.

Вработените во две канцеларии на Google, во Њујорк и Калифорнија, протестираа против „Nimbus Project“, според кој Google, во соработка со Amazon, ќе обезбеди облак услуги за складирање и обработка на податоци за израелската влада, пренесува технолошкиот портал Verge.

Тие рекоа дека договорот ќе им помага на израелските власти, а особено на израелската армија, во „спроведувањето на политиката на геноцид“, мислејќи на тековниот воен конфликт на Израел со палестинското движење Хамас.

Според информациите од интерен меморандум на Google, компанијата отпуштила вработени кои за време на протестот „уништувале канцелариска опрема, ја попречувале работата на другите вработени и им се заканувале на нивната безбедност“.

Поради оние кои одбиле да престанат да се однесуваат така, интервенирала полицијата и тие биле отстранети од канцеларијата, се додава во соопштението.

„Огромното мнозинство од нашите вработени ја прават вистинската работа. Ако сте еден од ретките кои мислат дека ќе го одобриме минатото однесување што ги прекршува нашите политики, размислете повторно“, предупреди шефот за глобална безбедност на Google, Крис Раков.

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење

Ние немаме уште 20 години да чекаме, туку треба да ги направиме следните чекори, за повеќе да не биде изборно прашање „Дали сте за Европа?“.  

Да сте за Европа значи да сте за подобар живот, порача денеска пред граѓаните на општина Чешиново-Облешево кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Добро е да се биде членка на ЕУ, кога си земја членка на ЕУ, добиваш огромни средства од европските фондови прво за земјоделство, а потоа и за инфраструктура. ЕУ дава сериозни пари за да се обезбеди рамномерен регионален развој за да не биде некој регион многу богат, а некој многу сиромашен и поради тоа важно ни е да станеме земја-членка на ЕУ“ порача Пендаровски.

Но, додаде тој, опозицијата го блокира патот кон ЕУ, се противи на договорите, со изговор дека ќе направи нови договори, кои наводно ќе биле подобри.

„Тие велат, ова не чини, тоа не чини, ние ќе направиме нови договори. Додека тие ги направат тие договори, под претпоставка дека ќе бидат подобри, што нема да биде случај и оние малку млади што се во државата ќе се иселат од тука“ истакна Пендаровски.

Пендаровски порача дека работите ќе се сменат на подобро само ако сите се посветат на она што е важно за граѓаните и државата и од присутните побара поддршка на изборите на 24 април, соопштуваат од неговиот тим.

Драма во авион: Млад Италијанец ненадејно почина, тргнал на одмор со бремената сопруга

Италијанецот Џузепе Стило (33) ненадејно починал во авион на Рајанер, а трагедијата се случила кога тој и неговата бремена сопруга тргнале на одмор.

Двојката полетала од Торино до Ламеција Терме.

Одеднаш му се слошило, а неговата сопруга, која седела во друг дел од авионот, на почетокот не ни знаела што се случува. Дури кога видела дека патниците и членовите на екипажот се раздвижиле, таа станала и отишла кај сопругот, кој веќе починал.

Италијанските медиуми јавуваат дека Федерика Марела, сопругата на Џузепе, е бремена и дека парот заминал на краток одмор за да ги наполни батериите пред да станат родители.

- Екипажот на авионот и еден патник, кој е лекар, дадоа сѐ од себе. Користеле дефибрилатор, пробале реанимација, но залудно – рекол еден од патниците, пренесе Дејлимејл.

Фредерика доживеала голем шок и на крајот била префрлена во болница. Лекарите биле загрижени за здравјето на бебето бидејќи била бремена во петтиот месец. На полицијата ѝ рекла дека Џузепе не се чувствувал добро тоа утро, но дека не сакал да го откажат одморот. Веднаш откако дознал што се случува, пилотот го свртел авионот и се вратил во Торино. Џузепе Стило бил страстен турист. Сакал да пешачи и да патува. Неговите пријатели тврдат дека тој бил „повеќе од маж“. Сите од градот Вибо Валентина кои го познавале него и Фредерика останале во шок по веста за трагедијата.

притисни ентер