Костадиновска-Стојчевска: Достапна е првата едиција стикери на македонски јазик за Instagram

Достапна е првата едиција стикери на македонски јазик за социјалната мрежа Instagram, објави на својот ФБ профил министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Имено, станува збор за 13 стикери, кои можат да се најдат под рубриката GIF, со впишување на клучни зборови како: петок, petok, петокмие, petokmie.

Станува збор за фрази, зборови кои се дел од разговорниот јазик на помладите генерации. Истите можат да се слушнат при нивните разговори на кафе или пијачка, во читална, во аулата на факултет, во парк, во маало или сл.

„Дојди во маало“, „Штеди, криза е“, „Верувај во себе“, „Ај на клупи“, „Седни учи“, „Тотално зелени“, „Испитна ми е“, „Не се сите исти“, „Лето е“ се дел од првата група стикери. Истите имаат за цел да ги поттикнат младите на социјализација, учење и реализирање на нивните обврски, кон себе си и заедницата во која живеат.

Втората група стикери се однесува на моментите на дружење, дочекување на викендот, како период кога одмараме, имаме повеќе време за себе и за луѓето кои ги сакаме. И тука можете да ги користите стикерите како: „Петок ми е“, „Живеам за викенд“ и „Сите сме луди“.

Основната цел е младите, но и сите граѓани повеќе да го користат македонскиот јазик на социјалните мрежи. Дигиталните медиуми и алатки, социјалните мрежи го променија начинот на комуникација. Со тоа, треба и ние да се адаптираме на промените и македонскиот јазик уште повеќе да го доближиме до младите луѓе.

Заштитата и афирмацијата на јазикот треба да биде од секој аспект, вклучително и во контекстот во кој се однесуваат и изразуваат новите генерации.

Овие стикери за социјални мрежи произлегуваат од она што младите навистина го зборуваат меѓу себе. Повикуваат на акција, одговорност, но содржат и моменти на хумор и фрази кои ги користат во секојдневната неформална комуникација.

Првата едиција стикери на македонски јазик е авторски проект на Ико Илиевски и Димитар Караташев, дел од јавниот конкурс „Цртај на македонски јазик“ 2022, објавен од Министерството за култура.

Уапсени се 13 членови на „балканскиот картел“, шпанската полиција им влезе во бункерот (ВИДЕО)

Агенти на Националната полиција во Шпанија, во соработка со своите колеги од Србија, разбиле криминална организација со српско потекло во Барселона, која наводно се занимавала со меѓународен шверц на дрога.

По тој повод, како што јавија шпанските медиуми, откриени се пет плантажи со марихуана во кои се запленети повеќе од 37.000 растенија.

Во шест провинциски општини уапсени се 13 лица и извршени се шест претреси во кои се запленети 25 килограми пупки марихуана и 32.000 евра во кеш, пишува Блиц.

Насадите се наоѓале во населени места, далеку од урбаните центри, а најголемите ги сместиле во напуштен хостел, кој претходно го претвориле во бункер.

Како што се наведува понатаму, освен трговија со дрога, осомничените им доставувале и таканаречени растенија „бејби“ на продавачите во Барселона.

Истрагата започнала во јануари годинава како резултат на размена на информации меѓу српската и шпанската полиција за водачот на криминална група од српско потекло кои живееле во Шпанија и биле особено активни во трговијата со дрога со своите роднини од иста националност.

„Откако истражителите ги лоцирале и идентификувале сите членови на организацијата, откриле дека тие биле задолжени за управување со експлоатација на неколку насади со марихуана во различни делови на провинцијата Барселона. Организацијата била структурирана на пирамидален начин, со јасна распределба на функциите кои сите нејзини членови ги знаеле и ги извршувале координирано и подредено, со целосна дискреција во комуникацијата со цел да се гарантира нивната безбедност“, вели изворот за шпанскиот медиум. Покрај наведеното, полицијата конфискувала и три мобилни телефони и едно возило.

Ева Лонгрија среде улица ги соблече високите сандали и одеше боса (ВИДЕО)

Ева Лонгорија била на настанот на американското издание на магазинот Elle во Лос Анџелес.

Таа за оваа прилика облече долг сребрен фустан кој го истакна нејзиното деколте и потпетиците во иста боја.

Но, изгледа дека чевлите не ѝ биле баш удобни. Додека се шетала со пријателките по настанот, Ева застанала на сред улица и ги соблекла штиклите, а папараците го снимиле тој момент. Остатокот од патот продолжи боса.

Во оваа ситуација можеа да се препознаат голем број жени бидејќи секоја од нив барем еднаш одела дома боса по ноќно излегување.

Потсетуваме дека оваа есен почина актерот Тајлер Кристофер, поранешниот сопруг на Ева, а многумина ја осудија актерката. Имено, наместо посвета на Кристофер, успехот кој го постигна актерката го сподели во магазинот Тајм. Додека едни ѝ честитаа за успехот, други беа лути што таа не му посветила објава на нејзиниот починат поранешен сопруг.

„А што е со Тајлер?“, „Таа не коментираше, а тој беше толку прекрасен човек“, „Би требало барем да напишеш нешто за бившиот“, „Тој не се ни олади, а ти се фалиш“. „Мислам дека Ева и Тајлер не беа во најдобри односи, па можеби сака да ги задржи чувствата за себе“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, Кристофер беше во брак со ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ од 2002 до 2004 година.

Сите бегаат од поплавите, а еден човек има друг проблем- снимката е хит (ВИДЕО)

Циклонот Михаунг предизвика големи поплави во Индија, а следното видео е снимено во областа Ченаи.

Многу жители на главниот град Тамил Наду се во сериозни проблеми поради поплавите. Сепак, среде хаосот, поединци се обидоа да го извлечат најдоброто од најлошото.

На социјалните мрежи кружи снимка од маж кој лови риба во надојдената вода. Наводно сѐ било снимено во населбата Тарамани, пренесува Times Now News.

Човек во кабаница уловил голема риба, но тешко ја контролирал. Корисниците најмногу на шега коментираа на сцената.

„Кога ќе добиеш поплава, оди на риболов“, напиша една личност.

Имало и такви кои изразиле загриженост за подводниот свет и опасноста што ги снашла.

„Поплавите предизвикаа многу проблеми, но долгорочно придонесуваат за опстанок на одредени видови. Оваа ситуација им дава можност да мигрираат во различни зони и да одржуваат генетска разновидност“, напишал еден човек.

притисни ентер