Костадинов: Во време на криза СДСМ покажува што значи вистинска грижа за сите граѓаните

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, денеска се обрати пред граѓаните на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Илинден.

Со пакетот антикризни мерки ја спасивме македонската економија. Имаме план за конечно надминување на последиците од економската криза, постепено враќање на предкризните стапки на економски раст и заживув, истакна Костадинов, додавајќи дека СДСМ со своите мерки и политики покажува што значи вистинска грижа за граѓаните и компаниите.

Реализиравме два пакети за помош на граѓаните и поддршка на компаниите за справување со последиците од кризата во вредност од 760 милиони евра, само во изминатите десет месеци, субвенционираме 80% од сметките за електричната енергија за домаќинствата и за 72.000 мали компании, производителите на прехранбени производи добиваат фиксна гарантирана цена за струјата, што доведе до намалување на цените основните прехранбени производи. Очекувам во наредниот период да се намалат цените на основните производи најмалку за 10%, нагласи Костадинов.

Потпретседателот на СДСМ нагласи дека со СДСМ пензионерите добиваат највисоки пензии, а минималната плата е покачена од 9 илјади на 18.000 денари и најави дека со Буџетот за 2023 година се предвидуваат средства за нов раст на минималната плата и пензиите, но и 800 милиони евра за капитални проекти.

Во ек на криза резултатот од социјалдемократките економски политики се 1.700 нови работни места само во изминативе неколку месеци. Само в о првите десет месеци од годинава во компаниите во технолошко индустриските развојни зони, се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени во нив, за првпат се искачи над 16.000, рече потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов на партиската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ вечерва во Илинден,с е наведува во партиското соопштение.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

притисни ентер