Костадинов: Составот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека тоа е нереформирана, назадна партија

Составот на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдува деструктивната и антидржавна матрица во која е заглавено ВМРО-ДПМНЕ.

Во обид да си ја спаси фотелјата во белиот дворец губитникот Христијан Мицкоски си скрои извршен комитет составен од докажани деструктивци кои работат против интересите на граѓаните и државата.

Меѓу нив е и Гордана Димитриевска Кочовска, дополнителната заменичка министерка во преодната Влада.

По налог на нејзиниот шеф Мицкоски, Кочовска намерно блокираше заем од Светска банка во висина од 90 милиони евра, пари кои во најголем дел беа наменети за зајакнување на здравствените капацитети во борбата против коронавирусот.

Кога не блокираше заеми, Кочовска редовно пласираше лажни вести преку кои се обидуваше да внесе вознемиреност меѓу граѓаните.

Со таквото дејствување, Кочовска застана против интересите на граѓаните и државата, застана против здравствениот систем.

За целиот период во Владата како дополнителна заменичка министерка, граѓаните од Кочовска не видоа ништо освен деструкција и лажни вести.

Ништо не се менува во опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски а раководена од Будимпешта, останува нереформирана, назадна и деструктивна партија посветена на одбрана на криминалот во сопствените редови.

Со таквиот нечесен, незрел и неодговорен однос кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште долго остануваат во опозиција.

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море, соопшти морнарицата

 Неколку руски воени бродови поминаа низ теснецот Баб ел Мандеб во Црвеното Море и покрај нападите на јеменските борци Хути врз трговски бродови, соопшти руската Пацифичка флота.

Телевизискиот канал „Ѕвезда“ управуван од Министерството за одбрана ја цитираше морнарицата дека рускиот крстосувач „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“ биле меѓу бродовите што навлегле во Црвеното Море.

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

 Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се овозможи обнова на нивната популација.

- Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега, рече Тухеитија во редок јавен настап.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маорите, домородни луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија смета дека давање ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се обрати заедно со високиот поглавица на соседните острови Кук, Травело Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

- Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и да тежат до 200 тони.

Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“.

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“.

На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу 400 лета и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

притисни ентер