Костадинов: Се обврзувам, верно да и служам на Струмица - Канал 5

Костадинов: Се обврзувам, верно да и служам на Струмица

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Струмица Коста Костадинов, на промоцијата во Струмица ја претстави својата визија за Струмица.

Костадинов: Се обврзувам, верно да и служам на Струмица

Костадинов, на промоцијата во Струмица ја претстави својата визија за Струмица, која се состои од општина препознатлива по силни економски параметри, пример за планирање и реализација на европски проекти, општина во која социјалната инклузија е нормално секојдневие, општина во која младите ќе гледаат потенцијал и светла иднина, град кој ќе биде препознатлив по спортски и културни случувања, град на Балканот иницијатор на Регионални иницијативи за зближување и заеднички живот, во сите сфери.

Тој истакна дека крупните проблеми во општината, локални улици и патишта, фекални и атмосферски канализации, водоводи, се практично решени, благодарение на силните заложби на досегашните градоначалници на Струмица и огромната поддршка што ја добива општината од страна на Владата.

„Но, сето ова е голема обврска и одговорност за секој човек кој се нафаќа да менаџира со луѓето и ресурсите. Свесен сум дека од мене, како иден градоначалник се очекува градот и општината да одат напред", нагласи Костадинов.

Тој, како клучни проекти од неговата програма ги издвои Чешел пазар, нова противпожарна станица, булевар по „Св. Илија" низ касарната, булевар „Братство и Единство" кон Агроберзата, булеварска делница, во правец на булеварот „Климент Охридски" кон Жито Струмица, кон бензинската пумпа на „Макпетрол" и кон Куклиш, Дом во Банско и во Куклиш, нов градски пазар, реконструкција на градски плоштад „Гоце Делчев", а за младите, современ адреналински парк на ридот над Струмица.

„За постигнување на големи работи треба чиста мисла и несебично дејствување, дванаесет месеци во календарската година ќе работам со сто процентен фокус на Вас, на Вашето секојдневие, на проблемите и на успесите, дванаесет е бројот кој стои до моето име на овие Локални Избори и е гарантот за унапредување и развој на нашата Струмица", нагласи Костадинов.

Верно ќе ви служам вам и на нашата општина кон патот на уште поголем прогрес. Ќе го дадам најдоброто за сите вас, затоа со чист образ од вас барам поддршка за да ви служам заедно со мојот тим во претстојните 4 години, ги повика граѓаните Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Струмица Коста Костадинов.

YouTube video

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

притисни ентер