Костадинов: Мицкоски го предлага Владимир Панчевски за шеф на новото обвинителство, човек за кого се води истражна постапка

Мицкоски за нов шеф на новото Јавно обвинителство го предложи Владимир Панчевски кој е суспендиран и против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот.

Мицкоски за нов шеф на новото Јавно обвинителство го предложи Владимир Панчевски кој е суспендиран и против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот. – рече Костадин Костадинов член на ИО на СДСМ и портпарол на партијата во емисијата Патот кон... на Аласат Телевизија, зборувајќи за позицијата на ВМРО ДПМНЕ да заштитува криминал на режимот на Груевски.

Костадинов истакна дека мошне значајно е што предметите од СЈО се обезбедени и по нив ќе постапува надлежна институција. Правда и одговорност за сите, значи тоа .

Јасно порачавме дека правна држава и правда мора да има и секој кој се огрешил пред законот мора да одговара .-истакна Костадинов.

Тој додаде дека сето тоа направи паника во ВМРО –ДПМНЕ кои прават последен обид да ги спасат криминалите и криминалците , а кои што за владејачката партија значат црвени линии кои нема шанси да се поминат.

Сепак оставаме простор согласно демократските принципи на РСМ , ВМРО-ДПМНЕ да се огради од криминалите и криминалците и заеднички да го донесеме законот за ЈО.- посочи Костадинов.

,,Ако на некого му одговара да се случат избори тоа е СДСМ, затоа што анкетите на јавното мнение покажаа и докажаа дека рејтингот на владејачката партија е поголем.-истакна Костадинов член на ИО на СДСМ и портпарол на СДСМ во емисијата Патот кон.. на Алсат Телевизија.

Ние сметаме дека избори не ни се потребни ,затоа што сметаме дека треба да ја испочитуваме вољата на граѓаните кои ни дадоа мандат од 4 години. Имаме сериозна одговорност кон граѓаните да го довршиме решавањето на важните прашања за нашата држава, како интеграцијата во НАТО и ЕУ и дореализираме економските политики кои веќе даваат реални резултати.-посочи Костадинов.

Дека ВМРО-ДПМНЕ сака предвремени избори е само фарса, затоа што ако беше поинаку ќе беше споменато и на лидерската која се одржа, а такво прашање воопшто немаше.-додаде Костадинов.

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море, соопшти морнарицата

 Неколку руски воени бродови поминаа низ теснецот Баб ел Мандеб во Црвеното Море и покрај нападите на јеменските борци Хути врз трговски бродови, соопшти руската Пацифичка флота.

Телевизискиот канал „Ѕвезда“ управуван од Министерството за одбрана ја цитираше морнарицата дека рускиот крстосувач „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“ биле меѓу бродовите што навлегле во Црвеното Море.

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

 Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се овозможи обнова на нивната популација.

- Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега, рече Тухеитија во редок јавен настап.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маорите, домородни луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија смета дека давање ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се обрати заедно со високиот поглавица на соседните острови Кук, Травело Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

- Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и да тежат до 200 тони.

Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“.

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“.

На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу 400 лета и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

притисни ентер