Косовското собрание денес ќе одбира нова влада

Косовското собрание денес ќе одбира нова влада.

Седницата на косовскиот парламент за гласање на новата влада предводена од Авдулах Хоти ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот,најави првиот човек на парламентарната група на Демократскиот сојуз на Косово Арбен Гаши. Тој не може да каже дали сите пратеници од неговата партија би гласале за новата влада, но рече дека имаат доволно гласови за да го изберат Хоти.

По изгласувањето недоверба на кабинетот на Албин Курти тој не одговори на неколкуте повици на претседателот Хашим Тачи да именува кандидат за формирање нова влада, а неговото движење самоопределување го оспори пред уставен суд неговото право да го додели мандатот на друга, освен на партијата победничка на изборите и тврдеше дека нова влада може да се формира единствено по нови избори, кои би се одржале откако ќе помине пандемијата на ковид-19. Во минатиот четврток уставниот суд го отфрли барањето на самоопределување со што му се овозможи на Хоти да формира нова влада.

Арсовски: СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава

СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава, а кланот Заеви изминативе три години се на врвот на мафијата во државата.

Тоа сите го знаат, го слушаат, го гледаат. И она што е најважно на сето тоа мора да се стави крај.

Од снимката која излезе низ медиумите, гледаме дека Вице Заев директно нарачувал палење на автомобили преку нивни член на подземјето од Битола, Горан Димовски, Тушникот.

Не ни очекуваме дека Вице Заев и Зоран Заев да се дружат со професори и академци, но затоа си имаат работа и се дружат со луѓе кои имаат досиеја, дебели досиеја во полициските документации.

Секој се дружи со своите, во овој случај, криминалците се дружат со криминалците.

Горан Димовски Тушникот – првиот човек на Вице Заев, Зоран Заев и Стојан Чифлигароски од СВ Инвест бизнис кој инаку е бизнис партнер на Вице Заев е човек со сомнително портфолио, кој во МВР има досие за неколку сериозни кражби на автомобили и тешки кражби од затворени објекти. Ова е кругот на најблиските луѓе на Зоран и Вице Заеви.

Горан Димовски Тушникот е човекот кој палел, се заканувал и вршел притисоци по нарачка на Вице и Зоран Заеви.

Јасно се гледа односот на Заеви кон државата и граѓаните. Тоа е мафијашко-пазарџиски однос за жал.

Доволно беше. И ова ќе прекине уште веднаш после изборите на 15 јули. Почитувани господа од кланот Заеви, никој повеќе не ви се плаши и ќе одговарате за се што сте направиле изминативе три години.

Граѓаните додека не можат да врзат крај со крај, додека ја опустошивте државата, Вице, Зоран и останатите изрекетираа и украдоа милиони евра од Република Македонија.

Затоа на овие избори Обновата ќе победи, а криминалците како вас ќе одат во затвор по изборите преку транспарентна постапка во судството кое што ќе ги тргнат канџите од кланот Заеви.

На 15-ти јули ставаме крај на мафијата во Република Македонија и СДСМ ќе паѓа од власт. А, ден потоа одговорност за сите криминали на кланот Заеви и оваа влада на СДСМ.

Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот Бубевски заразен со корона вирус, откажано утрешното рочиште за „Монструм“

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски поранешен член на СЈО, а сега дел од скопското јавно обвинителство е заразен со коронавирус.

Во известувањето од судот велат дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител утрешното судење за случајот „монструм“ ќе биде одложено, а следната расправа е закажана за крајот на август за што странките ќе бидат своевремено известени.

Бубевски минатата недела имаше две судење со обвинителката Фатиме Фетаи, па во следниот период таа ќе биде во изолација.

И во Апелациониот суд има одложување на судски процеси поради заразени со коронавирус на неколку судии и технички персонал.

Методија Ристоски нов претседател на Нотарската комора

Нов претседател на Нотарската комора е Методија Ристоски од Скопје.  Тој ќе ја води Комората до 2023 година.

Од Нотарската комора денеска информираа дека Ристоски е избран на редовното Изборно собрание што се одржало на 4 јули. Покрај Ристоски, избрани се и членови на органите на Комората.

притисни ентер