Короната влезе и во погоните на најголемиот британски производител на сендвичи

Скоро триста вработени во фабриката што изработуваат сендвичи за продавниците на Marks & Spencer се позитивни за коронавирусот, пишува Sky News.

Фабриката Грингор во Нортхемптон, во која работат околу 2.100 работници, објави дека некои вработени сега се во изолација.

Тие исто така велат дека првично имало 79 работници кои биле позитивни, но потоа решиле да тестираат повеќе лица приватно, по што се покажало дека има 213 позитивни, а нешто помалку од сто тестови сè уште се обработуваат.

Од компанијата велат дека тие се во постојан контакт со здравствените работници и градските власти и дека сите новозаразени лица ќе бидат испратени во изолација.

„Воведовме различни форми на социјално растојание и строги хигиенски процедури во сите наши простории, редовно ја мериме температурата на работниците и правиме се за да ги направиме луѓето безбедни. Благосостојбата на нашите колеги е нашиот приоритет број еден “, соопшти Грингор.

Луси Вајтман, директор на локалниот институт за јавно здравје, рече дека на вработените им било наредено да „дејствуваат веднаш“, откако бројот на заразени во градот се зголемил од 66 на 85 за една недела.

„Во Нортхемптон има остар скок на бројот на заразени лица минатиот месец, па од сите вработени е побарано веднаш да реагираат и да ги следат дополнителните мерки за да се избегне градскиот карантин и понатамошната интервенција на владата“, рече Вајтман.

Greencore е еден од најголемите производители на сендвичи во Велика Британија, произведува до милион сендвичи дневно , што се продаваат во најразлични продавници, кафулиња, аеродроми и слични места.

Веста за оваа инфекција доаѓа веднаш откако епидемиолозите се зафатиле со спречување на вирусот, кој започнал да се шири во центарот за дистрибуција на банани во Ковентри и каде десетина лица се тестирале позитивно за „Ковид-19“.

Овој случај е особено интересен со оглед на тоа што неодамна Светската здравствена организација рече дека нема докази дека коронавирусот се шири преку амбалажа со храна или храна и дека луѓето „не треба да се плашат од храна или испорака на храна“.

‘Нема докази дека храна или синџири на храна се вклучени во преносот на вирусот. Луѓето може да се релаксираат “, изјави Мајк Рајан од СЗО.

Но, ваквите и слични случаи можат да го променат мислењето и упатствата на СЗО.

Колку од препораките на оценската мисија ќе бидат спроведени од Судскиот совет?

По низата скандали и критики кои минатата година го потресоа Судскиот совет, нивен приоритет за наредниот период ќе биде спроведувањето на препораките на Европската унија и оценската мисија, која изготви 40 мерки за реформа на телото. 

Оваа заложба членовите на телото ја наведоа во годишниот извештај за 2023-та година кој ќе биде испратен до Собранието. Освен ова, претседателката Весна Дамева, кажа дека ќе се посветат на нивната основна обврска, односно дека се залагаат за заштита на интегритетот, независноста и професионалноста на судиите и инситуциите и ќе се спротистават на секое надворешно влијание.. Тие се пожалија дека поради ниските плати и услови голем дел од стручните соработници си заминале од советот, и побараа зголемување на нивниот буџет и обезбедување на финансиска незавиност.

„ Ова е еден од поважните Извтештаи бидејќи 2023 година за Судскиот совет беше многу тешка година и јас се надевам дека 2024 година ќе биде многу успешна година за некако на некој начин да ја покриеме во 2023 година.“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

„ Знаеме сите дека недостаток на кадар не е единствената причина туку и недостаток на основни средства за работа ако ние сакаме ефикасност во работењето на СС мораме да имаме не само стручен кадар кој ќе обвозможи да се работи квалитетно и ефикасно туку да ги имаме и основните средства, што значи дека ние потенцираме дека имаме потреба од зголемен буџет, затоа треба да се вметне тоа “-Тања Чанчарева Илиевска – Член на Судски совет.

„ Јас се надевам на слух кај извршната власт кај законодавната да ни помогне на осамостојување финансиски така ќе бидеме осамостоени на секој друг начин“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

Од вкупно 40 препораки кои дојдоа од ЕУ, 17 се во доменот на самиот Судски совет, додека за останатите 23 се потребни интервенции во Уставот и во законите кои ја регулираат конкретната материја. Ова лани во декември го кажа евроамбасадорот Гир, кој посочи дека без имплементација на овие мерки, ЕУ не гледа како земјата ќе ги спроведе потребните реформи во правосудството. Препораките предвидуваат кој се може да биде член на ова тело, точна дефиниција што е истакнат правник,начинот на кој тие се избираат и нивниот шест годишен мандат, кој се предлага да биде скратен, на дисциплинските постапки и разрешувањето на судиите, за транспарентноста во комуникациите со јавноста, како и на финансиската автономија на Советот.

Велковски: Ќе воспоставиме партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите и системско решавање

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ) .

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ) на која работна средба се разговараше за проблемите со кои се соочуваат синдикатите и вработените во областа на здравството, одбраната, полицијата, Македонски железници и рударството.

„Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени а големи се и проблеми поврзани со функционирањето на синдикатите во последните неколку години. Ова се клучните работи кои беа истакнати од страна на претставниците на синдикатите“, вели министерот Велковски.

Министерството за труд и социјална политика ќе преземе активности во насока на системско решавање на настанатите состојби и воспоставување на вистински партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите, нешто за што се заложи и министерот Ѓоко Велковски, соопштуваат од МТСП.

Политички профил на кандидатот за претседател Билјана Ванковска

Канал 5 како до сега, така и денеска ќе емитува профил на претседателските кандидати, овој пат на кандидатот на Левица, Билјана Ванковска.

Во видеото погледнете кратко парче, а целиот профил во вестите во 18 часот

притисни ентер