Корона – скандал ја тресе Британија : Се бара оставка од главниот советник на премиерот

Расте притисокот врз британскиот премиер Борис Џонсон да го отпушти неговиот главен советник, откако медиумите вчера вечер објавија дека тој ги прекршил патните ограничувања наметнати заради коронавирусот.

„Гардијан и Мирор“ објавија дека Доминик Камингс патувал од Лондон до округот Дурам, до куќата на неговите родители, во време кога имал симптоми на коронавирус.

Само една недела порано, владата воведе строги мерки против слобода на движење за да го ограничи ширењето на коронавирусот.

Патувањето е дозволено само во итни случаи, а лицата со симптоми на коронавирус мора да останат во изолација седум дена.

Портпаролот на владата одби да ги коментира извештаите, пренесува dpa.

Полицијата потврди дека посетиле имот во округот Дурам, по обвиненијата дека Камингс патувал 430 километри од неговиот дом за време на карантинот, јавува британското здружение за печат (ПА).

Лидерот на шкотската Национална партија, Иан Блекфорд, вчера вечер повика на оставка на Камингс.

„По веста дека Доминик Камингс патувал од Лондон до Дурам за време на карантин, што полицијата моментно го истражува, неговата позиција е целосно неодржлива - тој мора да поднесе оставка или да биде отпуштен од работа“, напиша тој.

Ед Дејви, вршител на должноста лидер на либералните демократи, исто така на Твитер изјави: „Ако Доминик Кумингс ги прекрши правилата воведени за време на карантинот, тој ќе мора да си даде оставка. Сосема едноставно“.

Британската јавност со недели ја критикува владата затоа што бројот на смртни случаи во таа земја од коронавирус надминува 36.000, што е повеќе отколку во која било друга европска земја.

притисни ентер