Корона епидемија и загаден воздух - двојна причина за загриженост за здравјето на граѓаните

Скопје се гуши и во вонредна состојба, кога нема возила низ улиците за време на полицискиот час, а мал е бројот на куќите од кои се забележува чад што излегува од оџаците, оти температурите не се под нулата.

 Мерните станици во ноќните часови покажуваат високо присуство на штетните ПМ 10 честички, дури 100 микрограми на метар квадратен, па повторно, се отвора прашањето, кој е најголемиот загадувач во метрополата.

Здруженијата апелираат градските и државните инспектори да направат контроли на индустриските капацитети, за да се утврди точно кои се загадувачите.

Канал 5 побара, но до почетокот на вестите не доби одговори од Министерството за животна среднинаво однос на работата на инспекторите. Па останува непознато дали воопшто се врши контролана индустриските погони од страна на инспекторатот.

Загадениот воздух е само една причина за заболувања на белите дробови, срцето и крвните садови, но доведува и до пад на имунитетот, односно помала отпорност на човековиот огранизам. Загадениот воздух може и да помогне за влошување на здравствената состојба кога вирусот напаѓа.

притисни ентер