Корона дијалози: Здравствената не смее да прерасне во политичко – правна криза

Не смееме да дозволиме здраствената криза да прерасне во политичка. 

Покрај здравјето на граѓаните, значаен сегмент е и одржливоста на функционалноста на демократијата во земјата преку оддржување фер и демократски избори и владеењето на правото што е посебен предизвик на кој особено треба да се внимава, беше речено на онлајн дискусиите „Корона дијалози" што четврти пат ги организира Универзитетот „Св.Климент Охридски".

Според судијата на Врховниот суд, Мирјана Лазаревска Трајковска, пандемиската криза ги погоди и судските системи на глобално ниво и во зависност од позиционираноста сите се соочуваат со различни проблеми. Во исклучителната ситуација, владите со право приоритет дадоа на здравството и економијата, но, тие не можат да се „носат" успешно без владеење на правото.

– Судството и праводудството треба да се гледаат во контекст на глобалната состојба, во услови кога во државата функционира техничка Влада, нема Парламент што нормално ќе ја врши законодавната улога, судовите треба да се јават како коректори, особено Уставните судови. Во однос на почитувањето на човековите права, таа истакна дека и во вонредни ситуации државите треба да постапат во согласност со барањата што ги наложува ситуацијата и ништо повеќе од тоа и надвор од тоа, без да се излегува од рамките на начелото на владеење на правото, истакна Лазаревска Трајковска.

Модераторот, професорот Марјан Ѓуровски, нагласи дека влеговме во нова фаза на справувањето со здравствената криза.

– Дали процесот на нормализација ќе биде успешен зависи од сите нас. Зад нас е еден чуствителен период во кој немавме претходно јасно утврдена правна процедура на вонредна состојба која треба да е јасно дефинирана во посебен закон. Покрај тоа остана дилемата колку со ограничувањето на движењето се навлезе во слободата на човековите права и слободи. Дали меѓу остатото и демократијата е жртва на пандемијата?, рече Ѓуровски.

Нестабилната политичка состојба, оцени тој, може да го загрози функционирањето на институциите.

– Во земјата социеталната идентитетска безбедност е загрозена поради несоодветното менаџирање на односите со верските заедници и религиозни групи и за жал, пандемијата потврди дека се уште сме поделено општество по верска и етничка основа. Како резултат на отпочнатиот процес на деглобализација и крутата европска реакција на пандемијата може да бидеме сведоци на повторно јавање на популизмот и национализмот во Европа и овој дел од Западниот Балкан. Поради тоа има опасност од појава на авторитарни режими во некои од земјите од Западен Балкан доколку запре процесот на европски интеграции и не се пробудат меѓународните организации. Оттука, недостасуваат прагматични реформатори и јавни политики кои ќе застанат на ширењето на популизмот и национализмот кој во земјите во транзиција може да го забави развојот кој е на удар и од економската криза која ни престои. Инаку во однос на безбедносниот систем преку ад-хок решенија се овозможи функционирање на безбедносниот систем во услови на вонредна состојба по чие завршување многу нешта треба да се менуваат, заклучи Ѓуровски.

Четвртите онлајн „Корона дијалози" го анализираа „Влијанието на новите политички и правни предизвици од пандемијата". Во дебатата учествуваа повеќе професори и експерти од земјата. Дијалогот се оствари низ низа аспекти, правни, политички, безбедносни, геополитички, како и низ фокусот кон вонредната состојба и влијанието на пандемијата.

Вооружените сили на Хондурас заплениле 2,7 тони кокаин, наменет за американскиот пазар

Вооружените сили на Хондурас соопштија дека заплениле 2,7 тони кокаин скриен во два глисери.

Запленети се вкупно 2.760 пакувања со дрога, тешки по еден килограм“, потврдил портпаролот на вооружените сили на Хондурас, Сантос Ноласко, пренесува парискиот весник „Фигаро“.

Дел од дрогата бил закопан на плажа на Карибите, а потрагата продолжува за да се најдат други пакети скриени во областа, рече Ноласко.

На 24 март, поморските сили на малата централноамериканска земја заплениле повеќе од 1,3 тони кокаин и уапсиле 10 осомничени шверцери на дрога кои дејствувале во регионот на Карибите.

Од 1970-тите, Хондурас е транзитна рута за кокаин од земјите производители во Јужна Америка до САД, но во јануари 2022 година, по доаѓањето на власт, новиот претседател Ксиомара Кастро вети дека ќе се бори против трговијата со дрога.

Неговиот претходник, Хуан Орландо Хернандез, беше екстрадиран и приведен во САД набргу откако тој ја напушти претседателската функција.

На крајот од историското судење, федералната порота во Њујорк на 8 март го прогласи Хернандез за виновен за олеснување на увозот на 500 тони кокаин во Соединетите држави помеѓу 2004 и 2022 година.

Хуан Ернандез ќе биде осуден на 26 јуни и се соочува со доживотен затвор.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, оние во старечките домови, како и нашите  државјани во странство, денеска гласаат, ден пред утрешните претседателски избори.  

Гласањето на болните и немоќни лица, во ДКПта и казнено-поправните домови се одвива без проблеми, а Државната изборна комисија е целосно подготвена и за утрешниот изборен ден- соопшти првиот човек на ДИК Александар Даштевски. Резултатите од гласањето на овие категории на граѓани кои традиционално го остваруваат гласачкото право ден пред сите останати, ќе се пребројат и ќе се објават комплетно по завршување на изборниот молк утревечер. Од ДИК велат дека за следење на овие претседателски избори, освен домашните, интерес покажале значителен број и странски организации и медиуми.

Од Државната изборна комисија соопштија дека во Избирачкиот список за овие избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Во дипломатско конзуларните претставништва гласаат 2569 граѓани, од казнено-поправните установи 2147 лица, а во своите домови гласачкото право имаат можност да го остварат близу 7000 лица кои се пријавиле како болни и немоќни.

Се намалува цената на електричните автомобили, некои се поевтини и за 2.000 евра

Портпаролот на Tesla денеска изјави дека компанијата ќе ги намали цените на некои модели на автомобили во одредени земји во Европа, вклучително и Германија, како и на Блискиот Исток и Африка.

Во Германија цената на моделот 3 со погон на задните тркала паднал од 42.990 евра на 40.990 евра, пренесува Ројтерс.

Таа компанија, чиј основач и директор е милијардерот Илон Маск, претходно најави намалување на цените во Кина и САД.

Така, во САД цените на трите модели ќе бидат за 2.000 долари пониски, а Model Y ќе чини 42.990 долари, Model S 72.990 и Model X 77.990, пишува ABC News.

На 15 април Маск објави дека 10 отсто од вработените во компанијата ќе бидат отпуштени.

Компанијата Тесла на почетокот на април објави дека испорачала 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5 отсто помалку во споредба со истиот квартал минатата година, објавија медиумите.

На квартално ниво, испораките на возила на Tesla паднаа за 20 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2023 година.

По тој повод, Tesla објави и дека во првиот квартал од 2024 година произвела 433.371 возила, што е за 1,7 отсто помалку од истиот квартал лани.

притисни ентер