Континуиран интерес за купување станови, очекувања за намалување на цената нема

Интересот за купување станови кај граѓаните е континуиран. Пад на продажбата на становите не е забележан ниту за време на коронакризата, а цената на становите е диктирана од квалитетот на градбата и таа не се очекува да се намали.

Податоците на Народната банка покажуваат дека во јуни се одобрени станбени кредити на физички лица во износ од 54.382 милиони денари при што е забележан раст од 1,4 отсто во однос на мај годинава и 13,8 отсто во однос на јуни минатата година.

Од март, кога почна корона кризата, издадени се над 50 милијарди денари станбени кредити на граѓаните. Во март 52.949 милиони денари, во април 53.172 милини, мај 53.621 милион денари.

Податоците покажуваат дека и во мај има зголемување на издадените кредити за 13,4 отсто на годишно ниво.

-Континуиран е интересот на граѓаните за станови од сериозните градежни компании кои ги следат најновите трендови во секторот и максимално градат според сите стандарди во создавањето на портфолио на квалитетни градби кои ќе ги користат следните генерации, изјави за МИА претседателот на Градежната комора на Македонија Ивица Јаќимовски.

Тој истакна дека коронакризата секако има влијание и врз секторот градежништво во повеќе аспекти, но согласно нивните анализи во Градежната комора, не е регистриран пад на продажбата на новоизградени станови во првите неколку месеци од годинава.

-Работите во градежништвото се одвиваат плански, а цената на становите ја диктира квалитетот и локацијата. Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемуваат и не е возможно да се очекува намалување на цената на становите, потенцира Јаќимовски.

Појаснува дека основата за формирање на цената е делот на вградените материјали кои се користат, како и делот на работната сила. -Поточно, вели, она што може да очекуваме во следен период е дека нема да може да се понуди квалитетна градба по пониски цени, бидејќи растот на трошоците го диктира и растот на цената на квалитетните станови.

Податоцита на Државниот завод за статистика објавени во јуни годинава покажуваат дека деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност, во 2019 година, потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.626.157 илјади денари, што е за пет отсто повеќе во однос на претходната година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3.628.819 илјади денари 37,7 отсто, потоа следат групите потрошено гориво со 1.225.327 илјади денари или 12,7 отсто, изолациски материјали и премази со 1.167.994 илјади денари или 12,1 отсто…

Просечната плата, според статистичките податоци, бележи раст од 9,1 отсто во првите пет месеци од годинава, а во мај просечната плата во градежниот сектор која изнесувала 25.062 денари забележала раст од 7,1 отсто.

Податоците покажуваат дека просечната цена на метар квадратен во 2019 година изнесува 44.994 денари, што е за 4,3 отсто повеќе во однос на 2018 година.

Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесуваше 48.204 денари што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со 2018 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 35.255 денари, што е за 6,3 отсто повеќе во споредба со 2018.Наведените просечни цени на 1м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.

Просечната цена во вторто полугодие од 2019 година забележала намалување од 4,3 отсто во однос на првото полугоди, а во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто.

Од градежниот сектор порачуваат дека во следниот период важно е да се стави фокусот на развојот на градежништвото.

За Јаќимовски без градежништвото не може да се очекува развој на севкупната економија погодена од пандемијата.

-Градежните компании сега ги извршуваат проектите кои веќе ги стартуваа, но треба да се поттикнат да размислуваат да започнат нови. Во таа конотација институциите задолжени за одобренија за градби и за други потребни документи треба да се приспособат на новата реалност и да работат со полн капацитет, без застој, а купувачите да имаат сигурност во системот на државата, во банките, работните места, бидејќи само со креирање таков амбиент можеме да имаме стабилност, предвидливост и работа согласно прецизни планови, изјави Јаќимовски./МИА

Променливо облачно со ветер и повремен дожд

Времето ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. 

Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Зголемена облачност ќе има и во сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури.

Инвеститорски ден на Берзата, физичките лица ќе тргуваат без провизија

Инвеститорскиот ден се одржува по иницијатива на Македонска берза,

По повод одбележувањето 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, денеска на Берзата ќе се одржи Инвеститорски ден, во рамки на кој сите домашни физички лица ќе тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници.

Од Берзата појаснуваат дека на „Инвеститорскиот ден" сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива.

При тоа ќе треба да бидат исполнети следните услови: инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата, износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен, трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Денеска сите домашни физички лица ќе можат да тргуваат со акции на Берзата, без плаќање на трансакциски трошоци, преку следните седум членки на Берзата: Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка Скопје, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Македонија.

Инвеститорскиот ден се одржува по иницијатива на Македонска берза, а која ја прифатија и во неа активно се вклучени Централниот депозитар за хартии од вредност и седум членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

Иницијативата „Инвеститорски ден" има за цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.„Инвеститорски ден" што ќе се одржи на 18-ти овој месец.

Од Берзата најавуват дека се планира овој настан да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

Вечерва во „Само интервју“ ќе гостува Љупчо Николовски.

За прв пат во македонската влада имаме вицепремиер за борба со корупција, каква ќе биде неговата улога?

Драги сограѓани, изборите поминаа, Заев доби нова шанса за борба со корупцијата, седна ли на Илинденска конечно „екипа“ од збор, вечерва во Само Интервју Гоце Михајлоски одговори ќе бара од вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски.

За прв пат во македонската влада имаме вицепремиер за борба со корупција, каква ќе биде неговата улога?

За себе вели дека безкомпромисно и чесно ќе си ја „заработува“ платата, дали Македонија конечно доби нова генерација на политичари?

Како вицепремиерот за борба против корупција ќе се носи со клучниот проблем на реформските процеси - корупцијата во високите редови на општеството?

Ќе се „издигне“ ли политичкиот менталитет над „слаткиот“ поткуп, ќе „испливаат“ ли квалитетните кадри пред партиската војска?

Како ќе се носиме со бугарските политики, станува ли историјата услов за евентуално вето?

Злоупотребата на службената положба е „рак-рана“ во светски рамки, што и недостасува на Македонија за да влезе во ЕУ со „чисти раце“?

Вечерва Само Интервју со Љупчо Николовски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер