Конференција на македонскиот пазар за хартии од вредност

Состојбата на македонскиот пазар на хартии од вредност, идните развојни правци и влијанието на одредени случувања на странските пазари на хартии од вредност и нивните рефлексии во РМ, сe темите на кои дебатираат учесниците на Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност, што се одржува денеска во Скопје.

- Новиот бран вложувања од страна на домашните и странските инвеститори во Република Македонија очекуваме да даде позитивен импулс на пазартот на хартии од вредност и да создаде критична маса на потенцијални инвеститори кои врз основа на аналитичен пристап и информации ќе носат одлуки за мудро инвестирање на своите средства, рече во обраќањето претседателката на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска.

Неопходно е, смета таа, да се комуницира повеќе со корпоративниот сектор, бидејќи во Македонија има компании со надежни проекти и бизнис планови и само треба да се најде начин да се следат.

Чингаровска информира дека минатата година 60 проценти од друштвата од стопанството што објавиле годишни финансиски извештаи оствариле оперативна добивка, но оти има и компании кои кумулираат загуби подолг период и им се подјадува капиталот.

– Минатата година од вкупниот промет реализиран на Македонска берза, дури 88 проценти отпаѓаат на купувања направени од страна на домашни физички и правни лица. Во 2013 година година, нема ниту една јавна емисија на хартии од вредност што покажуа дека компаниите се уште не го користат пазарот на капитал како извор на финансирање на своите проекти, посочи Чингаровска.

Ако гледаме по бројките на странските инвестиции и приливот на капитал, додаде, верувам дека спојувањето на пазарите во регионот сигурно ќе придонесе за привлекување повеќе капитал, а финансирањето преку пазарот на хартии од вредност е опција до која ќе стасаме преку јакнење на корпоративната свест.

Директорот на Македонската берза а.д Скопје Иван Штериев, претставувајќи го реализираното од идејата за регионално берзанско поврзување информира дека берзите од Скопје, Загреб и Софија неодамна формираа заедничка компанија, со седиште во Македонија.

Компанијата, најави Штериев, во многу блиска иднина треба да потпише договор за грант со ЕБОР за финансирање развој на софтверска апликација, што ќе им овозможи на брокерите во Хрватска, Бугарија и Македонија на едноставен начин да тргуваат со хартиите од вредност што котираат на трите берзи. – Максимално ќе се заложиме овој проект успешно да заврши и да се имплементира, со што ќе се создаде функцонален нуклеус кон кој, се надеваме, ќе се придружат и други регионални партнери, наведе Штериев.

Според него, на заживувањето на пазариот на хартии од вредност не може да се влијае парцијално, односно мора истовремено да се случи комбинација од повеќе фактори што ќе придонесат за надминување на постојните проблеми и предизвици.

Во периодот од 2008 до 2013 година, како што информира Штериев, главниот берзански индекс МБИ 10, четири години бележи пад, а само два пати пораст – еднаш во 2009 година со позначајни 31,3 проценти и минатата година со 0,44 проценти. – Во првите четири месеци од годинава, индексот, во три, освен во февруари, одше надолу. Првата половина на мај е поветувачка, со добар ценовен пораст и заклучно со вчера МБИ 10 на годишно ниво е во плус од околу 2,25 проценти. Искажано преку апсолутната вредност на индексот, МБИ 10 на крајот на 2008 година ознесувал 2.096, а на крајот на вчерашниот ден 1.778 поени.

Најновите макроекономски проекции на НБРМ, како и амбиентот на монетарната политика, во контекс на условите на натамошниот развој на пазарот на хартии од вредност пред учесниците на конференцијата ги претстави гувернерот на НБРМ Димитар Богов. Во 2014 година, НБРМ очекува умерено забрзување на растот на домашната економија од 3,7 проценти, главно воден од домашната побарувачка при што движењето во првиот квартал се во согласнот со очекувањата.

- Движењата на инфлацијата се очекува да биде главно под влијание на светските цени на основните производи, со оценети надолни ризици, при што во рамки на нашата најнова проекција, очекуваната стапка на инфлација за 2014 година ја ревидравме надолу на околу 1 процент. Во надворешниот сектор се очекуваат релативно поволни движења и умерен дефицит на тековната сметка. Натамошните приливи на директни странски инвестиции создаваат основа за дополнително подобрување во структурата на извозот и зајакнување на надворешната позиција на долг рок. Очекуваниот раст на депозитите кај банките, заедно со очекуваните ефекти од веќе преземените мерки, би обезбедиле натамошен раст на кредитирањето преку банкарскиот сектор, рече Богов./Извор МИА.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

Нема ие ќе се пор

Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

Марковска: Никој нема да добие избори со црна кампања

„Помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит на изборите“

Актуелната кампањата е веќе видена работа. Во Македонија триесет години ништо не се менува, особено што и актерите кои се во кампањата, не се менуваат. Во држава со милион и осумстотини илјади население е контрапродуктивно ова водење на кампања кога и малите дечиња да ги знаат учесниците, граѓаните од старт се изморуваат, особено што две кампањи се спојуваат во една поради спорените избори, а желбата е да се придобијат неопределените, кои вака и онака нема да излезат на гласање.

Мицкоски има добра желба, но имаме комплетно разединување на терен. Не е работата „кој прв почна“, а фрчат негативни кампањи. Никој нема да добие избори со црна кампања, туку со претставување на личноста и кој какви планови има и што мисли да направи. Кај Сиљановска, за сега нема лични навреди, за разлика од другата страна што дава лични кваливикации и тоа не е вкусно. Сведување на кампањата во „митингарење“ во која се повторуваат едната или другата страна, е лош начин на водење кампања. Дури мислам дека помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит, на изборите рече Ѓулистана Марковска во Само Вистина.

притисни ентер