Конечно тестирано лицето кое е суспектно на мајмунски сипаници

Кичевчанецот кој пред неколку недели се вратил од Австрија и е суспектен на мајмунски сипаници, конечно е тестиран и е во изолација, потврдуваат за Канал 5 од Комисијата за заштита од заразни болести.

Доколку нема некој неочекуван проблем при транспортот или обработката на материјалот, резултатите треба да се познати по 20 часот, појаснуваат оттаму. Во меѓувреме, државните институции по наредба на Министерот за здравство задолжиле инспектор да му доставија решение за здравствен надзор до неговиот дом што вклучува тој да се јавува во Центарот за јавно здравје Битола, оти Кичево е под нивна надлежност. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека во најкусо време изработиле решение, за кое информирано е и МВР.

-Државниот здравствен и санитарен инспекторат, по одлука на Министерот, која уследи по препораката од Комисијата за заштита од заразни болести, утрово изработи решение за здравствен надзор. Инспектор на ДСЗИ го доставил решението лично до лицето во Кичево, неколку часа по донесената одлука од страна на Министерот Беким Сали. Според решението, пациентот мора да се јавува во Центарот за јавно здравје Битола, секој ден или во зависност од препораката на епидемиологот кој го следи.- Д-р Ирина Сотирова Бухова –ДСЗИ

Инаку, неколку дена надлежните се обидуваа да го тестираат сомнителниот пациент. Вчера епидемиологот не го нашол дома, па разговарал само со членови на неговото семејство, кои ќе бидат тестирани само доколку во наредните 3 недели пројават симптоми. Ако одбијат и за нив ќе се постапува со решение од Инспекторатот.

Според надлежните, во моментот во државата има 3.300 тестови за мајмунски сипаници, а анализите се прават само во ИЈЗ. Од Комисијата за заштита од заразни болести велат дека нема простор за паника, бидејќи не се очекува драматичен развој или сериозно ширење на мајмунските сипаници, па отфрлаат можност за реприза на она што се случува со коронавирусот.

Научниците загрижени: 2024. беше најтопла година, 2025. ќе го собори рекордот

2024 година е најтоплата година досега.

Ова го објави Службата за климатски промени Коперник, а со проценката се согласуваат и други научници. Меѓутоа, Метеоролошката служба на Велика Британија наведува дека овој рекорд би можел да биде соборен веќе во 2025 година.

Според податоците на британската метеоролошка служба, 2025 година ќе биде најмалку 1,29 степени потопла отколку во прединдустриската ера, а можно е просечната глобална температура да се искачи до 1,53 степени, објави Sky News.

Научниците истакнуваат дека 2025 година ќе биде многу топла, иако феноменот Ел Нињо, кој доведе до зголемување на температурите во 2023 и 2024 година, се намалува.

Причината за оваа глобална топлина е долгорочниот тренд на климатските промени, кои се резултат на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, главно од фосилните горива.

Метеорологот Адам Скеиф објасни дека Ел Нињо привремено ги зголеми глобалните температури, но дека климатските промени продолжуваат да ја прават секоја година потопла. Научниците истражуваат и други фактори кои би можеле да придонесат за зголемување на температурите, како што се вулканските ерупции.

МВР врши претреси во Судскиот совет, се бараат записници поврзани со мандатот на Дамева

По наредба на Основното јавно обвинителство, полициски службеници попладнево вршат претреси во Судскиот совет...

Оттаму соопштија дека полицијата обезбедува два записника со цел проверка на евентуални елементи на кривично дело...

Пред Судскиот совет е Михаела Димовска, Михаела дали претресот е се уште во тек и дали се знае за што конкретно се однесуваат записниците?

Пенелопе Круз опуштено во Абу Даби на Ф1 трката, дошла да го поддржи сопругот

Актерката Пенелопе Круз беше меѓу многуте познати личности кои ја посетија трката за ГН на Формула 1 во Абу Даби минатиот викенд.

Таа не присуствуваше на ова престижното натпреварување само поради возбудата на спортот, туку дојде да го поддржи својот сопруг Хавиер Бардем, кој ја игра главната улога со Бред Пит во новиот Ф1 филм кој моментално се снима таму, а кој треба да пристигне во кината следното лето.

Иако нејзините обожаватели се навикнати да ја гледаат на црвениот тепих во елегантни комбинации, Пенелопе овој пат се фотографираше во опуштено издание. Таа се појави во широки фармерки од брендот Шанел, црна маица без ракави, а својот аутфит го комплетираше со сандали на потпетици и капа што ја заокружи целата комбинација.

притисни ентер