Комунистичката партија на Куба доби нов претседател, официјално заврши времето на Кастро

На последниот ден од конгресот, владејачката Комунистичка партија на Куба го избра претседателот Мигел Дијаз-Канел за да го наследи Раул Кастро за генерален секретар, најмоќната позиција во еднопартиската земја.

Наследството означува крај на ерата со која владееја браќата Фидел и Раул Кастро, водачи на револуцијата во 1959 година, кои беа вкупно шест децении на власт, и премин кон помладите генерации кои напредувале во партиските редови и не учествувале во герилската војна.

Шеесетгодишниот Дијаз-Канел го наследи Кастро како претседател во 2018 година, а се очекувало тој да биде номиниран и за лидер на партијата.

Тој го потенцирал континуитетот откако стана претседател и не се очекува да ја оддалечи Куба од еднопартискиот социјалистички систем.

„Дијаз-Канел не е плод на импровизација, туку намерен избор на млад револуционер, кој има сè што е потребно за да напредува на повисоките позиции“, рече Кастро во својот воведен говор на партискиот конгрес во петокот.

Воената униформа на Кастро е во контраст со цивилната облека на неговиот избран наследник.

Стотици делегати се собраа на најважниот партиски состанок во Хавана, што се одржува на секои пет години и на кој се утврдува насоката на политиката и се избира ново раководство.

На претходниот конгрес во 2016 година, Кастро рече дека тоа ќе биде последниот конгрес со кој ќе претседава таканаречената историска генерација која се бореше во Сиера Маестра за да го собори диктаторот Фулгенсио Батиста, поддржан од САД.

Членови на новото Политбиро нема да бидат Хозе Рамон Мачадо Вентура и Рамиро Валдес, двајца добро познати членови на „старата гарда“.

Комунистичката партија на Куба сè уште не објавила кој ќе го замени Мачадо Вентура, идеологот на партијата, за потпретседател.

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

ДИК: До 11 часот излезноста 12,78 отсто или 229.473 гласачи

До 11 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е 12,78 отсто или на гласање излегле вкупно 229.473 граѓани. 

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК), овие проценти се врз основа на обработени 3 418 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

притисни ентер