Комунална хигиена собра 105 кубни метри отпад и расчистува голема депонија во Општина Центар

Пролетната работна акција на Град Скопје со екипите на јавните претпријатија и во координација со Општина Центар, успешно се спроведе на целата територија на оваа општина.

Од почетокот на работната акцијата за чистење на општината Центар во специјалните садови, што на пет локации ги постави ЈП Комунална хигиена, досега се одложени околу 105 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од екипите на претпријатието. Екипите на ЈП Комунална хигиена секојдневно рачно и машински ги метеа и миеја булеварите, улиците, сите автобуски постојки, а извршија и дезинфекција на надземните и на подземните контејнери поставени во оваа општина.

Во рамките на акција за генерално чистење на општината Центар, екипите на ЈП Комунална хигиена започнаа да отстрануваат и обемна дива депонија лоцирана под Скопското кале.

Теренски екипи на ЈП Паркови и зеленила во општина Центар денеска искастрија шест дрвја врз основа на издадено Решение на улиците Борка Талевски и Питу Гули. Со акцијата на чистење и уредување на јавните зелени површини по должината на булеварите и градските улици во оваа општина беа опфатени улиците: Пролет, Никола Карев, 11ти Октомври, Св.Кирил и Методиј и Васил Ѓоргов, како и булеварите Кочо Рацин, Св.Климент Охридски и Гоце Делчев. Со акцијата се реализираа и интервенции на обликување и кастрење на вкупно 30 дрвја по издадени Решенија од Секторот за Комунални работи на Град Скопје.

Во пролетната работна акција во општина Центар екипите на ЈП Улици и патишта санираа ударни дупки на улицата Даме Груев, булеварот Гоце Делчев, улица Френклин Рузвелт и улицата Даме Груев, со вкупна површина од 110 квадратни метри и ја санираа и нивелираа канализационата шахта која беше со големо оштетување на улицата Димитрие Чуповски.

Одговорните екипи за одржување на хоризонталната сигнализација на градските сообраќајници во централното градско подрачје ги обележаа такси станиците на улицата Димитрие Чуповски кај Триумфалната порта, на излезот од ГТЦ, на улица Аминта Трети, на улица 11ти Март и на булеварите Крсте Петков Мисирков и Мајка Тереза, со вкупен капацитет на 43 возила. Екипите што ја одржуваат светлосната сигнализација на крстосниците во градот монтираа вкупно 36 уреди за звучна сигнализација за лица со нарушен вид (звучни сигнали на семафорите) на крстосниците булевар Мајка Тереза со улица Јордан Мијалков, улица Димитрие Чуповски со улица 11ти Октомври, бул.Партизански одреди пешачки премин „Сити Мол", бул.Илинден кај Матична служба и на ул. Димитрие Чуповски пешачки премин „Рекорд" и булевар Кочо Рацин со улица 11ти Октомври. Екипите ги санираа и недостатоците на семафорите и тоа на крстосниците на ул.11ти Октовмри со бул.Климент Охридски, бул.Гоце Делчев со ул.Стив Наумов, бул. Крсте Петков Мисирков со бул.Гоце Делчев, крстосницата на Кочо Рацин со Кеј 13ти Ноември и на крстосница булевар Мајка Тереза со улица Јордан Мијалков. На семафорите се заменети оштетените сенила и монтирани нови сенила за црвени и зелени пешачка лантерни.

Екипите на ЈП Водовод и канализација во текот на работните активности во оваа општина на улицата Јордан Мијалков изврија контрола на 24 шахти, рачно се исчистени 20 шахти, 24 сливници, миење на канализациона линија од 310 метри со цистерна со вакуум 3 и прочистување на 320 метри со цистерна под притисок. На булеварот Илинден извршија контрола на 7 шахти, рачно се исчистени 7 шахти, 23 сливници, миење на канализациона линија од 440 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 160 метри со цистерна под притисок. Екипите на претпријатието во општина Центар за време на акцијата на терен вршеа рачно чистење на сливници, на шахти (атмосферски и фекални) и миење со цистерна со вакуум и цистерна под притисок на атмосферските и на фекалните сливници и шахти.

Тимовите на ЈП Лајка во рамките на акцијата постапуваа на четири клучни локации во општина Центар, односно кај ГТЦ, на улица Македонија, Плоштад Македонија и околу градскиот стадион Тоше Проевски и заловија 6 кучиња.

Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција го примаше,складираше и го депонираше комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што беа собрани на територијата на општина Центар.

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Центар пролетната акција ја спроведуваше од 9 до 13 мај на територијата на целата општина. Следната општина во која ќе се спроведува ваква акција е Ѓорче Петровм, соопшти Град Скопје..

Собранието ја донесе декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од НАТО

Собранието на денешната последна пленарна седница на овој парламентарен состав ја усвои декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од НАТО и 75 години од основањето на алијансата.

До 4 април кога почнува изборната кампања спикерот Јован Митрески вели дека има простор за уште една седница, за евентуално итни прашања. На денешниот брифинг Митрески потврди дека додека трае изборната кампања нема да има седници и сите други активности на Собранието ќе бидат сведени на неопходниот минимум со цел да се избегне можноста за злоупотреба на собраниската говорница.

Ова се редовни парламентарни избори и согласно Уставот, Собранието не е распуштено и останува во постојано заседание, потсети спикерот.

До 12 мај тој треба да ја свика седницата за инаугурацијата на новиот претседател а најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарн состав. Инаку, денеска декларацијата за НАТО беше изгласана со 87 гласа „за“ и два „против“

Починал ученик во основно училиште во Белград, откако по физички контакт ја повредил главата

На 18 март во училиште во Белград се случила несреќа, по што еден од учениците го загубил животот, дознава Телеграф.рс.

Како што изјави директорот на училиштето за Телеграф, немало тепачка, но поради сплет на несреќни околности поради физички контакт, еден од учениците паднал, се здобил со сериозни повреди на главата и починал.

- Сакаме да нагласиме дека немало тепачка или конфликт меѓу двајца ученици, туку дека поради несреќен сплет на околности поради физички контакт, еден од учениците паднал, се здобил со сериозни повреди на главата и за жал подоцна починал. Училиштето веднаш реагирало, му пружило прва помош на ученикот и повикало брза помош, која брзо пристигнала и го пренела ученикот во Ургентниот центар. За време на инцидентот учениците биле под надзор на наставник и две медицински сестри вработени во училиштето. За жал, и покрај напорите на лекарот, ученикот починал на 22.03.2024 година. - изјавила таа за Телеграф.

Таа додаде дека за да се надмине оваа кризна состојба, училиштето има подготвено план за поддршка на учениците, вработените и родителите согласно процедурите за справување со кризна состојба.

- Училиштето е во постојан контакт со родителите на учениците и со надлежните институции - Министерството за образование и полицијата, која врши активности во нејзина надлежност - додаде таа.

Истрагата ќе ја покаже вистинската причина за смртта.

Како што неофицијално дознаваме, побарана е обдукција на телото.

Екипата на Телеграф денеска излегла на местото на настанот, но по 15 часот директорот и другите вработени од управата не биле во училиштето. Она што неофицијално можевме да го слушнеме е дека сите се многу потресени од овој настан, објави Телеграф.

Бугарија оди на шести избори за три години

Бугарија и дефинитивно оди на предвремени парламентарни избори откако и официјално пропаднаа сите обиди за формирање на влада по расколот во коалицијата меѓу ГЕРБ и Продолжуваме со промената.

Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека во наредните неколку дена активно ќе разговара со сите потенцијални кандидати кои ќе треба да состават техничката влада за организирање на избори. Единствено нешто што засега е нејасно е само дали изборите ќе се одржат во ист ден со европските на почетокот на јуни или пак, бугарите ќе одат на гласање два пати за кус временски период.

-Започнувам средби со сите потенцијални премиери. Денеска или утре ако треба и за викендот. Го одложив и мојот напорен меѓународен распоред за следните 10 дена, кој вклучуваше и посета на странски претседател и моите официјални посети во странство. Како што изјавив и вчера, ќе направам се што е можно тој процес за формирање на техничка влада да биде забрзан,- - Румен Радев – Претседател на Бугарија.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов пак, го повика претседателот да не именува технички премиери од редовите на неговата партија, бидејќи не сака да се даде впечаток дека тие владејат со земјата во периодот пред изборите. Неговиот ривал пак, Кирил Петков пак, побара фокусот да биде ставен на организирање европските и парламентарните избори во ист ден.

-Единственото нешто на кое опстојувам, а никако нема да го дозволам е тоа да е Росен Желјазков (за технички премиер). И навистина се надевам дека претседателот нема да го именува ниту Димитар Главчев, бидејќи тие на некој начин би биле поврзани со ГЕРБ. Бидејќи целата кампања ќе помине како ние да управуваме. Ние управувме откако ќе добиеме избори,- - Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ.

-Враќањето денеска на (мандатот) дава можност за 2 во 1 избори и да се заштедат 100 милиони за бугарските даночни обврзници. Барем тоа да го направиме. Така што, во моментот претседателската институција, во разговорите со потенцијалните идни технички премиери да не ја испуштиме датата да може да се случат 2 во 1 (избори),- - Кирил Петков – Продолжуваме со промената.

Бугарија изминатите неколку години беше управувана од серија на технички влади поради не можноста на политичките партии да формираат стабилно мнозинство во парламентот. На тоа барем навидум се стави крај по формирањето на коалицијата меѓу ГЕРБ и Продолжуваме со промената чија договорена ротација на премиерската функција на девет месеци и составот на владата се претвори во фијаско.

притисни ентер