Компанијата на најбогатиот човек на светот лани имала рекорден приход од луксузни производи

Иако инфлацијата и рецесијата минатата година одзедоа стотици милиони долари од сметките на најбогатите луѓе на планетата, најбогатиот - Французинот Бернар Арно (73) има многу за што да се радува кога е во прашање бизнисот во 2022 година.

Имено, неговата компанија LVMH, всушност групација која ги обединува најголемите луксузни брендови на планетата, оствари рекорден приход и покрај падот на продажбата и загубите во Кина, која беше под карантин во поголемиот дел од годината поради нултата политика кон коронавирусот.

Покрај тоа, Бернард Арно излезе на врвот на листата на најбогати луѓе во светот откако десетици милијарди долари изгубија Илон Маск, шефот на „Тесла“, Џеф Безос, основачот на Амазон и Марк Закерберг, сопственикот на „Мета“..

Нето богатството на Бернард Арно се проценува на 210,7 милијарди долари.

LVHM објави дека очекуваат 2022 година да биде нивна втора последователна рекордна година во однос на продажбата и приходите, и покрај конфликтот во Украина, кој доведе до енормно зголемување на цените во енергетскиот сектор и прехранбената индустрија. Според официјалните податоци, само во последните три месеци од минатата година компанијата заработила 25 милијарди долари, што е раст од девет отсто.

Најголем раст е забележан во Европа, САД и Јапонија, додека најголем пад се очекува во Кина, за што најмногу придонесе карантинот поради Ковид 19. Во цела Азија падот бил 20 проценти во првите девет месеци од минатата година. И покрај ова, извршниот директор Арно тврди дека е оптимист за иднината: - Сè укажува на тоа дека сте сигурни и оптимисти за водење бизнис во Кина. Веќе гледаме закрепнување во продавниците во Макао, бизнисот се врати, Кинезите купуваат – рече Арно.

Во рамките на групацијата LVMH се најлуксузните брендови како „Тифани“, „Кристијан Диор“, „Сефора“, „Хенеси“ и „Мое“. Нивниот дизајнерски бренд „Louis Vuitton“ се покажа особено добро во 2022 година. Овој бренд генерира продажба од 21,7 милијарди долари. Брендот неодамна започна соработка со познатиот современ јапонски уметник Јајои Кусама, чии дела се препознатливи по светлите бои.

Арно има пет деца и сите пет работат на раководни позиции во компанијата. Сегашната прва дама Брижит Макрон им предавала француски на неговите синови. Целосен парадокс, луксуз и криза одат заедно.

Пазарот на луксузни производи не ја ни почувствува кризата во текот на 2022 година. „Bain & Company“, глобална консултантска фирма, во извештајот наведува дека потрошувачката на луксузни стоки ќе продолжи да расте и покрај сѐ.

- Пазарот на луксузни производи годинава ќе продолжи да расте меѓу три и осум проценти и покрај падот на светската економска активност - се наведува во извештајот.

Потресна исповед на водителката на квизот „Слагалица“ (фото)

Шармантната водителка на Радио телевизија на Србија (РТС), Милица Гацин, беше вистинско освежување кога се приклучи на популарниот квиз „Слагалица“.

За нејзиниот живот со години ништо не беше познато освен тоа дека е мајка. Сепак, во едно од ретките интервјуа, Милица ја отвори душата и проговори за својата голема битка за здравјето што тивко ја водела.

Пред пораѓајот со својата помала ќерка, која сега има 14 г., на Милица ѝ бил дијагностициран бениген тумор. Иако многумина ја советувале да не го чепка, таа сепак го послушала докторот и по неколку години туморот се вратил.

Откако по втората операција го прашала докторот зошто ѝ се случува тоа, тој ѝ одговорил дека тоа се случува затоа што се нервира и како резултат на тоа доаѓа до хормонски дисбаланс, па нејзините гради реагирале така.

Приказната на Милица за „Глорија“, многумина ги освести дека здравјето е најважно и дека мора целосно да му се посветат. После тоа, водителката ги променила своите животни навики и сега води поздрав начин на живот. Со текот на годините успеала да се ослободи од сè што ѝ било токсично, вклучувајќи го и лошиот брак кој доживеал крах при првиот животен бродолом.

- На дваесет години не знаев апсолутно ништо, на триесет бев нешто попаметна, но и понатаму делував непромислено. И потоа, така вклопена во стереотипот, ужасно се трудев да му угодам на првото дете, на второто дете, на мојот сопруг. Не излегував од кујната со часови, со денови. Се трудев сè да биде совршено. И знаете што се случи? При првиот животен проблем се заврте и си замина. Рече: „Не можам повеќе вака, мене ми е тешко“ - изјави Милица за „Хело магазин“.

Водителката денеска живее исполнето, насмеана и среќна, грижејќи се за своето здравје, кариерата и ќерките.

Бен Афлек (50) беше главна тема на таблоидите по доделувањето на Греми наградите 2023

 Бен Афлек откри што му направила Џенифер Лопез на доделувањето на Греми наградите поради што медиумите нашироко разгласија дека се разведуваат!

Пред еден месец снимката од несреќниот Афлек на доделувањето на Греми наградите го обиколи светот, а медиумите шпекулираа дека тој се скарал со неговата сопруга Џенифер Лопез, која наводно го критикувала. Но, еве ја неговата вистина.

Познатиот холивудски актер Бен Афлек (50) беше главна тема на таблоидите по доделувањето на Греми наградите 2023. Како што се чинеше, камерата успеала да го улови непријатниот разговор помеѓу него и неговата сопруга Џенифер Лопез, па со денови се шпекулираше за што се расправале.

Афлек таа вечер изгледаше прилично несреќно и речиси незаинтересирано за сè што се случува околу него. Неговото „кисело“ лице го обиколи светот, па се шпекулираше дека сопругата го изнервирала и дека парот наводно се разведува иако сè уште не ја прославил првата годишнина од бракот.

Еден месец по тој настан, познатиот актер проговори за инцидентот и реши конечно да стави крај на сите шпекулации. Тој тврди дека не си поминал лошо на Греми наградите, а неговиот тажен лик бил поради тоа што водителот Тревор Ноа го фатил неспремен за скечот.

- Го видов Ноа како се приближува до нашата маса и си помислив: „О, Боже“! Бевме во кадар, а јас и шепнав на Џени: „Ако Тревор ни се приближи, ќе те оставам сама, да знаеш“- изјавил Афлек во интервјуто за Холивуд репортерс, а пренесува Њујорк пост.

А, еве што му шепнала сопругата, поради што многумина погрешно разбрале дека го критикува.

- Таа рече дека е подобро да не ни приоѓа. Останатото што се случи е наша лична работа, помеѓу мажот и жената, не разбирам зошто толку се зборува за сето ова - додаде популарниот актер.

Повеќето извори потврдија дека Афлек зад сцената бил одлично расположен, се смеел и се шегувал, иако на доделувањето на Греми наградите дошол само да ѝ прави друштво на својата сопруга која врачи една од наградите.

Српската актерка Слобода Миќаловиќ отсекогаш важела за една од најубавите српски актерки

Mистеријата во врска со името на Слобода Миќаловиќ: Дали е можно нејзиниот татко да го сторил тоа? (фото)

Српската актерка Слобода Миќаловиќ отсекогаш важела за една од најубавите српски актерки, иако таа никогаш не играла на картата убавина, туку на талентот што го негувала уште од најраното детство, додека живеела во родниот Лесковац. Љубовта кон оваа уметност таа ја наследила од својот татко Драган, кој исто така се занимавал со актерството.

По бомбардирањето на Југославија, Слобода се населува во Белград каде ја продолжува својата успешна кариера.

Слоба Миќаловиќ во една прилика раскажа како го добила своето име. Нејзиниот татко толкувал улога во монодрамата посветена на Иво Лола Рибар, чијашто свршеница се викала Слобода. Иако името било нетипично во тоа време, актерката го засакала откако открила што го инспирирало нејзиниот татко да ѝ го даде токму тоа име.

Шармантната актерка е во хармоничен брак со еден од најпожелните актери во регионот, Војин Ќерковиќ, со кого ги имаат ќерките близначки Вера и Мила.

Без оглед на нивната голема популарност, нивните наследнички никогаш не биле дел од јавниот живот, а сопружниците отсекогаш се труделе да ги држат што подалеку од медиумската помпа.

притисни ентер