Компанијата „Беса Транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала и во Скопје

„Беса Транс“ имала важечка лиценца за превоз, соопштија надлежните... Регистрана била со седиште во Ќустендил, а канцеларии имала во повеќе градови...

Затворени се денеска вратите на агенцијата Беса Транс која го организирала патувањето во Турција по кое враќајќи се во земјава, на магистралата Струма во Бугарија автобус се запали и загинаа 46 лица. Членови на семејствата на патниците и роднини останаа без одговори – дали нивните најблиски се меѓу загинатите или преживеаните. Потресени и револтирани, со часови се обидувале да стапат во контакт со Беса Транс, на телефон никој не им кренал а пред просториите на агенцијата разочарувањео им било уште поголемо.

Беким Алити и неговиот брат не слушнале ништо за нивните сопруги кои во четвртокот заминале кон Истанбул а ноќеска требало да пристигнат дома. Последен пат заборувале со нив синоќа пред тргнат назад.

Шокот и неизвесноста започнале од рано утринава кога од медиумите разбрале за трагедијата. Оттогаш се во потрага по одговори. Џелал Бакиу со часови сакал да дознае за неговиот братучед Енес Бакиу.

За среќа Џелал успеал да исконтактира со неговиот братучед кој патувал со еден од другите автобуси.

И додека полицијата од утринава ја обезбедува канцеларијата на Беса Транс во Скопје, каде не се појави ниту еден од сопствениците или вработените, попладнево единствено на својата фејсбук страница изразија сочувство до семејствата на настраданите.

„Компанијата во целост соработува со надлежните институции со Р.C. Македонија и Р. Бугарија се со цел да се утврдат причините за оваа страшна трагедија! Се извинуваме на сите што не сме во можност да одговориме на бараните информации, бидејќи сме во голем шок.

Беса Транс, како што јавија бугарските медиуми, имала седиште во Ќустендил, на чија што адреса биле регистрирани се уште 23 фирми, а канцеларии има во Скопје и во други градови низ државата. Против агенцијата годинава има четири кривични пријави за непочитување на Ковид протоколите, велат од Државниот инспекторат, додека од Обвинителството велат дека се постапувало против две пријави за кои предложиле казнен налог.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека:

„Превозникот ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца со важност од 2018 до 08.08.2022 година. Од тој момент превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило.

Инаку Беса транс, најчесто вози туристички тури на релација Истанбул – Софија – Скопје. Според она што може да се најде како информација од фејсбук страницата на агенцијата, се поаѓа во четврток а враќањата се во понеделник.

Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк.

Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, поради 48-часовниот штрајк на цариниците целосно ќе биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, додека пак во однос на автомобилите, не е исклучена можноста возилата повремено да се пропуштаат, нешто што ќе се дефинира и појасни непосредно пред почетокот на штрајкот.

Паоло Малдини би можел да се врати во Милан

Легендата на Милан, Паоло Малдини може да се врати во клубот.

Според „pianetamilan.it“ под фотографијата објавена од сопругата на Малдини, Адријана, се појавило прашање дали да го очекуваме функционерот во клубот од Милано. Сопругата на Малдини стави смајли што може да се протолкува како „наскоро“.

Милан го отпушти Малдини во летото 2023 година. Неговите играчки денови во Милан траеја од 1984 до 2009 година. Во овој период со клубот освои 26 трофеи, од кои седум победи во италијанското првенство и пет во Лигата на шампионите.

Малдини ја презеде функцијата технички директор во 2019 година, а од 2018 година работи како директор за стратешки развој. Вкупно, тој помина 36 години во Милан во различни статуси.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

притисни ентер