Комисиската расправа за продолжување на рокот за енергетската кризна состојба продолжува утре

Во собраниската Комисија за одбрана и безбедност заврши денешниот дел од расправата за предлог-одлуките за подлжување на кризната состојба во енергетиката, која,  според најавите, ќе продолжи утре.

Комисијата втор ден расправаше за предлог одлуките за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државава заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Со предлог одлуките треба да се објави кризна состојба во периодот од 1 октомври годинава до 30 април следната година. Со тоа ќе се овозможи продолжување на кризната состојба во енергетската област, што со одлука на Влада стапи во сила од 1 месецов.

Според пратениците од опозициската ВМРО -ДПМНЕ, причината за лошата состојба со електричната енергија во земјава се должи на недомаќинското работење и намалено производство на електрична енергија.

-Се повикувате на тоа дека имаме многу високи цени на светските берзи по мегават од час, меѓутоа имаме услови за домашно производство од домашните производни капацитети кои доколку се искористеле ќе сме немале потреба од увоз на електричина енергија и скандалоззни набавки, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејанчо Ефтимов.

Според него, стабилна состојба може да се постигне само со искористување на капацитетите и одговорност на надлежните.

-Ниту се посегнало кон план за надминување на оваа криза, ниту пак имаме никаков друг план освен пренамена на средства за што не добиваме детален извештај, каде овие средства се потрошиле. Енормно многу се краде енергија тоа значи дека во Македонија не функционира системот, оцени Ефтимов.

Марија Георгиевска од СДСМ во реплика посочи на погрешниот пристап односно, како што рече, на еднострано презентирање на податоците објавени преку Еуростат без притоа да се споменат другите фактори кои имаат влијание врз цената.

-Треба да имаме предвид дека секоја земја има различен енергетски систем фактори, колку од компаниите во земјите се на слободен пазар и колкава е таа портошувачка, дали земјата увезува и колкав процент на електрична енергика исто зависи од тоа како е спремен буџетот во дадената земја така да постапува, треба да се земе и ова предвид, бидејќи не се исти земјите со кои правиме споредба, така на пример Бугарија и Словенија имаат и нуклеарни централи и повеќе од 90 проценти електрична енергија бидејќи нашата земја со години наназад за 40 проценти е зависна од увоз. Да не се врзуваме спрема еден параметар, има фактори кои влијаат на формирањето на цената, не само кај нас туку и кај останатите не може да правиме еднострана споредба. Оваа криза не натера да ги погледнеме аномалоите кои треба во наредниот период да се следат и да бидат показател за да знаеме како да ги контролираме нашите акции и реакции, потенцира Георгиевска.

Пратеникот Ефтимов во контрареплика го повтори ставот дека во изминатите години требало да се зголеми наместо да се намали домашното производство што рече дека е причина што земјава во моментот е увозно зависна.

-ЕСМ во изминатите 10 години има намалуваење од 40 отсто, ако во овие десет години се зголемило производството, така ќе биле заштедени во буџетот енормни средства кои сега ќе можевме да ги алоцираат на други соодветно мерки кои ќе биле од помош за граѓаните, рече Ефтимов.

Додаде дека одговорното искористување на ресурсите ќе спречело многу компании да не се затворат секојдневно или да бидат на работ на егзистенција, намалувањето на стандардот на живеење, инфлација како и оптоварен систем на социјална заштита.

Видепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи непосредно пред завршување на расправата изрази разочараност од дискусиите помеѓу членовите на Комисијата во изминатите два дена.

-Сметам дека расправата од овие два дена не доликува на еден законодавен дом, да се упатуваат такви критики на луѓе кои не се присутни се недолични, бидејќи треба да расправаме како да се справиме со енергетска криза, а не дали некој е способен или не е способен, рече Битиќи.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер