Комисијата за европски прашања треба да почне со расправа по првиот закон за коридорите - Канал 5

Комисијата за европски прашања треба да почне со расправа по првиот закон за коридорите

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи 54. седница на чиј дневен ред се предлог-законските измени за изградба на коридорите 8 и 10д.

Комисијата за европски прашања треба да почне со расправа по првиот закон за коридорите

Законите се предложени со европско знаменце и треба да се донесат по скратена постапка.

Комисијата синоќа го усвои дневниот ред, а претпладнево, како што најави претседателот Арбр Адеми, ќе почне со расправа по првата точка - Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка.

На седницата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија.

Покрај овие закони, пред членовите на Комсијата е и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители кој исто така треба да се донесе по скратена постапка.

Во Собранието се најавени седници и на Комисијата за прашања на изборите и именувања, за предлозите за избор на членови на Советот на јавните обвинители, и на Комисијата за образование и наука, за предложените измени на законите за основното образование, за основање Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, за просветната инспекција и на Законот за спортска академија, сите во прво читање.

Скопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл

Градот Скопје е подготвен да ги пречека најдобрите европски џудисти во кадетска конкуренција кои овој викенд на татамите поставени во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се борат за за насловот европски кадетски шампион. 

Скопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл

Од џудо федерацијата на Македонија која е технички организатор на настанот реферираат дека сите технички подготовки се навремено завршени согласно највисоките стандарди на европската џудо унија, и со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на идните ѕвезди на европското џудо.

„Првпат Македонија е домаќин на европско првенство во џудо и горди сме што ги отвораме нашите врати за талентираните млади џудисти и посветените поддржувачи од целиот континент. Џудото нѐ учи на дисциплина, почит и на стремеж кон совршенство, вредности што длабоко ги негуваме. Ова првенство ќе биде прослава на младоста, решителноста и иднината на нашиот сакан спорт. Возбудени сме што ги гледаме ѕвездите во подем на европското џудо како се натпреваруваат со страст и спортски дух и веруваме дека татамито во Скопјe ќе стане сцена за незаборавни достигнувања и доживотни спомени“ - изјави Владимир Трпаноски, претседател на џудо федерацијата на Македонија.

Во продолжение од истата, Трпаноски им се заблагодари на раководните лица на европската џудо унија за дадената доверба да го организираат овој настан, на сите кои активно се вклучија во организација, и ја повика македонската публика да ужива во атрактивните борби кои ќе ни ги понудат најдобрите европските џудисти во кадетска конкуренција.

И додека организациските подготовки финишираат, македонските репрезентативци во базата во Скопје ги оддржуваат последните заеднички тренинзи. Селекторот Игор Паскоски заедно со тренерот Александар Фузевски во координација со стручниот тим, следните неколку дена пред почетокот на ова престижно натпреварување ќе ги одработат завршните подготовки кои претежно се базираат на регулирање на тежинските категории како и техничко тактичка и психолошка подготовка на нашите репрезентативци.

Европското првенство започнува во четврток, 26ти јуни во 9 часот, а интензивната програма исполнета со многу борби ќе трае се до сабота, 28ми јуни. Свеченото отварање на настанот е закажано за во четврток во 15 часот и 30 минути, прелиминарните борби во сите натпреварувачки денови почнуват од 9 часот, а финалните во 16 часот и 30 минути.

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари протоколарна средба со новоименуваниот вршител на должноста, амбасадор на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови во насока на организирање дополнителни средби и активности, како и за можностите за споделување искуства и добри практики меѓу двете институции.

Вршителот на должност во Амбасадата на Катар изрази силна поддршка за реализација на ваквите иницијативи, со уверување дека Катар останува посветен на зајакнување на правната соработка со Северна Македонија.

Претседателот Костадиновски на средбата ги презентираше досегашните активности на Судот, кои се во насока на доследно реализирање на неговата уставна улога и промовирање на транспарентноста и владеењето на правото.

Беа разменети мислења за работата и надлежностите на Уставниот суд, Заеднички беше констатирано дека традиционалното пријателство помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива и да се унапредува, особено во полето на уставното судство.

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

Кавадарчанка пријавила дека физички била нападната од сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

- Вчера во 12.30 часот во ОВР Кавадарци, 36-годишна кавадарчанка пријавила дека на 19.06.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Оттаму споделија дека рано утрово, пак, во 01.05 часот во ОВР Кавадарци, 29 - годишната И.Т. од овој град, пријавила дека на улица „Словенска“ во Кавадарци, нејзините две малолетни деца биле физички нападнати од друг малолетник. Се преземале мерки за расчистување на настанот.

притисни ентер