Командата за операции го одбележа Денот на единицата

Припадниците на Командата за операции (КО), со денешната воена свеченост која се одржа во касарната ,,Боро Менков“ во Куманово, го одбележаа Денот на единицата.

Пред присутните свое обраќање имаа началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини.

Генералот Ѓурчиновски во своето обраќање оддаде признание на Командата за операции за резултатите и успешно извршените задачи во целиот досегашен период, како и залагањата во процесот на потполна интеграција во НАТО. Притоа ја истакна поддршката од военото и државно раководство во подобрување на условите, опремувањето и стандардите, за што им порача на припадниците на КО: „ Имаме долг и обврска не само кон државата, туку и кон граѓаните да продолжиме професионално да ги извршуваме сите поставени задачи за што имаме знаење и капацитет“.

Истакнувајќи го зголемениот интензитет на вежбовни активности кои не очекуваат во претстојниот период, за кое ќе следи соодветна модернизација со современи и софистицирани средства, а со тоа се очекува и постигнување на уште поголеми резултати преку континуирана работа, ред и дисциплина, посветеност и професионализам како што доликува на припадници на Армија членка на НАТО.

Пред стројот се обрати и командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини кој се осврна на големиот број успешно реализирани задачи во текот на изминатата година, меѓу кои успешното менаџирање со ангажманите на јужната граница, учество во гаснењето на пожарите и асистенцијата при справувањето со пандемијата со „Ковид 19“ како и меѓународната вежба „Одлучен удар 21“, за која кажа: „Уште еднаш покажавме висок степен на интероперабилност со Алијансата, но и го потврдивме мотото дека заедно сме навистина посилни“.

„Ние во Командата за операции нема да го напуштаме темпото и квалитетот на работа по кои се идентификуваме. Немам никаков сомнеж дека ќе бидеме успешни во предизвиците кои ни претстојат“- истакна во својот говор генералот Емини.

На прославата која се реализираше со почитување на мерките и препораките од Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на вирусот „Ковид 19“ присуствуваа и заменикот на началник, генерал-мајор Азим Нуредин, генерали во Армијата, државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, претставници од кабинетот на Претседателот, поранешни команданти на оваа команда, претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот и од бригадата за Југоисточна Европа, која е лоцирана во касарната.

Во рамки на свеченоста се доделија стимулативни мерки на припадници на КО за остварените резултати во работењето, додека за најдобра единица од составот на Командата за операции за минатата година се прогласи инженерискиот баталјон.

Командата за операции е носител на традициите на одбележувањето на денот кога е формиран штабот на Кресненско востание, кој е воедно и ден кога е кренато востанието, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата.

Командата за операции како команда од оперативно рамниште во текот на своето постоење егзистираше како Армиски Корпус до 2000 година, кога се трансформира во 1.Армиски Корпус, за да во 2002 година прерасне во Команда на копнената војска, а од 2005 година се преструктуира според стандардите на НАТО во Здружена оперативна команда, додека согласно процесот на трансформација по полноправното членство во НАТО го добива сегашното име.

Како највисока команда на оперативно рамниште во Армијата, КО е најодговорна за подготовка на командите и единиците од својот состав за извршување на уставните задачи на Армијата, како и учество во мировните операции и придонесување и асистенција на институциите во државата во кризни состојби.

Министерство за одбрана

Генералштаб на Армијата

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер