Колку влезот во НАТО на Финска и Шведска ќе предизвика опасност од војна во Европа? - Канал 5

Колку влезот во НАТО на Финска и Шведска ќе предизвика опасност од војна во Европа?

Членството на Шведска во НАТО ќе има ефект на стабилност и во корист за земјите околу Балтичкото Море, ова е оценката на шведската влада, која денеска презентираше документ за предностите од приклучувањето на Алијансата. 

Колку влезот во НАТО на Финска и Шведска ќе предизвика опасност од војна во Европа?

Руски напад врз Шведска не е исклучен, се вели во документот објавен ден откако и Финска најави скорешна апликација во НАТО.

-Нашето членство во НАТО ќе спречи евентуални конфликти во Северна Европа. Но, важно е Шведска да добие безбедносни гаранции за време на периодот на транзиција за да се намали ризикот од руска одмазда. , вели Ана Линде, министерка за надворешнои работи на Шведска.

Со членството на двете земји во НАТО сериозно ќе се смени безбедносниот пејсаж во Северна Европа. 1.300 километри долгата финска граница со Русија ќе ја удвои границата на НАТО кон Москва и ќе се протега преку источната линија на Балтичките земји на југ до Турција. За воениот експерт Методи Хаџи-Јанев сега во односите НАТО-Русија сите опции се отворени – од статус кво до употреба на сила.

-Можеме да очекуваме меневрирање или распоредување на сили кои би имале улога на одвраќање од потенцијален напад, но не е исклучено и да се навлезе на територијата на Финска и Шведска за да се сигнализира на другата страна дека ваквиот чекор на Русија не е прифатлив, вели Методи Хаџијанев, Методи Хаџи-Јанев, професор на Воената академија во Скопје.

По заканата на Русија дека воено-тактички ќе одговори на евентуалните нови НАТО членки на своите граници, Хаџи-Јанев вели дека од развојот на настаните ќе зависи колку далеку може да оди Путин, а со тоа и можноста од употреба на нуклеарно оружје.

-Путин најверојатно ги искористил како крајна опција, не верувам дека би дејствувал предвремено, но ако распореди сили, НАТО ќе мора да реагира и ситуацијата да ескалира многу брзо., вели Хаџи-Јанев.

Путин попладнево одржа седница на Советот за безбедност, посветана токму на потецнијалната безбедносна закана од членството на Финска и Шведска, но детали не се откриваат.

YouTube video

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари протоколарна средба со новоименуваниот вршител на должноста, амбасадор на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови во насока на организирање дополнителни средби и активности, како и за можностите за споделување искуства и добри практики меѓу двете институции.

Вршителот на должност во Амбасадата на Катар изрази силна поддршка за реализација на ваквите иницијативи, со уверување дека Катар останува посветен на зајакнување на правната соработка со Северна Македонија.

Претседателот Костадиновски на средбата ги презентираше досегашните активности на Судот, кои се во насока на доследно реализирање на неговата уставна улога и промовирање на транспарентноста и владеењето на правото.

Беа разменети мислења за работата и надлежностите на Уставниот суд, Заеднички беше констатирано дека традиционалното пријателство помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива и да се унапредува, особено во полето на уставното судство.

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

Кавадарчанка пријавила дека физички била нападната од сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

- Вчера во 12.30 часот во ОВР Кавадарци, 36-годишна кавадарчанка пријавила дека на 19.06.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Оттаму споделија дека рано утрово, пак, во 01.05 часот во ОВР Кавадарци, 29 - годишната И.Т. од овој град, пријавила дека на улица „Словенска“ во Кавадарци, нејзините две малолетни деца биле физички нападнати од друг малолетник. Се преземале мерки за расчистување на настанот.

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Средба Петар Богојески - Христијан Мицкоски. 

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Согласно Одлуката на Претседателството на политичката партија Македонски Концепт од 23.06.2025 година, денес остварена е официјална средба помеѓу претседателот д-р Петар Богојески и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, на која беше констатирано следното:

Прво, потврдена е добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија”.

Второ, дадена е позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата на Коалицијата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети.

Трето, договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година, при што споделено е убедување во голема победа.

Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.

Македонски Концепт ги достави своите сугестии за програмските приоритети на Владата за наредната година, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Со почит,

ЦКА на Македонски Концепт

притисни ентер