Колку кампањата меѓу двата изборни круга ќе ја зголемат (не)излезноста

Повиците за масовна излезност во недела на два дена пред финишот на кампањата ги интензивираа и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

ЕУ го „подзатвори“ вентилот за гас

Планот на Европската унија за намалување на потрошувачката на гас низ целиот блок за 15 отсто стапува на сила денеска, откако во понеделникот беше објавен во официјалниот административен весник на ЕУ.

На 5 август, земјите-членки на ЕУ формално усвоија итен план за намалување на потрошувачката на гас за да заштедат гориво за зимата поради неизвесноста со руските испораки, и покрај противењето на Полска и Унгарија на конечната верзија на законот.

Договорот бара од сите земји од ЕУ доброволно да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти, при што Европската комисија може да го прогласи тоа како обврска во вонредни околности, иако со одредени исклучоци за одредени земји и индустрии. Сите земји освен Унгарија и Полска го одобрија договорот, давајќи му сила на законот, објави минатата недела Чешка, која е актуелно претседавач со ЕУ.

Регулативата наведува дека земјите од ЕУ „ќе вложат максимални напори“ да ја намалат потрошувачката на гас од август оваа година до март следната година за „најмалку 15 проценти“ во однос на нивната просечна потрошувачка во претходните пет години. Доколку Европската комисија забележи „сериозен недостиг на гас“ или исклучително висока побарувачка за гас, може да побара од земјите на ЕУ да прогласат општа вонредна состојба во блокот. Со тоа намалувањето на потрошувачката на гас ќе биде задолжително, со ограничени исклучоци.

Фото: Таа го има најубавиот задник меѓу жените на фудбалерите

Сопругата на американскиот фудбалер Џордан Појер, убавата Рејчел  од Бафало Билс постојано привлекува внимание со разголени фотографии и понекогаш нема граници во тоа што го објавува.

Рејчел често ја разгорува машката фантазија со еротски фотографии. Секако, ова и носи огромен профит, а пристигнаа и нови фотографии од Ибица.

Додека нејзиниот сопруг е со тимот на предсезонски тренинзи, Рејчел ужива на Ибица. Таа ги објави и првите фотографии кои очекувано изгледаат многу атрактивно.

„Помина премногу време. Време е за селфи во огледало“, рекла Рејчел.

Двајца Палестинци убиени, 30 ранети во израелски напад во градот Наблус на Западниот Брег

​ Во денешниот напад на израелската војска во Наблус на окупираниот Западен Брег на реката Јордан се убиени двајца Палестинци, меѓу кои и командант на военото крило Фатах на бригадата на мачениците од Ал Акса.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека во нападот се повредени најмалку 30 Палестинци.

Во рација на израелската полиција во станбена населба во стариот дел на Наблус дошло до размена на оган, при што бил убиен Ибрахим ал-Набулси од бригадата на маченицита од Ал Акса и уште еден палестински борец. За време на рацијата имало интензивни оружени престрелки, а израелските сили со веони возила го блокирале сообраќајот во градот. Судири имало и во други делови на Наблус, каде Палестинците фрлаа камења по војниците.

Стариот град Наблус на северниот дел на Западниот Брег е палестинска територија која е под окупација на израелската армија од војната во 1967 година.

притисни ентер