Колевски: Советот на јавни обвинители едногласно го прифати предлогот за разрешување на Јанева

Членовите на Советот на јавни обвинители едногласно го усвоија предлогот за разрешување на Катица Јанева, поднесен од Собранието. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Примателите на социјална помош од Прилеп загрижени за своите средства

Затворањето на Еуростандард банката дополнително создаде забуна и недоразбирање кај илјадници домаќинства корисниците на минимална парична помош и на поединци корисници на туѓа нега,на детски и додаток  за образование. 

Над 30 отсто од 8500 корисници на овие средства од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени два дена безуспешно се обидуваат да ја регулираат исплатата преку други банки. Велат дека покрај трансакциски сметки банките им бараат и социјален број.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи велат дека во упатствата добиени од ресорното министерство немаат обврска поединачно да даваат социјални броеви бидејќи списоците се испратени до банкарската асоцијалција која треба да ги ажурира списоците според трансакциските сметки каде што ги имаат корисниците на социјалната помош.

За реакциите на граѓаните – корисници на социјална помош информирано е Министерството за труд и социјална политика.Се верува дека почетните недоразбирања меѓу нив и банките брзо ќе биде надминати..

СДСМ и ДУИ денеска ги продолжија преговорите со претставници на пониско ниво

СДСМ и ДУИ на чекор од конечен договор за формирање Влада. 

Генералните секретари на СДСМ и ДУИ, како и работни групи на различни нивоа денеска ги продолжија разговорите за формирање нова коалиција. Љупчо Николовски и Артан Груби треба да ги договорат деталите за идната соработката меѓу двете партии откако вчера лидерот, Заев и Ахмети постигнале исчекор кон договор.

Во заедничкото соопштение од партиите велат дека принципите на кои ќе се темели идната влада се потврдени.

„Се подготвуваме за следните чекори како што е изработката на детална програма за работа и дефинирање предлози за соодветни подготвени чесни и способни кадри. Веруваме дека ваквиот пристап ќе доведе до конечен договор и до Влада со полн четиригодишен мандат која ќе биде изгласана во Собранието“, се вели во соопштението од СДСМ – ДУИ.

Но, не се открива дали има напредок и околу клучниот „камен на сопнување“ во преговорите – барањето на ДУИ за Албанец премиер. Пред вчерашната средба на лидерите, Ахмети порача дека тие не се откажуваат од главното предизборно ветување, а Заев побара поголема флексибилност од ДУИ и приоритет да им се даде на државните интереси.

По средбата Заев – Гаши во средбата остана нејасно дали и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива влегуваат во преговорите за новата влада. Од коалицијата предводена од Села и Гаши децидни дека нема преговори и ќе се нема се додека ДУИ е дел од тие преговори.

„Иако не се сме легитимни победници на изборите на 15 Јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за Премиер да биде Насер Зибери. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, зашто има легалитет, таа партиа нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција“, вели Скендер Реџепи, генерален секретар на Алтернатива.

Реџепи вели ако дојде предлог во Собрание за Зибери премиер тие ќе го поддржат. Од ВМРО ДПМНЕ, велат дека ќе чекаат резултатот од преговорите меѓу Заев и Ахмети, но дека и понатаму сите опции се отворени.

Попладнево протести во шест градови против покачувањето на струјата

Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар и Кичево денеска излегуваат на протест против поскапувањето на струјата. 

Се бара поништување на одлуката за повисоки сметки, поевтинување на струјата за 46%, распуштање на Регулаторната комисија за енергетика, намалување на ДДВ-то од 18 на 5%....

Претходно, првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски истакна дека поскапување ќе има, бидејќи во спротивно енергетските компании би работеле со загуба, а доколку тие се откажат од предлогот за покачување на сметките и работат со повисоки трошоци, одлуката ќе се поништи. Таква најава нема. Тој предложи и Владата да амортизира дел од ударот, а неговиот став денеска го поддржаа и од Секретаријатот на Енергетската заедница.

„Интерес и обврска на Владата е да обезбеди заштита на потрошувачите и да ги разгледа можностите да се намали ударот од зголемената цена на електрична енергија за граѓаните кои се директно погодени од корона кризата. Треба да се разгледа можност да се воведе привремена мерка која ќе значи проширување на опфатот на лица кои ќе влезат во групата за субвенционирање на сметки со вклучување на граѓани кои се директно економски погодени од здравствената криза, на пример оние граѓани кои имаат останато без примања.“– Јанез Копач – директор на Секретаријатот на Енергетска заедница.

Копач додаде и дека поскапата струја нема да влијае на покачувањето на цените на производите.

Со ваквиот став не се согласуваат синдикатите. Од ССМ неодамна соопштија дека товарот ќе падне врз обичните граѓани и побараа од Економско-социјалниот совет да ги покачи линеарно платите и пензиите исто така за 7,4%. Нивните барања до моментов не се исполнети, а в понеделник ќе се сретнат со Бислимовски, каде неофицијално, ќе побараат замрзнување на одлуката до крај на епидемијата.

Од ЕЛЕМ и ЕВН нема најави за повлекување на барањето за поскапа струја, а токму пред подружниците на ЕВН се очекува да завршат дел од протестните маршеви. Две возила на компанијата вчеравечер во Тетово беа запалени, полицијата експресно го пронајде сторителот, а од ЕВН велат дека ќе преземат мерки за заштита на вработените и имотот.

притисни ентер