Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

СДСМ го решава проблемот и затоа денес излезе со конкретен закон и конкретно решение за личните документи за граѓаните.

Граѓаните треба да бидат спокојни, затоа што ние имаме предлог закон со кој ќе го решиме проблемот и не треба да се грижат. СДСМ носи одговорност кон граѓаните, за разлика од ДПМНЕ кои се главни креатори на проблемите и лагите.

„ ДПМНЕ лажат сите овие години и мислат дека некој ќе им верува, посебно пак сега. Последно што направија, е, дадоа предлози за технички министри кој што не знаат што зборуваат. На емисија кажуваат дека ќе важат патните исправи, а потоа, да даваат соопштенија во недела, во кој кажуваат дека не важат. Знаат ли министрите на ДПМНЕ што е официјална изјава и што треба да кажат или намерно креираат паника меѓу граѓаните“, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Колева

Граѓаните треба да бидат спокојни затоа што СДСМ со предлог закон ќе го реши проблемот со документите за лична идентификација.

Колева потенцираше дека ДПМНЕ се грижи за граѓаните, само од говорница и само кога се во опозиција. Кога се на власт, или местат избори, или крадат и лажат и прават се најлошо што може да се направи.

-Пустош направија 11 години во државата. И ниту еден проблем не решија. На телевизија на вестите се им беше позитивно, се сликаа со лопата на најмали проекти, ама во позадина, во бомбите се изнаслушавме што се не направиле. ДПМНЕ освен што освен што блокираа клучни закони, манипулираат и лажат. Постојано шират паника, дека ќе имало бугаризација, дека ќе имало рестрикции за струја, ќе немало храна. Се тоа се лаги и манипулацијата на ДПМНЕ. Ако се искрени и чесни , нема да создаваа паника и хистерија. Но, тие создаваа паника во ковид- пандемија, а не пак сега, кога голем дел од работите се регулирани“, рече Колева, се наведува во партиското соопштение.

Во Белград се одржа масовен протест „на 15-ти за 15-те“, според МВР имало 107.000 луѓе

Голем протестен собир под слоганот „15 за 15“ се одржа денеска во Белград на повик на студентите, кои бараат одговорност за уривањето на настрешница во нови сад и смртта на петнаесет лица.

Централниот настан се одржа на плоштадот Славија, каде студентите им се обратија на граѓаните, ги читаа нивните барања и ги пееја песните кои станаа симбол на протестите. српското мвр официјално соопшти дека според проценките на полицијата на сите локации во белград бројот на учесници бил околу 107.000.

Првично беше најавено дека митингот ќе се одржи на платото пред собранието на Србија, каде се собраа голем број граѓани, но потоа студентските редари ги повикаа граѓаните да се упатат кон Славија, за да се избегнат евентуални провокации и инциденти со групата луѓе кои кампуваат во пионерскиот парк. Вечерва имаше информации за инциденти таму, но студентите соопштија дека официјално нивниот протест е завршен и се оградија од евентуални провокатори.

Точно во 19 часот на плоштадот Славија и околните улици започна петнаесетминутниот молк, за симболично да оддат почит на 15-те жртви во Нови Сад на 1 ноември. За време на молкот, граѓаните ги држеа вклучени светлата на мобилните телефони, а го завршија, со како што ја нарекоа, најголемата врева во Србија.

Германско МНР: Путин спроведува тактика за одложување на преговорите во Украина

 Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Путин намерно не влегува во мировни преговори.

Министерството за надворешни работи на Германија изразува скептицизам во однос на изјавите на рускиот претседател, Владимир Путин, во врска со прекинот на огнот во Украина и смета дека тоа е, во најдобар случај, одложување на преговорите, пишува Дојче веле.

По воздржаната реакција на Русија на предлогот на САД за прекин на огнот во Украина, германската Ввлада го обвини Путин за одложување на преговарачкиот процес.

„Во најдобар случај, можеме да зборуваме за тактика на одложување во врска со прекинот на огнот, доколку има такви услови и резерви“, изјави вчера портпаролката на германското Министерство за надворешни работи.

Таа изјави дека мора да се постави прашањето дали има сериозен интерес да се работи на траен прекин на огнот и решение.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Путин намерно не влегува во мировни преговори.

„Путин намерно ја држи отворена вратата за мировни преговори, но тој сè уште не е подготвен да помине низ тоа“, рече таа. /МИА

Брнабиќ na X: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк

Дел од насобраните граѓани, иако студентите прогласија крај на протестот, се уште е пред Собранието на Србија.

Во објава на Х, претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ вечерва ги отфрли наводите дека нападот за време на инцидентите на вечерашниот протест пред Парламентот го извршил некој од кампот во Пионирски парк, туку дека „екстремисти“ ги нападнале и студентите во блокада и студентите во паркот, јави МИА од Белград.

„Лага е дека некој од Пионирски парк нападнал некого. Јасен доказ дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокада и студентите во Пионирски парк. Насилството нема да биде дозволено“.

Белградски медиуми јавија за две приведени лица вечерва од пред просторот меѓу Собранието и Претседателството и дека се распоредени припадници на жандармеријата со опрема за разбивање протести пред Правниот факултет во Белград.

Студентското обезбедување во блокада прогласи крај на протестот пред српското Собрание, ги отстрани маркерите, а на насобраните им нареди да се повлечат, по инцидент .

Дел од насобраните граѓани, иако студентите прогласија крај на протестот, се уште е пред Собранието на Србија.

притисни ентер