Колев: Ги повикувам Заев, Мицковски и Ахмети да се откажат од пратеничките или премиерските плати и бенефиции

Во период од еден мандат тоа се милиони евра што ќе може да ги насочиме кон хуманитарни цели, да се помогнат ранливите категории, спортистите, па и средниот, малиот и семејниот бизнис. 

Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) ги повикува кандидатите на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ да го следат примерот на нашите кандидати и доброволно да се откажат од износот над 14.500 денари од пратеничките плати и сите останати финансиски поволности што ќе им следуваат на избраните функционери во Собранието во следните 4 години. Македонија се наоѓа пред огромна финансиска бездна како последица на разурнувачките ефекти врз економијата предизвикани од пандемијата на КОВИД 19, но и поради погрешните политики за државно менаџирање токму од овие големи партии во изминатите 30 години.

„Во период од еден мандат тоа се милиони евра што ќе може да ги насочиме кон хуманитарни цели, да се помогнат ранливите категории, спортистите, па и средниот, малиот и семејниот бизнис. Нашиот впечаток е дека токму т.н. “големи” партии, чии дејци остварија најмногу корист од уживањето во власта, треба и да бидат први што ќе ни се приклучат. Во овие партии има кандидати кои имаат успешни бизниси кои може да им обезбедат егзистенција во следните 4 години, и тоа се лица кои нема да зависат од пратеничката плата. Очекував и дека со личен пример веднаш по мене ќе се појават и Заев, Мицковски и Ахмети за да покажат дека растат како политичари, независно од тоа дали ќе се откажат од пратеничка или премиерска плата. Но, за жал, по мојата прес конференција следи молк“, изјави претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев.

ГДУ смета дека за Македонија следат години во кои избраните функционери треба да демонстрираат штедливост и домаќинско однесување.

„Ако граѓаните ни ги плаќаат трошоците за изборните кампањи, не гледам причина зошто и ние да не им возвратиме. На Македонија и се потребни нов тип на политичари, индивидуалци кои се подготвени преку Собранието да помогнат македонската економија навистина да заздравее, а македонскиот Буџет да се врати во некоја понормална кондиција со цел да се намалат и кредитните позајмувања во следните години. Затоа сметаме дека секој оној кандидат што ќе се откаже од можностите за лично богатење преку Собранието заслужува да биде пратеник“, вели Колев.

ГДУ сака да потенцира дека иако парите што би ги заштедиле пратениците се само капка во морето, финансиските параметри покажуваат дека потребно е штедење на секое ниво. Македонија секоја година добива нов и повисок мегаломанскиот Буџет, а само за пример, од почетокот на пандемијата, и јавниот долг на Македонија го зголемија за 1,2 милијарди евра. Од нив ќе вратат стари долгови од 700 милиони евра, но, на крајот сепак ќе завршиме со јавен долг повисок за најмалку половина милијарда евра.

Работник од Прилеп почина од повреди на работното место

Д.К. (64) од Прилеп, вработен во приватна фирма во прилепското село Бела Црква бил повреден и починал на местото на незгодата додека извршувал работни задачи.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 09.00 часот во Полициската станица во Прилеп.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција./МИА

Велес ќе добие модуларна монтажна КОВИД болница

На Велес му се доделени модуларни елементи, кои се странска донација, за изградба на модуларна монтажна КОВИД болница со капацитет од 33 болнички легла. 

Ќе биде изградена на парцела до хелиодромот над Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница, на местото познато како „Германски гробишта", информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

– Во наредниот период ќе се бара решение како да се завршат инфраструктурните работи за да може да дојде до монтирање на елементите. Локацијата која е одредена за оваа намена е парцелата лево од Инфективното одделение веднаш до хелиодромот над Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница, Велес, изјави Коцевски.

Тој посочи дека Велес е една 16 општини каде треба да се распределат модуларните КОВИД болници.

Тој информира дека за оваа намена на барање на Министерството за здравство, општините треба да го бетонираат платото и да обезбедт приклучок на водоводна и канализациона мрежа, иако болниците се национални, а не локални установи и тоа не е надлежност на локалните самоуправи.

– Ние за жал немаме предвидено таква ставка во буџетот и допрва треба да бараме решение како да обезбедиме средства за да ги извршиме нашите надлежности или треба да ја известиме Владата и Министерството за здравство дека не можеме да обезбедиме такви средства. Причината е затоа што финансиската состојбата на Општината станува критична поради состојбата со КОВИД-19 и по последиците од невремето, а кои ни одземаа допонително финансиски средства. Така што ќе мора да правиме или со ребаланс на Буџетот или со измена на програмите, да обезбедиме средства за оваа болница, појасни Коцевски. /MИА

СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника

ВМРО-ДПМНЕ во познат стил продолжува да шири лаги и се обидува да наметна неоснована паника меѓу граѓанитем, реагираат од СДСМ на прес-конференција на Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопшти и Народната банка, стечајот на ,, Еуростандард банка" е поради проблеми од минатото, а дел од вината за таквото работење има и кадарот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трајковски, директор на Управата за јавни приходи во време на режимот и досегашен претседател Управниот одбор на ,, Еуростандард банка"

Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да ги бара одговорите за затворањето на банката.

ВМРО-ДПМНЕ да сопре со пласирање лажни вести и паника кај граѓаните и да дозволи институциите да ја работат работата за која што се надлежни.

Имаме одговорни и стабилни институции кои соодветно спроведуваат постапки за заштита на правата и интересите на државата и на граѓаните.

притисни ентер