Колемишевски: Со економските мерки, директна финансиска помош за 730.000 корисници од 355 милиони евра

Во ова време на големи здравствени и економски предизвици им помагаме на граѓаните и на компаниите полесно да се справат со кризата

Го спроведуваме третиот пакет економски мерки во вредност од 355 милиони евра, наменет за 730.000 корисници.

Овие мерки со директна финансиска поддршка ја зголемуваат куповната моќ, со што овозможуваат раздвижување на македонската економија и стимулираат раст и промоција на домашните производи и услуги.

Корисници на директна финансиска помош, доделена на платежна картичка, се сите невработени лица, социјално ранливите групи, домаќинствата со ниски примања, младите и здравствените работници.

Граѓаните кои ги исполнуваат условите за да бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат, туку ќе ја добијат картичката на домашна адреса или ќе може да ја подигнат од банка.

Платежна картичка „Купувам домашно" со 9.000 денари наменети за купување македонски прозиводи и услуги ќе добијат над 100.000 граѓани, односно сите невработени лица, кои имаат месечен приход под 15,000 денари, како и примателите на гарантирана минимална помош.

Ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари, ќе добијат сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи.

Во овие мерки особено внимание посветивме на младите, кои ќе добијат 6.000 денари за покривање на партиципација за Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци. Младите ќе добијат и платежна домашна картичка од 50 евра, за домашни производи и услуги.

Ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини, ќе добијат околу 10,000 млади до 29 години, кои ќе посетуваат академии во земјава за дигитални и ИТ вештини, а кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.

Здравствени работници, кои се на првата линија во борбата со коронавирусот ќе добијат картичка со износ од 40% од основната нето-плата.

Да им помогнеме на здравстените работници со почитување на мерките за заштита на здравјето, со дистанца, носење маски, редовно миење на рацете и дезинфекција и од оваа криза ќе излеземе похрабри и поуспешни.

Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер