Колемишевски: Домашната платежна картичка „Купувам домашно" има за цел да даде директна финансиска поддршка за повеќе категории граѓани

На денешната онлајн дискусија на тема „Нова развојна македонска економија", зборуваше и претседателот на Комисијата за економија, Кирил Колемишевски.

Тој истакна дека во моментов се спроведува третиот пакет економски мерки во вредност од 355 милиони евра, наменет за 730.000 корисници.

Како дел од овој трет пакет економски мерки, е платежната картичка која има за цел да даде директна финансиска поддршка за повеќе категории граѓани.

Фокусот на оваа мерка е опфат на невработените, активни баратели на работа и примателите на гарантирана минимална помош кои ќе добијат парична поддршка од 9.000 денари, вработените лица кои имаат месечни примања помали од 15 илјади денари ќе добијат на домашните платежни картички 3.000 денари исто и младите лица од 16 - 29 години.

Средствата од домашната платежна картичка „Купувам домашно" ќе можат да се потрошат за купување на македонски производи и услуги а со тоа индиректно се помага на домашните компании, рече Колемишевски.

Тој додаде дека младите покрај паричната помош од 3.000 денари на домашната платежна картичка ќе добијат и 6.000 денари за покривање на трошоците за сместување или партиципација како помош во нивото образование. Дополнително, околу 7 до 10 илјади млади добиваат и ваучери за кофинансирање за стекнување на ит вештини, обуки, тренинзи и курсеви, кои ќе посетуваат академии за вакви вештини, со цел полесно да најдат работа и бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

„Процесот за добивање на платежната картичка „Купувам домашно" ќе е едноставен, без апликација од страна на граѓаните", рече Колемишевски.

Издавањето на платежната картичка ќе биде од 3 јули со рок за искористување до 31 јули. Овие пари може да се користат во ресторани, кафитерии, зелени пазари, аптеки, он лајн продавници, секаде каде има безготовинско плаќање. Намената е само за домашни производи и услуги, со цел подршка на нашите компании.

Колемишевски на крај им порача на компаниите да го согледаат ова како шанса да го модернизираат своето работење, преку воведување на нови технологии.

Компании во светот кои ја сфатиле новата реалност, веќе бележат раст и истите во криза генерираат профити повеќе од порано.

„Оваа криза да ја искористиме како шанса од која ќе излеземе со реформирани и осовремени компании конкурентни во регионот и интернационално. Заедно ќе излеземе посилни од ова" -заврши Колемишевски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Уставен донесе одлука граѓаните со попреченост над 65 год. да добијат надоместок согласно Закон

Уставен донесе одлука граѓаните со попреченост над 65 години да добијат надоместок согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.

Уставниот суд го поништи член 3 став 1 точка 2 во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани со што граѓаните со попреченост над 65 години кои не добиле надоместок, сега имаат можност да побараат да им се исплати надоместокот во изминатиот период, од кога Законот е влезен во правна сила.

Според член 3 став 1 точка 2 од Законот „корисници на правото на надоместок заради попреченост” се лица со навршена 26 годишна возраст, а најмногу до 65 годишна возраст, со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, согласно со податоците од евиденцијата на центрите за социјална работа.

Од содржината на погоре наведениот член од Законот произлегува дека во групата корисници на правото на надоместок заради попреченост, не спаѓаат лицата над 65-годишна возраст, а со тоа овие лица се исклучени од финансиската поддршка согласно со Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.

Судот оценил дека со таа одредба e нарушенa темелната вредност на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и принципот на правната сигурност на граѓаните во остварувањето на правата од социјалната сфера.

- Со исклучувањето на овие лица од единствената категорија корисници на правото на надоместок заради попреченост, според Судот, создава и нееднаков третман помеѓу лицата кои се наоѓаат во иста правна положба (сите се корисници на правото на надоместок заради попреченост), но едни можат да остварат право на финансиска поддршка, а други не можат, исклучиво заради возраста, стои во соопштението од Уставен суд.

Во декември 2022 година Уставниот суд го укина став 2 од членот 44 од Законот за социјална заштита, кој оневозможуваше лицата со попреченост над 65 години да остварат право на надоместок поради попреченост.

МИА претходно пишуваше за Законот за социјална заштита, конкретно за горенаведениот ограничувачки став за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост кој содржеше нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваа ова право.

Се зголемува „Европскиот фронт“ на ДУИ

Се зголемнува Европскиот фронт на Ахмети.

. Денес Интергративците портпишаа договор за заеднички настап на изборите и со Движење на Турците за правда и демократија. Настанот кој се уште трае го следи Ивана Стојановска.

Што беше кажано на настанот?

Алонсо: Останувам во Леверкузен, тоа е вистинското место за мене

Чаби Алонсо ја потврди својата одлука да остане на чело на Баер Леверкузен. Така, тој ја пропушта можноста да ги преземе Ливерпул или Баерн Минхен, кои уште од летото го посакуваа во своите редови и влегоа во преговори со него.

Тој во принцип има договор со „аспирините“ до крајот на сезоната 2025/26. Според информациите во летото 2025 година во неговиот договор ќе биде активирана клаузула според која тој ќе може да замине како слободен агент.

Шпанецот моментално го води Баер до титулата во Бундеслигата, со солидна предност од 10 бода пред второпласираниот Баерн на осум кола до крајот. Одделно, тимот е во четвртфиналето на Лига Европа и е во полуфиналето на Купот на Германија.

Чаби Алонсо го води Леверкузен од октомври 2022 година.

притисни ентер