Кој стои зад планираното филмското бегство од „Идризово“?

Кои се осумте осуденици во затворот Идризово кои со месеци, незабележани од никого, копале тунел за филмски избегаат од Идризово, ниту еден од државните органи не соопштува.

Од МВР упатуваат на Јавното обвинителството, а од таму само потврдуваат дека дека се преземаат дејствија и се вршат проверки за испитување на околностите.

-Дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје вчера изврши увид во КПД Идризово – Скопје. Во предметот се преземаат дејствија и се вршат проверки за испитување на околностите. -ЈОРМ

Кои се осумте затвореници, за кои МВР се сомнева дека го копале тунелот долг 40-тина метри, од шеталиштето на затворениот затворски дел а во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, не знае ниту првиот човек на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ. Единтвено се знае дека издржуваат затворски казни од минимум десет години до доживотни.

Стојановиќ очекува истрагата да даде одговор и дали евентуално вработени во затворските служби на некаков начин биле инволвирани.

-Што е претпоставка дека се инволвирани осум осуденици, јас лично не би можел да кажам кои се тие, затоа што одреден период бев надвор од тој систем. Меѓутоа, нема кој друг да копа освен осуденици. Доколку МВР има сознанија препоставувам дека тие ќе ги истражи дополнително и ќе потврди. А дали има вмешаност и на вработени јас би сакал да се истражи и тоа, затоа што доколку има вработени дека тоа се работи мора и да одговараат за таква работа, изјави – Јовица Стојановиќ – Директор на Управа за извршување на санкциите .

Откако вчера беше откриен случајот, Владата експресно го разреши директорот на затворот Шпенд Тахири. Но, тој не чувствува никаква одговорност, а од неговата партија Алтернатива, соопштија дека всушност откривањето на тунелот е негова заслуга.

-Моето разрешување е чисто политичко и нема никаква врска со вчерашниот настан. Јас немам одговорност за тоа, туку напротив горд сум на тоа што се откри. Имавме информации од пред еден месец и во соработка со органите се преземаа дејствија и постапувавме. Баравме асистенција и од МВР, дојде градежна механизација и беше откриен тунелот, вели Шпенд Тахири – поранешен директор на КПД Идризово

На местото на Тахири е назначен поранешниот генерал во МВР, Зоран Јовановски. Промената на челната фунцкија во најголемиот затвор доаѓа и по два месеци од спекуларното бегство на затворнеикот Беким Мемети, за кое командирот на смена и неколку чувари се во притвор. И за овој случај истрагата се уште трае,а од бегалецот нема ни трага ни глас. За разлика, од него, копачите – затвореници, кои неколку месеци работеле под електрична сијалица на кабел, земјата ја извлекувале со пластични корпи и јажиња а тунелот го обезбедиле со потпорни греди и тули, остануваат во Идризово, веројатно со нови кривични пријави. Според проценките, за да избегаат им трабало да ископаат уште 30-тина метри...

Ќерката на Мадона, Лурд, тврди дека е проколната во љубовта

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, иако има само 26 години, е во центарот на вниманието на светската јавност како наследничка на кралицата на попот.

Таа исто така многу рано влезе во светот на музиката, а кариерата ја гради под уметничкото име Лолахол, иако е многу поуспешна во светот на манекенството.

Зад себе веќе има неколку неуспешни љубовни врски кои го привлекоа вниманието на јавноста, а Лурд вели дека за неа љубовта е проклетство.

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, иако има само 26 години, е во центарот на вниманието на светската јавност како наследничка на кралицата на попот.

Со години се шпекулира дали и се допаѓаат мажи или жени, а сега таа одлучи да стави крај на таа приказна.

- Би рекла дека мојот најголем грев е што сакам момчиња. Тоа е такво проклетство. Јас сум болно стрејт, тоа е ужасно. Посакувам да не беше така, но за жал, ова се картите што ги добив – изјави таа во интервју за „The Face“.

Летонија има нов претседател, тој е деклариран геј

Министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс, беше избран во парламентот за нов претседател на земјата.

Шефот на латвиската дипломатија од 2011 година, 49-годишниот деклариран хомосексуалец ќе го замени Егилс Левитс, кој одлучи да не се кандидира за втор мандат.

„Ќе направам се за да ја направиме нашата земја просперитетна и безбедна“, рече Ринкевичс по гласањето во парламентот. Ринкевичс јавно се изјасни како геј во 2014 година. Тој беше првиот политичар во Латвија што го стори тоа. Летонскиот претседател има главно церемонијална улога.

Летонија е членка на ЕУ и НАТО и силно ја поддржува Украина во војната против руската агресија и нејзиниот пристап во ЕУ и НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на Ринкевичс за неговиот избор, велејќи дека тој е „вистински пријател на Украина“.

Летонија ќе биде во добри раце во следните четири години“, рече Левитс по изборот на неговиот наследник. Пред да стане министер за надворешни работи, Ринкевичс работеше како надворешнополитички аналитичар за јавното радио Латвијас Радио, а потоа работеше во Министерството за одбрана и Кабинетот на претседателот, пренесе Индекс.хр.

Огромен интерес за најскапиот телефон од „Google“

„Google Pixel Fold“ сега е подготвен за претпродажба, но изгледа дека топ моделот со 512 GB простор официјално го нема на залиха во САД.

Моделот со 512 GB е достапен само во обсидијан црна боја и покрај цената од 1.919 долари (1.899 евра), се чини дека е моделот што предизвикува најголем интерес кај купувачите.

Официјалната продавница на „Google“ сè уште го има на залиха „Pixel Fold“ од 256 GB во обсидијан и порцелан.

„512 GB Pixel Fold“ сè уште е достапен за нарачка однапред во ОК, Германија и Јапонија. Телефонот ќе биде пуштен во продажба на 27 јуни.

За потсетување, првиот телефон на „Google“ на преклопување – „Pixel Fold“ - се напојува со чипот „Tensor G2“, истиот процесор кој ја напојува серијата „Pixel 7“ и има импресивен систем со три камери на задната страна.

притисни ентер