Кој прв до Бекам?

Студенти ,полицајци и обезбедувачи се повредени во стампедото што го создадоа фановите на Дејвид Бекам кои се обидуваа да стигнат поблиску до фудбалската звезда.

Инцидентот се случил на универзитет во Шангај.Бекам кој престојува во Кина требало да се сретне со членовите на фудбалскиот клуб од универзитетот ,но кога пристигнал на универзитетот ,1000 негови фанови ја пробиле заштитната ограда и кордонот полицајци.

Десетина лица кои се здобиле со посериозни повреди на главата и нозете се здаржани во болница. Поранешниот играч на Манечестер Јунајтед ,Реал Мадрид и Ел Еј Галакси е во Кина да ја промовира кинеската супер лига.

Почина Милош Јакеш последниот лидер на чешките комунисти

Милош Јакеш кој беше последниот генерален секретар на Комунистичката партија на поранешната Чехословачка, почина во 97 година од животот.

Тој станал лидер на комунистите во 1987 година и беше нивен водач во времето на кадифената револуција во 1989 година, кога беше ставен крај на 40-ет годишното комунистичко владеење во некогашна чехословачка, пренесе АП.

Во 1994 година Чехословачка по мирен пат се раздели на Чешка и Словачка.

Излезеноста до 13 часот во Велес е 28,76 проценти

Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список, до 13 часот гласале 13 226 гласачи или 28,76 проценти на 84 избирачки места во Општина Велес.

Лили Велковска, претседател на Општинската изборна комисија, изјави дека на сите 84 гласачки места гласањето се одвива мирно и во демократска атмосфера./МИА

До 13 часот во Битола гласале 32,4 отсто од гласачите

Во Демир Хисар 31,8 а во Ресен 23,5 отсто 

Општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар и Ресен информираат дека изборниот процес во нивните подрачја се одвива без проблеми и демократски.

До 13 часот во Битола гласале во Битола гласале 32,4 во Демир Хисар 31,8, а во Ресен 23,5 отсто од гласачите./МИА

притисни ентер