Кој ќе го замени Кренар Лога во ДИК?

Партиите од албанскиот опозициски блок бараат Собранието што поскоро да избере нов член на ДИК, кој според закон треба да биде од нивните редови.

А за испразнетото место во Комисијата го предлагаат Абдуш Демири и предлогот, како што иннформираат е веќе доставен до собранискиот спикер Џафери. Доколку неговиот избор не се најде на дневен ред пред пратениците и албанската опозиција остане без свој прставник во ДИК.. обвинуваат дека власта подготвува нефер избори и дека за тоа ќе алармираат до сите амбасадии и до меѓународните институции, вклучувајќи ги и САД и ЕУ.

„Првите индиции за манипулациј на изборите веќе се дадени од министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој како претседавач со ОБСЕ се обиде да влијае на намалување на бројот на набљудувачи на оваа многу важна меѓународна институција која ги надгледува и оценува изборните процеси“, обвинија од албанската опозиција -Адријан Демири, Демократско движење

Албанскиот опозициски блок остана без претставник во ДИК откако Алијанса за Албанците влезе во Владата, по што дотогашниот член Кренар Логаподнесе оставка во ДИК и стана министер за правда. И покрај најавите на Алијаса дека е можно повторно да се врати во опозиција од Европскиорт сојуз за промена велат дека нивниот предлог за нов член на ДИК останува без да појаснат дали во таков случај за нив е прифатливо местото во Изборната комсиија да го заддржи кадар од Алијанса.

Од Комисијата за избори и именувања која треба да ги разгледа и утврди кандидадатурите и да ги достави до Собранието најавуваат дека тоа го сторат во наредните денови. По што изборот за нов член на ДИК треба да се најде на пленарна седница, каде што ќе терба да биде избран со двотретинско мнозинство.

Четворица рудари загинаа во рудник во Полска

Четири лица загинале во рудникот Собиески во Јаворжно, јужна Полска, објави денеска портпаролката на државната агенција за рударство WUG.

Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми. Повредени се уште две лица.

„Додека цевката се полнела со вода, таа неконтролирано пукнала, при што три лица загинале на лице место“, изјави за новинската агенција ПАП, Пјотр Стрзода од WUG. Четвртото лице починало во 17:10 часот, додаде тој. Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон.

Вучиќ се судри со неговиот двојник: Ти рече ништо да не потпишуваш (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, речиси секој ден објавува видеа на социјалната мрежа TikTok.

Вучиќ, речиси секој ден објавува видеа на социјалната мрежа TikTok, а едно од најгледаните е она во кое преку видео повик разговара со својот doppelgänger, односно со човек кој се претставува на истата мрежа под прекарот „дневна доза на претседателот“.

Нивното прво видео има повеќе од 1,4 милиони прегледи, а решија да снимат уште едно, но овој пат во живо, објави српски Курир.

Видеото започнува така што двојникот на Вучиќ стои на говорница и им се обраќа на публиката и на медиумите со: „Добро попладне, дами и господа“, а потоа кадарот се менува во претседателот кој го прашува: „Извинете, а вие сте?“.

Тогаш неговиот двојник се претставува како претседател на Србија и вели дека има многу важна најава.

Во следниот момент двајцата играат шах, а Вучиќ го проверува.

Додека седи на масата и ги гледа хартиите, Вучиќ му приоѓа и му вели: „Што правиш овде? Тој рече ништо да не потпишуваш“.

@jasamaleksandar Lepo sam rekao da ništa ne potpisuješ. @dnevna.doza.predsednika #jasamaleksandar #srbija🇷🇸 #srbijanesmedastane #dnevnadozapredsednika #follow ♬ original sound - Ja sam Aleksandar

Инаку, човекот што го имитира претседателот се вика Далибор Голубовиќ.

Костовски: Да, како член на СДСМ го осудувам она што се случи во Сопот

Да створиш држава е привилегија на народи која што ја немаат сите во светот.

Да створиш држава е привилегија на народи која што ја немаат сите во светот, ние имаме држава и привилегија е да ја чуваме и негуваме, има дваесет милиони Курди, а немаат држава, ние со два милиони имаме држава. Треба да се почитуваме меѓу себе, да имаме социјалдемократски постулати на рамноправност, еднаквост и солидарност едни спрема други. Со ДУИ имаме коректна соработка, исти стратешки цели за кои се бориме,а тоа е отпочнување на преговорите со ЕУ, откако ја остваривме стратешката цел влез во НАТО и еден граѓански концепт на држава. Ако некој прави етнички тензии во поглед на прикривање на криминали тоа се добро познатите „дечки“ од ВМРО-ДПМНЕ. Дали прикривате нешто вие и вашиот коалиционен оартнер кога нема вода во Тетово. Дали кога вашиот потенцијален партнер вее знамиња на Голема Албанија дали прикривате нешто, бидејќи тоа е зовривање етнички тензии. Да, како член на СДСМ го осудувам она што се случи во Сопот, тоа се ретроградни процеси од пред 145 години, рече Мартин Костовски во вечерашната Само Вистина.

притисни ентер