Кога гостите ни плачат во студио сите сме под стрес. - Канал 5

На конференцијата во Рим ветени 10 милијарди долари за обновата на Украина

Учесниците на конференцијата за економско закрепнување на Украина во Рим ветија повеќе од 10 милијарди евра помош, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

На конференцијата во Рим ветени 10 милијарди долари за обновата на Украина

Конференцијата, на која присуствуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, се одржува во сенка на интензивните руски напади со беспилотни летала и ракети врз Киев.

Зборувајќи на отворањето на конференцијата, Зеленски ги опиша нападите како „чист тероризам“.

Русија треба да се соочи со построги санкции за да се зголеми притисокот врз неа да ја запре војната во Украина, рече Мелони.

-Патот за нас е јасен: да продолжиме да ја поддржуваме Украина, а од друга страна да го одржиме или дури и да го зголемиме притисокот врз Русија, пред сè преку санкции, рече Мелони, обраќајќи се пред новинарите заедно со Зеленски по отворањето на конференцијата во Рим.

Мелони и германскиот канцелар Фридрих Мерц се потсетија на закрепнувањето на нивните земји по Втората светска војна како пример за тоа што може да постигне Украина.

-Мислам дека треба да бидеме горди на резултатите што ги постигнавме денеска тука - нациите, меѓународните организации, финансиските институции, локалните самоуправи, деловниот сектор и граѓанското општество, рече Мелони во својот говор на отворањето на конференцијата.

„На денешната конференција, заедно ветивме повеќе од 10 милијарди евра“, додаде таа.

Конференцијата во Италија е четврта ваква конференција откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Европската комисија издвои 2,3 милијарди евра за обнова на Украина.

„Со 2,3 милијарди евра потпишани обврски, имаме намера да деблокираме до 10 милијарди евра инвестиции во реновирање на домовите, повторно отворање на болниците, оживување на бизнисите и енергетско осигурување“, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

„Буквално земаме удел во иднината на Украина“, додаде таа.

Лавров и Рубио разговараа за Украина и американско-руските односи

- Одржана е суштинска и искрена размена на мислења за решавање на прашањето за Украина, ситуацијата околу Иран и Сирија, како и низа други меѓународни проблеми, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Лавров и Рубио разговараа за Украина и американско-руските односи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска разговараа во Куала Лумпур за Украина и нормализацијата на функционирањето на дипломатските мисии, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

- Одржана е суштинска и искрена размена на мислења за решавање на прашањето за Украина, ситуацијата околу Иран и Сирија, како и низа други меѓународни проблеми, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

За време на состанокот на маргините на Регионалниот форум на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), Лавров и Рубио исто така ја истакнаа важноста од продолжување на работата за нормализирање на функционирањето на билатералните дипломатски мисии.

- Нагласена е важноста од понатамошна работа за нормализирање на функционирањето на билатералните дипломатски мисии. Конструктивниот и меѓусебно почитуван дијалог меѓу надворешнополитичките ресори на Русија и Соединетите Држави за сè поголем број прашања од заеднички интерес ќе продолжи, се наведува на веб-страницата на министерството.

Се додава дека дипломатите исто така ја потврдиле заедничката посветеност за изнаоѓање мирни решенија за конфликтите и обновување на соработката, вклучително и во економската сфера.

Истовремено, Рубио изјави дека имал „важен и искрен“ разговор со Лавров, на кого му го пренел незадоволството на претседателот на САД, Доналд Трамп, што Русија не покажала повеќе „флексибилност“ по прашањето за Украина.

- Потребно ни е да видиме план за понатамошно постапување за тоа како овој конфликт може да заврши, рече Рубио.

Жените се почесто бираат меѓу кариерата и мајчинството

Неретко се случува жената да бира помеѓу тоа да се оствари како мајка или да ги оствари своите професионални желби.

Жените се почесто бираат меѓу кариерата и мајчинството

Неретко се случува жената да бира помеѓу тоа да се оствари како мајка или да ги оствари своите професионални желби па покрај законските можности од владата за подобрување на демографската состојба, потребно е тоа да го сторат и работодавците и да бидат отворени и флексибилни за потребите на семејствата – вели Афрофита Шаља, шеф на канцеларијата на УНФПА во Македонија. Анкетите од таму покажуваат дека младите парови сакаат да имаат деца, но како пречка ги гледаат најчесто економските, но и глобалните и климатските состојби.

- Покрај обврските работни на жените, на девојчињата, на мажите на работното место, да се стават и нивните лични потреби кои и те како влијаат на нивната продуктивност. Да не бидат жените казнети ако останат бремени, па да можат да ја изгубат работата или да не можат да се вратат и со тоа да ги изгубат можностите за развој на нивната кариера,- Афродита Шаља – Шеф на канцеларија на УНФПА во Македонија.

За демографските прашања и предизвици Македонија нема повеќе време за чекање – дециден е заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. Тој вели дека Владата активно работи на изготвување стратегија за подобрување на демографската состојба со конкретни активности и мерки, меѓу кои оперативниот план за вработување и намалување на листите на чекање во градинките, со оглед на тоа што за над 4500 деца во земјава нема место низ градинките. Сепак додава тој, потребно е вклучување на сите релеватни чинители за стратегијата да не остане само на хартија.

-Сето тоа можеме да го направиме доколку имаат стабилни работни места, добри плати, сигурност во системот каде што живеат од судство и обвинителство, па се до тоа да дечињата на крајот од денот да имаат детски градинки, да нема дилема кој денеска детенцето ќе го чува и каде ќе биде во текот на денот додека они работат бидејки знаеме дека секој еден од нас работи и мажот и жената во семејството,- Ѓоко Велковски – заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Македонија е меѓу шесте земји со најголем пад на населението – покажуваат податоците на Евростат од 2022 година во која споредбено со 2012 земјата изгубила 227 илјади жители . Премиерот Мицкоски пак посочи дека само во изминатите четири години, Македонија изгубила 33 илјади жители.

YouTube video

притисни ентер