Кое е новото име на Македонија – прашање на турскиот „Милионер“

Новото име на Македонија, договорено во Преспа, се најде како прашање на популарниот квиз „Кој сака да биде милионер, кој се емитува и во Турција“. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Македонија не добила рок за вакцините од Европската Комисија

Вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Брисел денеска се сретнаа со еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, но не добиле конкретен рок кога Македонија може да очекува вакцини од ЕУ.

Изворите на МИА во Европската Комисија (ЕК) порачуваат дека институцијата не е во можност во овој момент да даде рок и ветување за достава на вакцини поради тоа што и самите земји членки на ЕУ се соочуваат со недостаток на дози за своето население.

Од ЕК го отфрлаат обвинувањата дека земји членки на ЕУ располагаат со повеќе дози отколку што им е потребно и тврдат дека нивните служби ги проверуваат овие наводи и тие "не се точни".

-Очигледно е дека главниот проблем се наоѓа кај фармацевтските компании, или премногу ветија, или има некаков друг проблем, но работиме на тоа да откриеме што се случува, велат од Европската Комисија за МИА.

Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, попладнево соопшти дека испратила писмо до фармацевтската компанија АстраЗенека која најави дека ветените дози ќе доцнат и побарала конкретни одговори за тоа зошто се одлагаат ветените вакцини, ко-финансирани од ЕУ.

-Во иднина сакаме целосна транспарентност од компаниите кои произведуваат вакцини, рече комесарката, додавајќи дека од нив ќе се бара од сега точно да кажат на кои трети земји и колку дози се доставени, а ќе бидат преземени "потребни чекори" од страна на ЕУ.

За Северна Македонија и за регионот ова значи дека "во наредните недели" нема да добие вакцини ниту од Ковакс, ниту од новиот "Механизам за споделување" на ЕУ, најавен минатата недела.

Доколку Скопје сака да добие вакцини пред тие да бидат достапни преку хуманитарни механизми, има неколку опции: едната е директно да ги нарача од производителите, да ги откупи од други земји кои имаат вакцини, да чека донации, или да ги набави вакцините од Русија или Кина.

-Одлуката останува на владата во Македонија, но треба да се има на ум дека ниедна од овие две вакцини не се одобрени во ЕУ, тоа е одговорност на властите кон сопствените граѓани, Европската Унија не се меша во оваа одлука, велат од Европската комисија за МИА.

Европската Унија, која е најголем финансиер во механизмот Ковакс, минатата недела одлучи да креира свој Механизам за споделување на вакцини со посиромашните трети земји. Овој Механизам треба да го покрие периодот на чекање додека Ковакс не стане функционален, што нема да се случи пред пролетта, според најавите.

Меѓутоа ниту овој нов Механизам на ЕУ не може да почне да работи и да достави дози до третите земји вон ЕУ, бидејќи недостасуваат вакцини и за земјите на Унијата.

Извор за МИА додава дека сепак во ЕК се оптимисти затоа што повеќето земји членки на ЕУ наскоро ќе почнат со втората доза вакцинација на нивното население, што би можело наскоро да значи и деблокирање на ситуацијата за Западен Балкан и останатите земји членки.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, од своја страна, исто така се обидува да добие доволно дози од земјите членки на ЕУ за соседството што е можно поскоро. Овие дози би биле приоритетно резервирани за медицинскиот персонал и најранливите групи.

Вархеји ова денеска им го порачал и на министрите за надворешни работи на ЕУ кои се состанаа во Брисел и бил "многу конкретен", велат извори присутни на состанокот, за тоа што е потребно во знак на солидарност кон третите земји.

Доколку еврокомесарот успее да добие зелено светло за неговата иницијатива се очекува земјите од Западниот Балкан први да добијат вакцини пред останатите соседи на Унијата.

Од Комисијата исто така велат дека на земјите во регионот им помагаат и за сите други процедури како авторизации и национални стратегии.

Претседателката на Европската комисија минатата недела предупреди дека споделувањето вакцини со земјите со низок и среден приход е потребно и од себични интереси затоа што колку подолго циркулира вирусот во светот, толку поголеми се ризиците од опасни и вирулентни мутации./МИА

Исчезнат Австралиец три недели преживувал во дивина

Три недели по исчезнувањето во австралиската пустина, пронајден е човекот кој преживувал со печурки и вода од брана.

Полицијата започнала обемна потрага по Роберт Вебер, кој последен пат бил виден со своето куче, како излегува од хотел во Килкиван, Квинсленд, на 6 јануари. Властите ги пребарувале густите грмушки, реките, браните и стрмниот терен во потрага по Вебер во неповолни услови, но една недела подоцна ја запреле спасувачката мисија.

Вебер, 58, бил откриен во вчера наутро - 18 дена откако последен пат бил виден - од сопственик на имот кој го забележал во близина на браната. Вебер изјавил дека се изгубил откако се обидел да го избегне сообраќајот, објави претставништвото на на Си-Ен-Ен, 7News: "Требаше да одам дома таа вечер. Бев на пат кон дома".

Тој вели дека имало многу сообраќај, па решил да оди по друг пат. „Направив грешка во дел од секундата и ја платив со 18 дена“, рече тој.

Полицијата соопштила дека автомобилот на Вебер „заглавил“ на пат што не го познавал и останал три дена во автомобилот со своето куче пред да остане без вода.

„Одел пеш, се изгубил и останал на браната каде преживеал спиејќи на земја, пиејќи вода од браната и јадејќи печурки“, се вели во соопштението на полицијата во Квинсленд.

"Немав засолниште. Се онесвестив. Моето тело не можеше да се справи со тоа", рече Вебер.

Властите додаваат дека Вебер бил пренесен во болница, но инаку е „безбеден и здрав“, иако неговото куче не е пронајдено, објави 7News.

Стипендии за студии и истражувања во Словенија во академската 2021/2022 година

Словенечкото Министерство за образование, наука и спорт доделува стипендии за студенти, дипломирани лица и докторанди од Македонија на високообразовните институции во Словенија за академската 2021/2022 година.

Дваесет и четири месечни стипендии се за студиско усовршување на високообразовните институции во таа земја, со поединечно времетраење од три до шест месеци, за кандидати до 26-годишна возраст.

Три стипендии се едносеместрални, секоја по четири месеци, за студенти по словенечки јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, и две стипендии се за посета на двонеделниот летен курс по словенечки јазик и се наменети, исто така, за студенти по словенечки јазик на УКИМ.

Повеќе информации во врска со условите, критериумите, потребните документи, начинот на аплицирање и роковите, може да се најдат на интернет-страницата https://studyinslovenia.si/news/bilateral-scholarships-2021-22/, а апликацијата е достапна во електронска форма на: https://studyinslovenia.si/study/exchange-programmes/

До 1 март 2021 е рокот за доставување на апликациите до Министерството за образование и наука (ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје) кое во известувањето на својата веб-страница наведува и контакти за дополнителни информации.

притисни ентер